Eве нешто околу методите:
"""
Метод на "шмукање" со вакуум. Најдолниот дел од грлото на матката се растегнува, потоа со вакуумска пумпа се ишмукува "меурот" и најгорниот пласт на лигавицата на матката. За повеќето жени тоа е непријатно, но болките се подносливи. Појавата на лесно крварење и стомачни болки се слични на тие за време на циклусот. Но, лекарот е должен да ви укаже на можните последици кои стануваат поверојатни со растењето на бројот на извршени абортуси. Тоа се: зголемен ризик од спонтан абортус, вонматерична бременост и предвремени раѓања врз основа на ширењето на отворот на матката, како и оштетување на плацентата.
Киретажа. Откако ќе се растегне грлото на матката, преку мочниот отвор се става т.н. кирета (личи на лажица), со која се отстрануваат плацентата и лигавицата (киретирани). Недостатоци во споредба со вакуумската постапка се: киретажата трае подолго, грлото на матката се раширува повеќе, се губи повеќе крв и опасноста од повреда и инфекции е поголема.
Медикаментен абортус. После 12-та седмица на бременоста се ставаат супстанции кои го шират грлото на матката и предизвикуваат контракции). Така се предизвикува еден вид спонтан абортус. По неколку часа отворот на матката се шири, почнува крварење и најпосле се исфрла плодниот меур со ембрионот. Целата процедура може да трае до 24 часа. Во повеќето случаи се препорачува дополнително процедура со вакуум или киретажа, затоа што не е потполно исфрлена масата.
Успешен зафат, болна психа?
Проучувања на жени кои имале абортус покажуваат:
- Кога жените психички се подготвуваат за абортус и можеле да зборуваат за своите чувства, кога добиле поддршка од партнерот, тогаш се намалува веројатноста од депресии после абортусот.
- Ако после абортусот се појават силни колебања во расположението, тоа може да се должи и на брзиот прелом во хормоналниот баланс.
- Кај многу жени преовладува чувството на олеснување."""
E сега, сакам да искоментирам нешто за ова:
ThA-BiTcH напиша:
Jas bev pottiknata za temava od edno devojce od drugiot klas (2ra godina) sto ostana trudna ovoj mesec so tip 38 godisen vo brak sto e i ima 2 deca.
Немаме право да осудуваме никого, ова навистина не личи на ништо! Тоа девојче има родители? Има некој кој во тие години може да и даде некој добар совет? Има некој со кој може да разговара? Па со кој памет (ма каков памет) се плеткала со 38 годишен маж, плус оженет и со деца! Па и тој па! Со кој памет (ма каков памет) се осудил да чепне толку мало дете кое може да му е ќерка? Боже, што се нема да слушнеш дека се случува!
ThA-BiTcH напиша:
Koga prasavme sto bilo so zastitata pred seksot i dali voopsto cula za kondom ona rece "da sum cula, ali ne kupuvav".Znaci svesna bila deka moze da ostane trudna.I sega sto sleduva?Abortus ?Samo zatoa sto na nea i bilo kejf i poubavo bez kondom, se izlozuva na "kasapenje" na 16 godini i so toa avtomatski ja namaluva sansata eden den da stane majka.
Aко таа не купувала кондоми, тој е барем возрасен (би сакала да го наречам поинаку), но изгледа нема памет ни за 16-годишно дете! Можам да сфатам се, можам да оправдам се, но ова е крајно безобразно и треба да биде казнет!
Туку, да не коментирам веќе за ова, се изнервирав.
Доколку дојде до непланирана бременост, сепак мислам дека е добро да се разговара и со оној кој е подеднакво "виновен" - мажот. Не може да е засегната од тоа само жената и не би било фер да си земе чекор на своја рака без претходно да го чуе мислењето на партнерот. Доколку тој не е спремен да ниша бебе, жената има избор: или ќе абортира или ќе го гледа сама.