Албански емигранти во Грција, на кратко, развеаја знаме на „ОАЧ“
31.01.2003 Знаме со двоглав орел на Република Албанија, на кое пишувало „Ослободителна Армија на Чамерија“ вчера се веело пред црква на грчкиот остров Сирос, пишува денеска весникот „Сот“ од Тирана.
Истиот извор, под наслов „ОАЧ го крена знамето во Грција“, наведува дека знамето се веело 24 часа, по што било отстрането со интервенција на грчката полиција.
По интервенцијата, полицијата привела на разговор околу 100 албански емигранти, кои работат на островот Сирос, а тројца од нив се уште се во притвор.
Настанот го пренесуваат и другите албански гласила со констатација дека инцидентот предизвикал вознемиреност кај грчката јавност.