Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.082
Поени од реакции
80.998
Понизок настап кон интелектуалците немам видено.
Анимозитетот кон интелектуалците е неизбежна карактеристика на секој диктатор (Мао со "Културната Револуција", Сталин со гулазите, Хитлер....). Што е нормално, од интелектуалците, секогаш, е составена авангардата на општеството, која носи промени (често со револуционерен карактер). а 1968, на пример, ни покажа дека е така. Секогаш носители на таа искра (кројачи) се интелектуалците, а спроведувачи, односно материјал за револуција, другите слоеви (работници и земјоделци да речеме).

Затоа и најголемата штета која ќе ја истрпи ова ионака сакато општество, по промениве во високото образование, е всушност обидот за контрола на таа општествена авангарда, зародишот на интелектуалниот слој во секое општество, а тоа се студентите.
Тука, ценам, е најголемата опасност - во обидот да се има државна контрола над студентите (преку државна контрола над универзитетите).

Во нормалните земји, автономијата на универзитетите е светиња. Во Грција, на пример, еве во Солун, полиција не смее без специјални одобренија ниту да влегува во кругот на универзитетот.

"Што треба сега да направат универзитетските професори? Најголемиот број од нив, особено од кохортата на возраст над 50 години, или треба да замолчат или да продолжат „мудро“ да молчат. Доволно се паметни да ја разберат суштината на оваа препорака.
Мислам дека е најдобро да се преселат сите професори и интелектуалци, со камиони, на село. Малку да завратат ракави и да поработат некоја година.

Проверено (y)
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Мислам дека е најдобро да се преселат сите професори и интелектуалци, со камиони, на село. Малку да завратат ракави и да поработат некоја година.

Проверено (y)
Богами Најчевска плаче за оризови полиња. Ја сум поише за ова http://en.wikipedia.org/wiki/Khmer_Rouge
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Кој каков човек е, и од што е, не дискутирам. Секој си има глава да мисли со неа, од студент до ректор.

Ако е така, зошто не се објават одговорите на факултетите? Со најважните точки против. Зошто само слушаме нејќеме државен оти е противуставен и уништува автономија и нема да го подобри квалитетот? Другата страна вели уставен е, законски е, и ќе го подобри квалитетот. Реално, ни едните, ниту пак другите го знаат вистинскиот одговор или објективниот отисок врз интелектуалната способност на студентите.

Пак ќе ти повторам и на тебе, професорите, институциите и студентите секогаш се борат да бидат во чекор со извршната власт и налудничавите предлози. И секогаш ќе доцнат. Секој ден ќе има нешто ново, затоа што да повторам, извршната власт е многу добро подготвена и организирана. Кога другата страна ќе биде спремна на истиот начин, тогаш ќе има поволна позиција за преговори и дискусија.

Додека се обидуваат да бидат во чекор со што ново ќе измисли извршната власт, самоволно си ја ведат главата и признаваат кој е шериф во целата приказна.
 
C

cige

Гостин
Грујо кој си ти бе? Што бараш тука? Те викна некој? Десничар затувавен. Ние сме демократи!

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Студенти, некој чита тука. А да земам јас да склепам една реформа за предлог законот, вака издржана со најдобрите практики? Имам чувство оти добри 70% проценти ќе бидат прифатени од извршната власт. :D:D:D

http://vest.mk/?ItemID=48B6A271F49A3C4CBC7453231E0AAE9B

"Владата упатува уште еден повик и замолница до сите субјекти кои имаат интерес и конкретни и аргументирани идеи и предлози за понатамошно унапредување на реформата, до сите универзитети, до целата професорска фела и до сите студенти, вклучувајќи ги и оние професори и студенти кои побараа и прифатија учество во дебата, а потоа решија да не присуствуваат на истата, да ги испратат своите предлози во писмена верзија за да може да бидат соодветно, детаљно и сеопфатно разгледани и да се увиди можноста за нивно вградување во законските решенија",
 
Stojna7

професорка пред хотел
Член од
2 декември 2013
Мислења
69
Поени од реакции
89
Студенти, некој чита тука. А да земам јас да склепам една реформа за предлог законот, вака издржана со најдобрите практики? Имам чувство оти добри 70% проценти ќе бидат прифатени од извршната власт. :D:D:D

http://vest.mk/?ItemID=48B6A271F49A3C4CBC7453231E0AAE9B
пиши во уводот дали и кој хотел ти е по ќеиф, да не измрзнеш надвор на ладново.
 
Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
"Владата упатува уште еден повик и замолница до сите субјекти кои имаат интерес и конкретни и аргументирани идеи и предлози за понатамошно унапредување на реформата, до сите универзитети, до целата професорска фела и до сите студенти, вклучувајќи ги и оние професори и студенти кои побараа и прифатија учество во дебата, а потоа решија да не присуствуваат на истата, да ги испратат своите предлози во писмена верзија за да може да бидат соодветно, детаљно и сеопфатно разгледани и да се увиди можноста за нивно вградување во законските решенија",
http://vest.mk/?ItemID=48B6A271F49A3C4CBC7453231E0AAE9B
и студенти?! Студентите кога бараа дебата пред да се воведе они соросоиди ги направија, уствари не соросоиди бидејќи многу испаднаа туку заведени - излажани од неколку соросоиди и баш се сеќавам тогаш даваа на вестите за ебола у африка без да ги засегаат сопствените студенти, а сега распукуваат со информации кој зад што стоел, реклами за подобро образование , студенти како студирале у словачка и полагале со задоволство држ. испит и ред други причи, е сега касно е и нема за што да се дебатира на донесен закон.Колегите на Хорхе сметаат дека нема да го одобри:shok2: :facepalm:.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Имаше доволен број на факултети во Македонија и пред дисперзираните студии. Имаше неколку универзитетски центри. Со дисперзираните студии драстично се урниса и онака не многу високиот квалитет на високото образование. Секој полуписмен стана професор, секој безработник студент. Е сега, кога ќе му удрат екстерно тестирање, веднаш ќе се среди тоа.

По мое мислење, Македонија треба да има 4-5 Универзитетски градови, кои би ја покриле целата потреба за високо образоавние во Македонија. Скопје како веќе етаблиран град, Тетово заради потребите на Албанците, еден поголем град во источна Македонија, Битола која веќе одамна е универзитетски град, и Охрид. Охрид е измислен да биди универзитетски град, со традиција (митска или не, неважно) на најстар Универзитет. Некој наш пандан на Падова, Болоња или Оксфорд. (yeah, only in my dreams)
И уште би требало другите 4 градови што ги набројав да на бидат ваша последња шанса во однос на Скопје, односно квалитетот на образованието да биде ист во сите универзитетски градови.

Понекогаш смеа ме фаќа од она што го пишувам. Ние како народ не успеавме да ги преведеме на македонски јазик некои од најзначајните дела на светската наука и книжевност, сакаме да имаме високо образование. На мојата катедра кога студирав, немаше повеќе од 10 преводи на македонски јазик. :)
Едноставно, можеше еден или два универзитети да го понесат целиот товар.
На пример, неколку факултети - оние за ликовна уметност, за драмска уметност, за туризам, „теолозите“ сосе МПЦ-ОА и одредени катедри и институти - единствено во Охрид. Земјоделскиот факултет во Струмица, Правниот само во Битола, во Тетово и Гостивар факултети за Албанците итн. Кој сака право, можност да учи ќе има во Битола, кој е по земјоделието ене му ја Струмица. Од тоа и градовите би имале некој финансиски ќар, Скопје би се растоварило, би се избегнале непотребните дуплирања/триплирања на одредени факултети...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Размислувам зошто властодршциве запнале студентите да ги полагаат уште еднаш испитите на некаков државен испит.
Еве кое е моето размислување.
Ова ќе ги развлече студиите, Студиите ќе траат подолго, затоа што студентите треба да полгаат уште еднаш
А со тоа, властодршците, го „ решаваат “ проблемот на невработеност,
Наместо да дипломираат на 23 сега ќе дипломираат на 25, што значи подоцна ќе почнат да бараат работа.
Ако не се согласувате со моето мислење, кажете го Вашето мислење, зошто властодршциве инсистираат на овој државен испит?
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238

Целта е да се "реши" проблемот со купените дипломи. Правиш испит што е толку банален и лесен да и нај простиот албанец може да го положи, пошто нали, прашањата се дадени, и со тоа му ја легитимираш купената диплома. И Оп, проблемот со купени дипломи во образованието е решееен.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Се стишаа студентите, мој став е дека веќе се помирија со судбината.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Не е доцна. Сите предложени промени кои ќе бидат доставени до Владата, ќе бидат разгледани и обработени како амандмани и поделени помеѓу пратениците на собраниска седница. Потоа како што ќе се дискутира, така ќе се предлагаат новите амандмани од различни пратеници, и околу 60% од предложените амандмани ќе бидат прифатени. :)
 
Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Целта е да се "реши" проблемот со купените дипломи. Правиш испит што е толку банален и лесен да и нај простиот албанец може да го положи, пошто нали, прашањата се дадени, и со тоа му ја легитимираш купената диплома. И Оп, проблемот со купени дипломи во образованието е решееен.
тоа е споредна работа постојат 1000 начини да се реши тоа, ќе се реши проблемот со купените дипломи? што е со тие што веќе ги купија и тие што ги продаваа до сега? И што сега ќе престанат да продаваат? бидејќи се јавил испит со готови прашања. Кад тад секој со полагање полагање ќе го погоди и ќе положи само ќе изгуби на пари,време а башка стресови. Како што кажа @Смрт за зони и пајак воз. ќе купат на време со тоа што ќе студираат уште некоја година за да се стекнат со диплома и со тоа ќе се водат сеуште како студенти а не како невработени + пари за додатни полагања за тие што паднале 2+ пати. win-win ситуација.

Не е доцна. Сите предложени промени кои ќе бидат доставени до Владата, ќе бидат разгледани и обработени како амандмани и поделени помеѓу пратениците на собраниска седница. Потоа како што ќе се дискутира, така ќе се предлагаат новите амандмани од различни пратеници, и околу 60% од предложените амандмани ќе бидат прифатени. :)
Ха ! ако сакаш да се лажеме така е, пратеници влада млада непостои такво нешто како законодавна извршна ваква таква власт.Веќе се е споено за жал :lut:
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Не се стишени. Се одржуваат интерни пленуми, се работи на следните чекори.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
тоа е споредна работа постојат 1000 начини да се реши тоа, ќе се реши проблемот со купените дипломи? што е со тие што веќе ги купија и тие што ги продаваа до сега? И што сега ќе престанат да продаваат? бидејќи се јавил испит со готови прашања. Кад тад секој со полагање полагање ќе го погоди и ќе положи само ќе изгуби на пари,време а башка стресови. Како што кажа @Смрт за зони и пајак воз. ќе купат на време со тоа што ќе студираат уште некоја година за да се стекнат со диплома и со тоа ќе се водат сеуште како студенти а не како невработени + пари за додатни полагања за тие што паднале 2+ пати. win-win ситуација.

Ха ! ако сакаш да се лажеме така е, пратеници влада млада непостои такво нешто како законодавна извршна ваква таква власт.Веќе се е споено за жал :lut:
Не ја сфаќаш поентата. ПР-от.
Купувањето дипломи и полагање испити за пеес јурки ќе си продолжи како и увек, само сеа никој "ќе нема право" да збори за ова, затоа што, човекот си положил државен испит, шо значи "има минимум знаење" односно си ја "заслужил" дипломата. Разбираш? Само ја легитимираш купената диплома и го "решаваш", нали, фиктивно проблемот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom