- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.359
- Поени од реакции
- 84.580
Анимозитетот кон интелектуалците е неизбежна карактеристика на секој диктатор (Мао со "Културната Револуција", Сталин со гулазите, Хитлер....). Што е нормално, од интелектуалците, секогаш, е составена авангардата на општеството, која носи промени (често со револуционерен карактер). а 1968, на пример, ни покажа дека е така. Секогаш носители на таа искра (кројачи) се интелектуалците, а спроведувачи, односно материјал за револуција, другите слоеви (работници и земјоделци да речеме).Понизок настап кон интелектуалците немам видено.
Затоа и најголемата штета која ќе ја истрпи ова ионака сакато општество, по промениве во високото образование, е всушност обидот за контрола на таа општествена авангарда, зародишот на интелектуалниот слој во секое општество, а тоа се студентите.
Тука, ценам, е најголемата опасност - во обидот да се има државна контрола над студентите (преку државна контрола над универзитетите).
Во нормалните земји, автономијата на универзитетите е светиња. Во Грција, на пример, еве во Солун, полиција не смее без специјални одобренија ниту да влегува во кругот на универзитетот.
Мислам дека е најдобро да се преселат сите професори и интелектуалци, со камиони, на село. Малку да завратат ракави и да поработат некоја година."Што треба сега да направат универзитетските професори? Најголемиот број од нив, особено од кохортата на возраст над 50 години, или треба да замолчат или да продолжат „мудро“ да молчат. Доволно се паметни да ја разберат суштината на оваа препорака.
Проверено
Последно уредено: