Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
А

Атомската мравка

Гостин
Немој овие муабети...
Ајде ќе речеш ефтино е 3-4000 месечно со вклучена храна ама уствари и не е така зошто живееш во никакви услови, бонови немаш доволно, храната е лоша.
Не знам ти од каде си, еве ја од Скопје сум ама имам многу зборено со колегиве мои што живеат по студентски и затоа сум со ваков став. Пример еден колега минатото лето доби тровање од мензата во Стив...
Друга работа, цените во малите градови и во Скопје се различни. Може не е некоја астрономска разликата, ама и таа што е е пак доволен финансиски товар.
Друга работа, сите студенти ќе ги сместиш во студентски домови ?
Нема сите да ги сметиш ама барем оние што се финансиски слаби секако добиваат место таму, другите како ќе си се снајдат. Инаку не сум од Скопје ама таму студирам и 80% од колегите седат во студентскиве домови, конкретно во Стив 2 од 3 згради се свежо реновирани и нема до толку лоши услови - плус бараките сега најново што се изградени имаат одлични услови е сега што голем дел од студентите се стока па кршат се и сешто и ја ишкртале цела зграда говори само за нивната култура. Инаку не реков сите дека бираат дисперзирани само заради тоа што е полесно туку повеќето, секако има студенти кои исклучок ама се во ептен мал број и тоа не го мењава фактот дека дисперзираните заедно со приватните факултети се најголема грешка во в. образование кај нас.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.265
Поени од реакции
4.497
Не знаеш какви ученици во средно, со помалку од 40 поени од матура+средно завршија, ако не за 4 за 5 години на тие дисперзираните. Па и со 50 поени да биле од средно, ја гарантирам дека на УКИМ ако положат повеќе од 5 испити, ја име ќе си сменам.

На истиот предмет на УКИМ што го полагав и јас имаше една десетка во цела генерација од 80 студенти, а имаше студенти кои учеле средно во најдобрите гимназии во државата. Повеќе од 90% бевме со над 85 поени од матура+успех.

На дисперзираните не сакам ни да пишувам со кои прашања и колку десетки имаа. Кога самите ми кажуваа што ги прашувал професорот и што оцена да им стави, не ми се веруваше (не е нешто безобразно или барање пари, всушност трагикомично е). И ќе му ставaт 3-4 десетки и ќе ти се качи на глава, ееее ние на дисперзирани имаме завршен испит, вие на УКИМ немате. :D

Стипендии земаа, а не знаеа да ја пополнат апликацијата :D
Лектири од мене препишуваа, абе најобични математички операции по 5 пати ќе им ги објасниш и ќе им дадеш друг пример не сфаќаат. На курсеви одеа по англиски со месеци, а двојки имаа и уште кога му префрлувам филм на усб и превод на македонски ми бара да сум му симнел. И завршивме истовремено, ја имав малку поголем просек од нив.

Во таква средина колку сакаш биди талентиран, немаш некоја мотивација, барем за мене си кажувам. Кога знаеш дека сите ќе пројдат вака или онака, знаеш дека си многу поквалитетен од тие, а на крај ќе го имаш истото звање.

Нормално има по некој исклучок секаде, ама генерално оваа е реалноста.

За средствата, со 100 евра поминувавме месец (50 евра за студентски+50 за цел месец), некогаш и помалку. Ја знам дека многу и тие ги немаат, ама тоа е.
 
Член од
2 март 2014
Мислења
11
Поени од реакции
0
zdravo sakav da prasam jas vo 2014 godina zavrsiv sredno a pauzirav ne se zapisav na fakultet i mene ke me fati noviot zakon drzaven ispit ? a nema da fati bodejki zavrsiv vo 2014 god
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.657
Поени од реакции
14.519
50 eвра месечно за самец во Скопје е рамно на лудило, и сега, а и во 2006-та кога учев јас таму. Треба да живееш како скот, без разлика што се живее во студенски со бонови за исхрана.

Да не се лажеме, со 100 евра во Скопје за 1 месец можеш само да се сликаш. Не дека некои луѓе не живеат и така, но тоа не е уопште живот.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Груевски му држеше лекции на ректорот Стојковски како на мало дете
http://a1on.mk/wordpress/archives/432746


:busi:
Ќе им држи лекции затоа што не се спремни. Затоа што ги фати на незнаење и продавање демагогии. Значи одреден дел професори, декани, ректорите знаат за овие промени од Октомври. Затоа што, лидерот најверјатно ги има пред него официјалните писма со архивски броеви, кои дописи се испратени каде.

Зошто не се спремни професорите, навратете се на мојот пост за малата физибилити студија. Е да си напишеа домашното професорите и студентите, немаше да дозволат така да им држат лекции. Зошто? Затоа што ректорот и сите други околу него имаа шанса на телевизија да му плеснат, дека во Германија ДИПЛОМ системот се исфрла, а токму тоа тие сакаат да го воведат. Затоа што во Германија до денес 86% од наставните програми го следат точно Болоњскиот процес според федералното министерство за образование и наука. http://www.bmbf.de/en/7222.php

А тоа е само еден пример од многуте со кои можеа комотно да го растурат на секое можно поле. Само да си напишеа домашното и да погледнеа што прават другите. :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.729
Поени од реакции
12.162
Понизок настап кон интелектуалците немам видено. Добро е барем за да не личи на муабето со пиво пред колонијалот, што деканите и проректорот го задржаа нивото на дискусија. Посебно проректорот.
Но ова не е првпат да се пласираат (со големи средства, време и енергија) вакви информации по медиуми за било какви промени.

Прво да се прочитаат предвидувањата во 2009 дека К Паланка ќе станела еден од центрите за информатика
„За неколку години Крива Паланка ќе стане еден од центрите за информатика во државата, кој ќе привлекува и студенти од соседните градови од Бугарија и Србија. Кадарот пак, ќе биде многу значаен за општината и државата...

понатаму, изјавата од ноември 2014 за успехот
Дисперзираните студии дадоа добри резултати и се одлична можност за младите

и сево ова да се спореди со податоците за резултатите од дисперзираните во 2010
Паѓаат дисперзираните студии
Ниту еден бруцош не се запишал на градежништво во Крива Паланка, на геологија во Прилеп, на рударство во Скопје, на француски јазик во Дебар. Никој не се заинтересирал да студира ниту на двете студиски програми на Педагошкиот факултет, кој е дисперзиран во Дебар, а нема нови запишани ниту на студиите по процесно инженерство во Кичево

според кои патем во К Паланка имало цели двајца бруцоши.
Писмото од Д-р Панде Шахов, професор во Лондон каде пишува дека ваков вид државни испити нема во Англија и наведува како тоа се прави таму или во слични.

против вакви закони за образование односно за одложување и промена е и пратеникот Трајанов
Демократскиот сојуз преку пратеникот Павле Трајанов подготви и достави амандмани за Предлог – законот за високо образование. Партијата се залага за темелни реформи во образованието врз основа на сеопфатна анализа, компаративни искуства и сериозна, аргументирана, јавна и стручна дебата.

Информација, ако веќе се споредуваат вакви држави со Македонија, колку се невработени во 2012
Вработување чекаат 16 доктори на науки и 692 магистри

како и споредбата на Словачка наводно како добар пример, а за која никој не наведе колку високо ниво има на корупција во образованието, а за која се правени и студии (корупција, неформално плаќање...) во група со Азербејџан, Таџикистан...башка словачките факултети не ги најдов во оние незнамкакви топ 500. Во ред е можеби ако се преземат искуства од таа или слични држави со кои сме започнале заедно средината на 90тите со системски промени, но ние и зад неа заостануваме во реформите во сите сфери, во сите сектори.


Се најавувало преземање на некојси дански модел. Колку е точно, не знам. Данска е држава
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ме интересира само зошто како критика е стално наведувано тоа дека во секое “село“ има факултет. По логикава ми оди дека само Скопје треба да има факултети, а во периферијата не и тоа е демек гаранција за квалитет? Јас сум за да има и во другите градови факултети, со помали квоти на студенти и построги критериуми. Секој има право на образование доколку навистина го бара истото (зборувам за државно). Има доста талентирани деца чии фамилии немаат финансии да ги праќаат во Скопје да студираат и мислам дека е фатално тие талентирани деца да се лишани од правото да го развијат сопствениот потенцијал во иднина и да успеат во животот, а наспроти нив тие финансиски помоќни да го имаат тоа право. Не ги дискриминирајте тие факултети, тие студенти кои студираат во тие факултети, зошто има доста паметни студенти и таму (и подобри од добар дел од тие што се во Скопје).
Тоа е критика ради критика. Во 99% од случаите истите што се жалат дека Скопје е окупирано од "сељачишта од провинција кои тука доаѓаат да учат и да се женат/омажат" истите се против факултети во помали места.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Ме интересира само зошто како критика е стално наведувано тоа дека во секое “село“ има факултет. По логикава ми оди дека само Скопје треба да има факултети, а во периферијата не и тоа е демек гаранција за квалитет? Јас сум за да има и во другите градови факултети, со помали квоти на студенти и построги критериуми. Секој има право на образование доколку навистина го бара истото (зборувам за државно). Има доста талентирани деца чии фамилии немаат финансии да ги праќаат во Скопје да студираат и мислам дека е фатално тие талентирани деца да се лишани од правото да го развијат сопствениот потенцијал во иднина и да успеат во животот, а наспроти нив тие финансиски помоќни да го имаат тоа право. Не ги дискриминирајте тие факултети, тие студенти кои студираат во тие факултети, зошто има доста паметни студенти и таму (и подобри од добар дел од тие што се во Скопје).
Имаше доволен број на факултети во Македонија и пред дисперзираните студии. Имаше неколку универзитетски центри. Со дисперзираните студии драстично се урниса и онака не многу високиот квалитет на високото образование. Секој полуписмен стана професор, секој безработник студент. Е сега, кога ќе му удрат екстерно тестирање, веднаш ќе се среди тоа.

По мое мислење, Македонија треба да има 4-5 Универзитетски градови, кои би ја покриле целата потреба за високо образоавние во Македонија. Скопје како веќе етаблиран град, Тетово заради потребите на Албанците, еден поголем град во источна Македонија, Битола која веќе одамна е универзитетски град, и Охрид. Охрид е измислен да биди универзитетски град, со традиција (митска или не, неважно) на најстар Универзитет. Некој наш пандан на Падова, Болоња или Оксфорд. (yeah, only in my dreams)
И уште би требало другите 4 градови што ги набројав да на бидат ваша последња шанса во однос на Скопје, односно квалитетот на образованието да биде ист во сите универзитетски градови.

Понекогаш смеа ме фаќа од она што го пишувам. Ние како народ не успеавме да ги преведеме на македонски јазик некои од најзначајните дела на светската наука и книжевност, сакаме да имаме високо образование. На мојата катедра кога студирав, немаше повеќе од 10 преводи на македонски јазик. :)
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Се најавувало преземање на некојси дански модел. Колку е точно, не знам. Данска е држава
Прочитај тука:

За Комисијата за Акредитација во Кралството Данска. На линкот има линк кон документ од кој е исцрпен голем дел од предлог законот и од сегашниот закон за високо образование во Македонија. :)

http://ufm.dk/en/legislation/prevailing-laws-and-regulations/accreditation/accreditation

За квалитетот:

http://ufm.dk/en/education-and-institutions/higher-education/accreditation-and-quality-assurance/accreditation-and-evaluation/copy_of_accreditation-and-evaluation

Најјак дел за кој јас упорно пишувам цело време, дека факултетите и универзитетите треба сами да спроведуваат државен/излезен/завршен/каковидае испит, и самите студенти да се вклучат за да изнајдат заеднички прифатливо решение. Да не чекаат од Извршната власт. :):)

Цитат од Министерството за Високо Образование и Наука на Кралството Данска.

Institutions are required to set up their own internal quality assurance procedures. The Universities Act specifies the role of deans, heads of department and study boards, respectively, in assuring and developing the quality of education and teaching. Self-evaluation, in which students normally participate, is an integral mandatory part of any evaluation.

пс. За сите студенти/пленумци тука. Јас можеби го немам вашиот интелект, ама го направив/го правам истражувањето како е во Европа. :icon_lol::icon_lol::icon_lol:

ппс. И во Данска имало надворешни испитувачи. Може и да изберете различни држави во Европа. Има доволно информации за секоја држава посебно.

https://webgate.ec.europa.eu/fpfis/mwikis/eurydice/index.php/Denmark:Quality_Assurance
 
Последно уредено:
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Ќе им држи лекции затоа што не се спремни. Затоа што ги фати на незнаење и продавање демагогии. Значи одреден дел професори, декани, ректорите знаат за овие промени од Октомври. Затоа што, лидерот најверјатно ги има пред него официјалните писма со архивски броеви, кои дописи се испратени каде.

Зошто не се спремни професорите, навратете се на мојот пост за малата физибилити студија. Е да си напишеа домашното професорите и студентите, немаше да дозволат така да им држат лекции. Зошто? Затоа што ректорот и сите други околу него имаа шанса на телевизија да му плеснат, дека во Германија ДИПЛОМ системот се исфрла, а токму тоа тие сакаат да го воведат. Затоа што во Германија до денес 86% од наставните програми го следат точно Болоњскиот процес според федералното министерство за образование и наука. http://www.bmbf.de/en/7222.php

А тоа е само еден пример од многуте со кои можеа комотно да го растурат на секое можно поле. Само да си напишеа домашното и да погледнеа што прават другите. :)
Поголем дел од работите што ги пишуваш имаат поента, но мислам дека изземаш неколку работи.

Ректорот е човек од власта. Тој е отиден на дебата за да му се држат лекции и да се преправа дека нешто дискутира. Повеќето Декани на факултетите исто така се поставени со амин од власта. И да добиле информации порано не ги имаат проследено понатаму.

Професорскиот пленум го води особа која што е несоодветна. Колку е тоа случајно или намерно би била подолга дискусија, но факт е дека за Ванковска не постои општо позитивно мислење.

Што се однесува до државниот испит, професорите си го имаат напишано домашното. Од сите факултети се бараше мислење за државниот испит и од сите факултети такво мислење беше доставено. И многу од нив се издржани и детални и одат многу подлабоко од тоа што ти го пишуваш. Но тука повторно Груевски им направи многу јака фора. Откако повеќето факултети доставија мислења од кои беше очигледно дека државниот испит нема да пројде (а пред да истече рокот на достава), преку ноќ се појави опширен текст на предлог законот во кој освен државниот испит се појавија нови, неверојатни критериуми за самите професори. Да објавуваат многу трудови во импакт фактор списанија што се во топ 50% од областа. Сите ги фати голема паника, ама буквално сите бидејќи таков критериум можат да остварат едноцифрен број на професори во целата држава. И одма се разводени темата на дискусија.
Седнаа луѓе да го работат домашното за лудилото на топ 50% импакт фактор, и одеднаш ОП тоа 50% исчезна. И тука пак имаш нова поделба.

Не може никој ништо комотно да растури. Бидејќи ако може или нема да добие право на глас или ќе се смени темата на муабет.

Најбитното. Цела држава е толку опседната и оптеретена со образованието во моментот што се заборава колку се останато е мизерно. Не само тоа, туку кој проверува какви све други закони проаѓаат во меѓувреме под черга.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.665
Поени од реакции
9.250
@ziak92 ова со финансиите повеќе е изговор отколку реален проблем, во студентски да седиш во Скопје ти е 3000 денари плус имаш вклучено и бонови за храна во тие пари. Реалноста е дека повеќето сакаат да си поминат полесно да дојдат до диплома, реално и во главниве универзитети (Скопје, Штип итн) уште треба да се инвестира за да добијат на квалитет а можеш да замислиш каква е состојбата во дисперзираните во градови како Паланка, Велес итн. Полагаат испити со предходно добиени прашања, програмирање полага на лист хартија а не на компјутер и сл
Не е изговор другар. 3000 денари ти е фиксен директен трошок, а индиректни трошоци колку се? И 6000 денари да изнесуваат месечните трошоци за семејство со 15000 приход е многу. Плус која е веројатноста дека би добил место во студентски кога се знае по кој начин се добиваат тие места.

Не знаеш какви ученици во средно, со помалку од 40 поени од матура+средно завршија, ако не за 4 за 5 години на тие дисперзираните. Па и со 50 поени да биле од средно, ја гарантирам дека на УКИМ ако положат повеќе од 5 испити, ја име ќе си сменам.

На истиот предмет на УКИМ што го полагав и јас имаше една десетка во цела генерација од 80 студенти, а имаше студенти кои учеле средно во најдобрите гимназии во државата. Повеќе од 90% бевме со над 85 поени од матура+успех.

На дисперзираните не сакам ни да пишувам со кои прашања и колку десетки имаа. Кога самите ми кажуваа што ги прашувал професорот и што оцена да им стави, не ми се веруваше (не е нешто безобразно или барање пари, всушност трагикомично е). И ќе му ставaт 3-4 десетки и ќе ти се качи на глава, ееее ние на дисперзирани имаме завршен испит, вие на УКИМ немате. :D

Стипендии земаа, а не знаеа да ја пополнат апликацијата :D
Лектири од мене препишуваа, абе најобични математички операции по 5 пати ќе им ги објасниш и ќе им дадеш друг пример не сфаќаат. На курсеви одеа по англиски со месеци, а двојки имаа и уште кога му префрлувам филм на усб и превод на македонски ми бара да сум му симнел. И завршивме истовремено, ја имав малку поголем просек од нив.

Во таква средина колку сакаш биди талентиран, немаш некоја мотивација, барем за мене си кажувам. Кога знаеш дека сите ќе пројдат вака или онака, знаеш дека си многу поквалитетен од тие, а на крај ќе го имаш истото звање.

Нормално има по некој исклучок секаде, ама генерално оваа е реалноста.

За средствата, со 100 евра поминувавме месец (50 евра за студентски+50 за цел месец), некогаш и помалку. Ја знам дека многу и тие ги немаат, ама тоа е.
Другар. Му реплицираш на студент баш од дисперзирани и од УКИМ. Поточно од Економскиот и апсолвент сум и баш ради овај стереотип после првата година размислував да се префрлам во Скопје. Но на разговор со дел од професорите ме предомислија за тоа. Зошто? Ме предомислија затоа што самите тврдеа дека тоа што го предаваат во Скопје го предаваат и кај нас и го бараат истото знаење, за тие што учат нема да биде проблем. Јас барам тие професори да бидат исконтактирани и јавно да го кажат тоа зошто преку глава ми е од вакви муабети. Не можи еден професор да биде квалитетен во предавање во Скопје, а на дисперзирани да не биде.
Јас се запишав на факултет не само за да го завршам, туку за да научам и утре да не сум ќор кога ќе бидам на работа. Се надоградувам директно со обуки и курсеви и имам амбиција да го проширувам моето знаење во иднина уште повеќе. Но не ми е поентата да се правдам зошто сум запишан на дисперзирани ради стереотипот дека таму се врви на зезанје. Јас не сум ништо посакат со знаење од тие студенти од Скопје. Истите професори кои предаваат на мојот смер ги слушам и кај мене. Не знам од кој факултет си ти и каде се тие дисперзирани кои ги опишуваш (можеби има таков случај), ама генерализирање на сите не е во ред. Јас како и добар дел од моите колеги вложуваме максимален труд на факултет и изјави од дел политичарите, а поготово од дел од пленумците кои не лоцираа нас како слепо црево доста не вреѓа и потценува искрено. Јас полагам ист колоквиум со тој што полага во Скопје. На колоквиумот го пишува истиот датум од денот на полагање во Скопје...На консултации со професорите го тврдат истото, дека истата тежина ни ја даваат и нам. Комотно јас во секој момент сум спремен да ме тестираат и да ме споредат со тие од Скопје од УКИМ дали сум врвел или не и дали моите оцени се реални или подуени.

Го делам твоето мислење дека се запишуваат студенти со послаб резултат во средно образование и затоа барам построг критериум за упис на тие дисперзирани. Но процентуално колкав дел од нив продолжуваат понатаму е скоро идентичен како и во Скопје. Од група од околу 70 студенти во прва, сега бројот изнесува околу 30. Тоа значи дека тие 90% од тие 40 студенти се испишани, а тие 10% маки мачат да исчистат 1-2 година. Не можиш кај некои професори со принципи да врвиш туку-така.

Инаку демек нема од тие од Скопје некои што не знаат да пополнат апликација? Баш имаше и на форумов слика од студентка баш од УКИМ од Скопје како прашува на групата на фб за стипендии како се бара просек од оцените?!

Ние имаме поголема интеракција со професорите ради помалата група и за некои работи е доста полесно професорите да ни ги објаснат. Постои совршена комуникација меѓу нас и професорите и токму ради таа група која што сме останати во моментов до крај имаме доста продуктивни предавања. Но има други недостатоци кои не се поврзани со знаењето на студентите.

Околу мотивацијата. Сето тоа си е до човекот. Јас мојата мотивација не ја црпам од другите, туку од самиот себе и ако околината каде што сум заостанува нема да влијае на мене. Јасно е дека секаде има исклучок и позитивен и негативен, ама сметам дека има исклучоци и во Скопје каде без знаење, со врски, со кеш, се положувале испити и се купувале дипломи.

И за крај 100 евра е пара. За некој со плата од 1000 евра е ситница, а за некој со 200 не.

Имаше доволен број на факултети во Македонија и пред дисперзираните студии. Имаше неколку универзитетски центри. Со дисперзираните студии драстично се урниса и онака не многу високиот квалитет на високото образование. Секој полуписмен стана професор, секој безработник студент. Е сега, кога ќе му удрат екстерно тестирање, веднаш ќе се среди тоа.

По мое мислење, Македонија треба да има 4-5 Универзитетски градови, кои би ја покриле целата потреба за високо образоавние во Македонија. Скопје како веќе етаблиран град, Тетово заради потребите на Албанците, еден поголем град во источна Македонија, Битола која веќе одамна е универзитетски град, и Охрид. Охрид е измислен да биди универзитетски град, со традиција (митска или не, неважно) на најстар Универзитет. Некој наш пандан на Падова, Болоња или Оксфорд. (yeah, only in my dreams)
И уште би требало другите 4 градови што ги набројав да на бидат ваша последња шанса во однос на Скопје, односно квалитетот на образованието да биде ист во сите универзитетски градови.

Понекогаш смеа ме фаќа од она што го пишувам. Ние како народ не успеавме да ги преведеме на македонски јазик некои од најзначајните дела на светската наука и книжевност, сакаме да имаме високо образование. На мојата катедра кога студирав, немаше повеќе од 10 преводи на македонски јазик. :)
Види вака. Кога 1 ист професор предава на 2 различни места. На едното го слушаат 100 души, на друго 40. Дали тоа менува нешто? Не верувам. На дисперзирани (барем кај мене) не предаваат х професори кои не предаваат во Скопје. Квалитетот на образованието не е разнишан со дисперзираните кога во секој универзитет има разлика од професор до професор. Од тој кој е посветен на науката и од тој кој е забушант. Тука е разликата во квалитет. Квалитетот е разнишан на тие универзитети каде што се купува диплома, каде постои корупција кај професорите, каде професори не се појавиле на предавање, а нивната работа им ја завршуваат асистентите.

Се сложувам со тебе во делот дека треба да се направат еден вид регионални факултетски градови каде студентите од соседните градови би имале пристап до факултетот и од нивниот дом, али тоа е веќе друга тема.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.056
Поени од реакции
7.832
Не зезајте со ова дисперзираните, потоп се тие студии. Колку и да е сурово тие се за џабе, исто како да не си на факултет. Во Македонија сега како што се запишуваат 99.9 % од матурантите на факултет за да се среди ситуацијата треба најстрога можна селекција и намалување на бројот на факултети и смерови на минимум.
Не сте свесни дека со отварање на нови смерови буквално професорите си играат курташак, значи се собираат една група на професори и си прават смер, си играат факултет на некој начин.
Така да од сегашна гледна точка факултети што треба да постојат во Македонија се сите во Скопје, во Тетово може заради јазикот и евентуално нешто во Битола. Се друго тврдам дека е од повеќе.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
"Што треба сега да направат универзитетските професори? Најголемиот број од нив, особено од кохортата на возраст над 50 години, или треба да замолчат или да продолжат „мудро“ да молчат. Доволно се паметни да ја разберат суштината на оваа препорака. Тие што се искрени кон себе и другите, и се со чесни намери, можат со конструктивни предлози да придонесат во јавната дебата околу законските измени. Заострувањето на стандардите најмногу ќе им биде од полза на помладите наставници, пред се' доцентите, асистентите кои наскоро ќе преминат во наставници, како и на сите способни истражувачи надвор од нашите универзитети, во земјава и во странство кои имаат аспирации за академска кариера. Тие треба сесрдно да ги поздрават и подготвено да ги дочекаат промените. Во своите средини треба да се изборат за рационално користење на расположивите средства за истражување и да притискаат кај надлежните институции за зголемување на средствата за поткрепа на научната работа. Конечно се нуди заштита на нивната професија, која во моментов го има изгубено потребниот престиж и сјај. Универзитетската кариера е за талентирани, способни и вредни поединци и тимови, а не како сега, речиси за секого."
Проф. Д-р Трајко Славевски - Економски Факултет
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Другар. Му реплицираш на студент баш од дисперзирани и од УКИМ. Поточно од Економскиот и апсолвент сум и баш ради овај стереотип после првата година размислував да се префрлам во Скопје.
Ако си ти апсолвент на дисперзирани студии од Економски факултет (претпоставувам Струга), треба да бидеш првиот што ќе се буни против дисперзираните струдии.

"Што треба сега да направат универзитетските професори? Најголемиот број од нив, особено од кохортата на возраст над 50 години, или треба да замолчат или да продолжат „мудро“ да молчат. Доволно се паметни да ја разберат суштината на оваа препорака. Тие што се искрени кон себе и другите, и се со чесни намери, можат со конструктивни предлози да придонесат во јавната дебата околу законските измени. Заострувањето на стандардите најмногу ќе им биде од полза на помладите наставници, пред се' доцентите, асистентите кои наскоро ќе преминат во наставници, како и на сите способни истражувачи надвор од нашите универзитети, во земјава и во странство кои имаат аспирации за академска кариера. Тие треба сесрдно да ги поздрават и подготвено да ги дочекаат промените. Во своите средини треба да се изборат за рационално користење на расположивите средства за истражување и да притискаат кај надлежните институции за зголемување на средствата за поткрепа на научната работа. Конечно се нуди заштита на нивната професија, која во моментов го има изгубено потребниот престиж и сјај. Универзитетската кариера е за талентирани, способни и вредни поединци и тимови, а не како сега, речиси за секого."
Проф. Д-р Трајко Славевски - Економски Факултет
Да постарите професори што се над 50 години не само што треба да молчат туку ќе си молчат и ќе се смешкаат.
Зошто?
Затоа што новите правила не важат за нив. Тие пак ќе си бидат главни на факултет и ќе се изживуваат врз помладите колеги. А посебно асистентите ќе го јадат стапот бидејќи на глава од сите обврски, меѓу кои и држење на часовите на постарите мечки, сега ќе треба да пишуваат импакт фактор трудови и тоа под водство на истиот тој ментор-мечка што е обезбеден од 50 години па се до пензија (17 fucking years).
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.665
Поени од реакции
9.250
Ако си ти апсолвент на дисперзирани студии од Економски факултет (претпоставувам Струга), треба да бидеш првиот што ќе се буни против дисперзираните струдии.
Немам причина другар за тоа. Наведов добро и зошто погоре, а дадов и предлог. Посакувам како голем дел во иднина да се регулира построго уписот, да се средат инфраструктурните услови и да има пристапност во секој регион. Секој има право на образование.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom