А
Атомската мравка
Гостин
Нема сите да ги сметиш ама барем оние што се финансиски слаби секако добиваат место таму, другите како ќе си се снајдат. Инаку не сум од Скопје ама таму студирам и 80% од колегите седат во студентскиве домови, конкретно во Стив 2 од 3 згради се свежо реновирани и нема до толку лоши услови - плус бараките сега најново што се изградени имаат одлични услови е сега што голем дел од студентите се стока па кршат се и сешто и ја ишкртале цела зграда говори само за нивната култура. Инаку не реков сите дека бираат дисперзирани само заради тоа што е полесно туку повеќето, секако има студенти кои исклучок ама се во ептен мал број и тоа не го мењава фактот дека дисперзираните заедно со приватните факултети се најголема грешка во в. образование кај нас.Немој овие муабети...
Ајде ќе речеш ефтино е 3-4000 месечно со вклучена храна ама уствари и не е така зошто живееш во никакви услови, бонови немаш доволно, храната е лоша.
Не знам ти од каде си, еве ја од Скопје сум ама имам многу зборено со колегиве мои што живеат по студентски и затоа сум со ваков став. Пример еден колега минатото лето доби тровање од мензата во Стив...
Друга работа, цените во малите градови и во Скопје се различни. Може не е некоја астрономска разликата, ама и таа што е е пак доволен финансиски товар.
Друга работа, сите студенти ќе ги сместиш во студентски домови ?