Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.115
Поени од реакции
17.992
Вака сега луѓе и јас како студент на дисперзирани студии се чувствувам навреден понекогаш поради тоа што честопати се потценуваат студентите од таму. Од почеток да кажам дека влегов со 97 и кусур поени од оценки во средно и матура. Она што не чини и за што сте во право се ниските критериуми за влез. Не знам како е во Скопје, но на УГД се запишаа и студенти некаде со околу 45 поени од оценки во средно и матура. Тоа реално е смешно и е крајно нереално. Но за тоа е виновна само државата и никој друг, бидејќи секој студент по семестар вреди барем 10 000 денари. Критериумите за влез мора да се зголемат и да не си прими секој матурант на факултет, бидејќи мора да се направи дистинкција помеѓу учениците/студентите и не може сите да се стават на исто рамниште.

Од друга страна не се лажете дека за да се помине месец во Скопје доволни се 100 евра?! Мислам не знам дали бладате или слично, но да ти стигнат 100 евра (за месечна рата во дом. храна и превоз) е крајно невозможно. Тоа што сите не можат да бидат во дом и што самите услови во домот се ужас е друга приказна. И не знам кој ви дава за право да осудите некој кој не е од Скопје, да се пресели во истото и со 100 евра да преживува без право ниеднаш да излезе од домот. Тоа е затвор, тоа не е живот. Замислите во најубавите млади години, вие да бидете присилени да не мрднете од прчварникот во кој живеете само за да студирате, додека некој кој е роден во тоа место да си ужива дома со фамилијата и пријателите. Па зарем не бевме сите граѓани исти во оваа држава?

Покрај тоа ги заборавате и тековните трошоци во врска со факултетот, како партиципацијата и книгите. Да студираш конкретно во Скопје и малку да си дозволиш да живееш (значи не да преживуваш) потребни ти се барем 200 евра месечно. На тоа додадете ги и 15-6 илјади потребни за факултет, поделено на 8 месеци да ги наречеме (колку што под претпоставка би поминал студент во Скопје во текот на годината) гледате до каква бројка се стига.

Е сега извинете, ама нема секој родител да издвојува 12-13 илјади месечно за едно дете. Замислете да имате две деца студенти. Така да во право сте кога ги критикувате ниските критериуми за влез, но не ги заборавајте децата кои имаат капацитет, а немаат пари да студираат во друг град.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Целта е да се "реши" проблемот со купените дипломи. Правиш испит што е толку банален и лесен да и нај простиот албанец може да го положи, пошто нали, прашањата се дадени, и со тоа му ја легитимираш купената диплома. И Оп, проблемот со купени дипломи во образованието е решееен.
Не верувам...
Политичариве е први „ купувачи “ на дипломи
А ако некој успее да поткупи професор - многу полесно ќе поткупи властодржец
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Не верувам...
Политичариве е први „ купувачи “ на дипломи
А ако некој успее да поткупи професор - многу полесно ќе поткупи властодржец
Не го поткупуваш ти професорот него он тебе.
Обратната ситуација се нарекува "врски".
Полнење буџет и останатите перипетии се само бонуси за ова шо ви зборам.
 

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Не ја сфаќаш поентата. ПР-от.
Купувањето дипломи и полагање испити за пеес јурки ќе си продолжи како и увек, само сеа никој "ќе нема право" да збори за ова, затоа што, човекот си положил државен испит, шо значи "има минимум знаење" односно си ја "заслужил" дипломата. Разбираш? Само ја легитимираш купената диплома и го "решаваш", нали, фиктивно проблемот.
види, стопанството е тоа што ќе те легитимира дали го имаш потребното знаење или не за да се вработиш кај него а не државата! ќе се верифицира минималното потребно знаење преку тој испит , кој така кажува владата?!
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
:facepalm:
Добро ја стварно незнам како не сфаќаш шо зборам... у пеинт ли треба да цртам?
 

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
:facepalm:
Добро ја стварно незнам како не сфаќаш шо зборам... у пеинт ли треба да цртам?
те сфаќам што сакаш да кажеш - дека ќе се потскрие тоа мито преку таканаречен положен државен испит ама тоа им е небитна ствар тоа сакам да ти кажам
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.939
Поени од реакции
11.557
Повлечете го законот, па ќе дојдеме на дебата

Се чини дека, како и сите претходни пораки кои ги испраќаше Студентскиот пленум, беше извадена од контекст (односно спинувана) и најголемата порака за потребата од дебатирање за новите законски решенија.
Најпрвин, со зачудување гледаме на излагањето на Премиерот на понеделничката „дебата“ во Собранието на РМ. Според него, веќе три месеца се водела дебата околу измените во Законот за високо образование. Затоа, се чини со право, се запрашуваме: дали е тоа истиот човек кој пред три недели во интервју за телевизија Канал 5 изјави дека не знае зошто Студентскиот пленум протестира, па и претпостави дека сето тоа е поради „некаква младешка бунтовност”? Дали тој мислеше на истиот период во кој, иако Студентскиот пленум постојано го бараше тоа, неколкупати беа одбивани предлозите за дебата со изговор дека е сѐ уште рано? Сега кога законот е веќе пред второ читање во Собранието на РМ, секоја друга дебата надвор од процедурите нема да постигне ништо и е во спротивност со нашата аргументација и нашата цел. Токму затоа, Студентскиот пленум нема да ги изложува ставовите во дебати кои не можат да влијаат на законот. Нашата идеја е да дебатираме околу потребата да се воведе вакво тестирање, а не за техничките недостатоци на тестирањето. Студентскиот пленум смета дека државен испит не треба да постои во високото образование.
По примерот на донесувањето на Законот за медиуми, извршната власт во понеделникот ја повтори процедурата, па така од Универзитетот „Кирил и Методиј“ направи соучесник во донесувањето на законот. Само за потсетување, УКИМ експлицитно побара повлекување на предложените измени во Законот за високо образование.
Заради таквата пракса при донесувањето на закони, Студентскиот пленум не дозволи да биде злоупотребен низ дебати кои легално не можат и нема да сменат ништо, освен што ќе добијат легитимитет поради учеството на најголемото студентско движење во моментов.
Основното барање беше и останува исто - повлечете го законот. Потоа, на легален терен, и во време кога апсолутната моќ и контрола врз законот ќе биде во рацете на легитимни тела, ќе може да дебатираме сите ние заедно со професорите за најдобрите системски решенија за унапредување на квалитетот на високото образование.
За крај, дозволете ни да се осврнеме на изјавата на Премиерот, според кого доколку изложиме суштинска аргументација, таа ќе биде прифатена, а измените на Законот за високо образование ќе бидат повлечени. За таа цел, во писмо со кое директно ќе се обратиме до Премиерот, ќе ја повториме нашата суштинска аргументација, а него ќе го замолиме да си остане достоен на кажаното и да ги повлече измените во Законот.

Со почит,
Студентски пленум
07.01.2015
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Треба СП вешто да ги избегне терените на кои сака власта да ги навлече. И да ги мава со нивни камења по нивна глава, а има доста амуниција за тоа.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.939
Поени од реакции
11.557
Треба СП вешто да ги избегне терените на кои сака власта да ги навлече. И да ги мава со нивни камења по нивна глава, а има доста амуниција за тоа.
Ќе му бидат плеснати аргументите веројатно на Груевски, па ќе видиме што ќе прави со нив. Аргументите ги знаете сите, повторувани се безброј пати, се сеќавате на аргументацијата од 6 страни, само малце ќе се измени. Поентата е што ВЛадата и МОН ниеден конкретен аргумент не дадоа во полза на државниот испит. Флоскулите од типот „подобро високо образование“ и „се купуваат дипломи“ не се аргумент.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.265
Поени од реакции
4.497
Од друга страна не се лажете дека за да се помине месец во Скопје доволни се 100 евра?! Мислам не знам дали бладате или слично, но да ти стигнат 100 евра (за месечна рата во дом. храна и превоз) е крајно невозможно. Тоа што сите не можат да бидат во дом и што самите услови во домот се ужас е друга приказна. И не знам кој ви дава за право да осудите некој кој не е од Скопје, да се пресели во истото и со 100 евра да преживува без право ниеднаш да излезе од домот.

Така да во право сте кога ги критикувате ниските критериуми за влез, но не ги заборавајте децата кои имаат капацитет, а немаат пари да студираат во друг град.
Koга нема повеќе и толку ќе ти стигнат, не знам што не е јасно. За превоз не ми беа потребни пари, факултетот ми беше на 100 метри од домот.

Еве нека не биле 6000, нека биле и 7000 понекогаш. Ти викаат од дома толку пари имаш за овој месец снаоѓај се, треба да има толку и за брат ти/сестра ти. И ќе штедиш што ќе правиш, излегувањата се ставени во втор план.

Дисперзираните се отворени за високото образование да биде подостапно, но постои и друга причина која сите ја знаеме, а некако се премолчува во последно време.
За да добиеш некаков квалитет треба и да платиш. Не зборуваме за илјадници евра за приватни факултети. Од тие луѓе што ги знам, барем 40-50, што се упишаа и завршија на дисперзирани во моето место се катастрофа. За тие неколку насоки што ги знам од дисперзирани низ Македонија, можам да ти потврдам дека е како што зборувам, за другите што не знам можеби е подобро.

Другарка на сестра ми што во гимназија цела година имаше единици математика и физика, одвај се спасуваше да не иде на полагање што се вика, знам дека физика имаше 9ка на дисперзирани, со индексот пред мене се фалеше. Ако сакаш 24 саата објаснувај и задачи, плати не знам какви професори, таа нема да научи.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Ќе му бидат плеснати аргументите веројатно на Груевски, па ќе видиме што ќе прави со нив. Аргументите ги знаете сите, повторувани се безброј пати, се сеќавате на аргументацијата од 6 страни, само малце ќе се измени. Поентата е што ВЛадата и МОН ниеден конкретен аргумент не дадоа во полза на државниот испит. Флоскулите од типот „подобро високо образование“ и „се купуваат дипломи“ не се аргумент.
Како Дон Кихот против ветерниците.
Џабе ќе плескате аргументи.
Никој освен вие не ги ни памти аргументите кога се е испинувано надвор од здравиот разум.

Но тоа што го правите е тоа вистинското. Секоја чест што успевате да се задржите на исто ниво цело време, независно кој се обидува да поентира преку вас.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.939
Поени од реакции
11.557
Како Дон Кихот против ветерниците.
Џабе ќе плескате аргументи.
Никој освен вие не ги ни памти аргументите кога се е испинувано надвор од здравиот разум.

Но тоа што го правите е тоа вистинското. Секоја чест што успевате да се задржите на исто ниво цело време, независно кој се обидува да поентира преку вас.
Ќе му бидат пласирани пак, па поубаво ќе ги прочита. А нели, он беше голем маж. Па ќе видиме дали ќе стои на зборот.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.665
Поени од реакции
9.250
Ќе му бидат пласирани пак, па поубаво ќе ги прочита. А нели, он беше голем маж. Па ќе видиме дали ќе стои на зборот.
Ако не е тајна, ме интересира дали во глобала ќе биде исто како претходното, т.е ќе доминира делот каде што се тврди дека е противуставен?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.939
Поени од реакции
11.557
Ако не е тајна, ме интересира дали во глобала ќе биде исто како претходното, т.е ќе доминира делот каде што се тврди дека е противуставен?
Не знам точно што се планира бидејќи други се занимаваат со аргументацијата, но противуставноста, да, е еден од аргументите. Постојат и други. Финтата е што не само суштински, туку и процедурално може да се спори сето ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom