Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
А

Атомската мравка

Гостин
http://fokus.mk/nashiot-havel/

Во склоп на темава..
вреди да се прочита.

Ако околу нешто се согласуваме, тоа е фактот дека образовниот систем во Македонија е катастрофален. Но, за тоа не се виновни студентите и лошата состојба не може да се реши со еден обичен испит макар бил и државен. Виновни сте сите вие кои бевте власт идозволивте секое село да се преименува во студентски град.

Универзитетски градови направивте од пусти паланки во кои целокупниот социјален живот се одвива пред кооперација на гајби од пиво со мезење на евтина салама. Дозволивте пензионирани заставници од ЈНА да отворат факултети и згора на тоа со купени дипломи да држат катедри. Дозволивте Латас да биде професор. Е сега, Цацко ви е крив, па удри по студентите!
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не дебатираме за ректор туку за министри во влада. Или некој си вид странска експертска влада што предложи Ставро.
Ја последно за што сум прочитал е за ректор, не знам за министер дека сакаат странец да ставаат.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
За какво да биде управувањето во Македонија отворете посебна тема, која ќе биде теоретска, без политики и дискутирајте. Ова веќе е каша попара. Следно оф-топик мислење и ставам клуч додека некој не ми пише ПП дека има нешто да сподели во врска со темата. Го претерувате. Или тоа или намерата ви е да се стави клуч на темава со што и правите штета.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.796
Поени од реакции
4.459
Оз и македнија. четврт македноски министертва се раководени од странци. тие ниту се чувствуваат како македонски граѓани, нит работат за доброто на македонските граѓани, единствено земаат македноски пари.
Абе се слагаме скроз ама не е етникумот муабетот, не мавај офтопици
Ќе се изнервира љуткава во љубов ќе ја затвори темава а интересна е
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За какво да биде управувањето во Македонија отворете посебна тема, која ќе биде теоретска, без политики и дискутирајте. Ова веќе е каша попара. Следно оф-топик мислење и ставам клуч додека некој не ми пише ПП дека има нешто да сподели во врска со темата. Го претерувате. Или тоа или намерата ви е да се стави клуч на темава со што и правите штета.
Готово се враќаме на факултет :)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Јас пак не гледам рационална причина за заштита на професорите како поларни мечки.
Евидентно е дека досега образованието се одвиваше на принцип "Мачката не е дома па глувците оро играат",
со оглед на тоа дека студентите често немаат конкретна литература или пак таа што ја имаат е со застарени или уште полошо
погрешни информации.
Неименувана професорка на електро секоја година вади ново издание на истата скрипта по нејзиниот предмет со нула корекција
па така и во 2005та и во 2006та во учебникот се наоѓаат истите грешки во материјалот.
Мене не ми е јасно како досега немало никаква надворешна контрола во институција која треба да претставува
spawning pool на интелектуален поредок во државава.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Кога веќе се спомнаа застарени податоци во книгите, ситуацијата со правните науки е уште да речам подраматична, зошто законите се менуваат барем по еднаш годишно и секоја година треба нова книга. Пример по неколку предмети ја морам да учам застарени информации...
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
11.534
И јас сум сфатил лошо, на 8ми, т.е. задутре (или буквално, утре) е второ читање во матичната комисија и во Законодавно-правната комисија.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.665
Поени од реакции
9.250
Ме интересира само зошто како критика е стално наведувано тоа дека во секое “село“ има факултет. По логикава ми оди дека само Скопје треба да има факултети, а во периферијата не и тоа е демек гаранција за квалитет? Јас сум за да има и во другите градови факултети, со помали квоти на студенти и построги критериуми. Секој има право на образование доколку навистина го бара истото (зборувам за државно). Има доста талентирани деца чии фамилии немаат финансии да ги праќаат во Скопје да студираат и мислам дека е фатално тие талентирани деца да се лишани од правото да го развијат сопствениот потенцијал во иднина и да успеат во животот, а наспроти нив тие финансиски помоќни да го имаат тоа право. Не ги дискриминирајте тие факултети, тие студенти кои студираат во тие факултети, зошто има доста паметни студенти и таму (и подобри од добар дел од тие што се во Скопје).
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
11.534
Ок нека има дисперзирани ама како што спомна со регулирани квоти. Плус, ОГРОМЕН проблем е што факултетите ги покриваат тие дисперзирани студии, не добиваат екстра пари од Буџетот на РМ. Врти сучи, финансиите се голем проблем. Глејте го Буџетот за 2014, за Високо образование 34 милиони евра, од 2.5 милијарди евра буџет. Вкупно за наука, 12,8 милиони евра, од кои 2.5 за проектот со преводите, нешто повеќе од пола за опремување лаборатории, и што останува за научно-истражувачка работа? Негде 1,8м евра, исто толку и за научни институти.
Значи со вкупно 47 милиони евра ти сакаш не знам какво високо образование...Бар 5 пати повеќе треба да се вложи, ама ајде, на кого се збори.
 
А

Атомската мравка

Гостин
@ziak92 ова со финансиите повеќе е изговор отколку реален проблем, во студентски да седиш во Скопје ти е 3000 денари плус имаш вклучено и бонови за храна во тие пари. Реалноста е дека повеќето сакаат да си поминат полесно да дојдат до диплома, реално и во главниве универзитети (Скопје, Штип итн) уште треба да се инвестира за да добијат на квалитет а можеш да замислиш каква е состојбата во дисперзираните во градови како Паланка, Велес итн. Полагаат испити со предходно добиени прашања, програмирање полага на лист хартија а не на компјутер и сл
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.621
Поени од реакции
70.287
Знам дека реков нема веќе да пишувам во темава, ама уште ова да го додадам...
Слушајте го говорот на професорот од ПМФ-хемија, Владимир Петрушевски - Фили на дебатата која меѓупрофесорите и министрите.
Горе-доле професорот кажа се, ги утепа во поим. Е таков лик може да води дебати и да се бори за некакви права, а не алапачи како Ванковска и остала ситна сдсовска боранија.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.926
Поени од реакции
11.534
Знам дека реков нема веќе да пишувам во темава, ама уште ова да го додадам...
Слушајте го говорот на професорот од ПМФ-хемија, Владимир Петрушевски - Фили на дебатата која меѓупрофесорите и министрите.
Горе-доле професорот кажа се, ги утепа во поим. Е таков лик може да води дебати и да се бори за некакви права, а не алапачи како Ванковска и остала ситна сдсовска боранија.
Искрено, малку сум скептик околу неговите искрени намери, али тоа е друга прича. Иначе, он е проректор за наука, негова област се имапкт факториве.
Дај линк од неговиот говор.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
@ziak92 ова финансиите повеќе е изговор отколку реален проблем, во студентски да седиш во Скопје ти е 3000 денари плус имаш вклучено и бонови за храна во тие пари.
Немој овие муабети...
Ајде ќе речеш ефтино е 3-4000 месечно со вклучена храна ама уствари и не е така зошто живееш во никакви услови, бонови немаш доволно, храната е лоша.
Не знам ти од каде си, еве ја од Скопје сум ама имам многу зборено со колегиве мои што живеат по студентски и затоа сум со ваков став. Пример еден колега минатото лето доби тровање од мензата во Стив...
Друга работа, цените во малите градови и во Скопје се различни. Може не е некоја астрономска разликата, ама и таа што е е пак доволен финансиски товар.
Друга работа, сите студенти ќе ги сместиш во студентски домови ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom