За машко ми се допаѓа Марко, а за женско ми се допаѓа Валерија, за да си ја викам Вале.
Инаку кога се шетав по институцииве, ако ми требаше некоја информација, сите ми викаа "барај ја тетка Вале", а не "оди и прашај на информации". Тетка Вале ти е чистачката која пие кафе со сите и некаде ако има интересен разговор, подот го брише таму подолго во место. Секоја институција има по една тетка Вале. Прво ќе ти раскаже сѐ, сакал ти или не, а потоа додека те испраќа до кабинетот или просторијата ќе ти постави и 10тина прашања колку да дознае што повеќе за тебе. Гарант кога влегувам увото го става на врата за да слушне за што разговараме. Кога ќе излезеш она ти е пратња, пак ќе ти постави уште едно 10тина прашања чисто да биде во тек. Ќе ти понуди и кафе ако си зборлест....кога веќе ја спомнав Вале.
^ Инаку, во Шутка ова се чести имиња. Имам еден другар Ром (мртов сериозен сум) сака ќерката да ја крсти Есма Реџепова ( плус неговото презиме). Еднаш ова го лупна на сред предавање, имаше тркалање од смеење.
Тоа на нив им е нормално.