Ќе се вика, ќе се вика.. како!?

Член од
31 март 2008
Мислења
2.572
Поени од реакции
1.864
Во Април, здрави и живи ќе ни дојде на свет Лео. Ни се допаѓаше и на двајцата со сопругата, така да лесно се согласивме. Средното име ќе биде Филип :)
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.727
Поени од реакции
36.595
Ова е чедоморство! Го убил уште неродено.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Ова е чедоморство! Го убил уште неродено.
Епа сеа, он си знае, него го знаат сите како Пеле и онака ама сепак тоа си е прекар ова е малку премногу веќе.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.781
Поени од реакции
30.640
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.727
Поени од реакции
36.595
Screenshot_15.jpg

Нејмар е пооригинално - има помалку од 5 појавувања.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.349
Поени од реакции
38.542
Еден од најдобрите фудбалери на Кит Го хахахахахахахахахаххахааа :pos::pos::pos:

Не е ни чудно шо си го крстил детето Нејмар, неможе да биде најдобар ни во фудбалски тим на супермаркет, шо друго му преостанува. :pos: Еден од најдобрите бе :D :D колку добри имаат?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
За машко ми се допаѓа Марко, а за женско ми се допаѓа Валерија, за да си ја викам Вале. :love:

Инаку кога се шетав по институцииве, ако ми требаше некоја информација, сите ми викаа "барај ја тетка Вале", а не "оди и прашај на информации". Тетка Вале ти е чистачката која пие кафе со сите и некаде ако има интересен разговор, подот го брише таму подолго во место. Секоја институција има по една тетка Вале. Прво ќе ти раскаже сѐ, сакал ти или не, а потоа додека те испраќа до кабинетот или просторијата ќе ти постави и 10тина прашања колку да дознае што повеќе за тебе. Гарант кога влегувам увото го става на врата за да слушне за што разговараме. Кога ќе излезеш она ти е пратња, пак ќе ти постави уште едно 10тина прашања чисто да биде во тек. Ќе ти понуди и кафе ако си зборлест....кога веќе ја спомнав Вале.

^ Инаку, во Шутка ова се чести имиња. Имам еден другар Ром (мртов сериозен сум) сака ќерката да ја крсти Есма Реџепова ( плус неговото презиме). Еднаш ова го лупна на сред предавање, имаше тркалање од смеење. :pos: Тоа на нив им е нормално.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom