Чувам се и сешто во соба,..од детска пошта, сликички од албуми и мастики, играчки од киндер, облека од многу одамна, дури и скршени играчки и некои опаковки (од парфеми, играчки, бонитоп) и да...тетратки од прво оделение
т.е немам во живот фрлено книга и тетратка од 1 оделение па до сега
секогаш викам ај ке ми притребаат, ке ми се најдат некогаш( иако знам дека нема
)
затоа мајка ми неможе да се изначуди што се имам во соба и нонстоп се караме за тоа..постојано ми вика:"Mарија фрли ги нема да ти требаат".... "абе ке ми требаат, ке си ги чувам"
ама премногу се прврзувам за нив и сите ме потсетуваат на нешто, на некој период од мојот живот
убаво е чуството кога ке видиш играчка и ке ти текне колку си се радувала кога ти ја купиле, колку си се играла со неа,со кои си се карала да не ти ја чепкаат зошто е само твоја :icon_bigg или пак кога ке прочиташ текст што си го пишувала во второ-трето оделение па пукаш од смеење