Ќе ми се најде...

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Ама ти збориш за класично ѓубре :)

Мене на пример тоа „ќе ми се најде“ оди до таму што ги чувам скоро сите аватари кои сум ги користел, воедно и потписи, од фоорумов...исто под изговор дека „некогаш ќе ги употребам пак“....Фак....Дефинитивно треба да одам на психијатар :)
Дефинитивно :icon_lol:

Не зборам за класично ѓубре у смисла на пепељара со пикавци или лушпа од банана, туку тие глупости што (се селфцитирам):
...никако не може да се случи да ми се најдат ги фрлам секогаш.
Е ваквите работи секогаш ги фрлам и ги сметам за ѓубре, какви што и ти ги наброја претходно:
...од билијард топка, до стари календарчиња(таксират кецот, скопско...), па и делови од прибор од ОТП(основно школо човече...)...
Прибор од ОТП?! ЃУБРЕ!:icon_lol:

Ама не се секирај, има и поекстремни случаи од тебе, како една форумџика која се изјасни дека чувала бајадера стара 2 години. :nesvest:
 

-----<-<@

loso kure
Член од
10 ноември 2008
Мислења
494
Поени од реакции
23
се што чувам и носам со себе, се амајлиите мои...за друго не се замарам...шо е старо и непрактично фрлам бришам и забаталуем...
 

*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
леле фиоките ми се преполни со ствари кои понекогаш се прашувам зашто се таму:tapp: мајка ми дури и мравка ме вика пошо чувам се, и што треба и што не треба...во последно време си собирам весници, а никако не можам да се ослободам од сите потрошени маркери и пенкала:pos2: разни кутивчиња,тефтерчиња капачиња и други ситници....ај може ќе ми се најдат за нешо...
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
„Ќе ми се најде“ е честа изрека на луѓе(како мене) кои чуваат секакви работи по дома, од скршен приврзок, до секаква дрангулија која можеби е неупотреблива, но од одредена причина, си ја чуваат со објаснувањето „ќе ми се најде“.

Кога убаво се загледав во еден од моите плакари, се зачудив какви глупости има, дури постари и од 10 години, од билијард топка, до стари календарчиња(таксират кецот, скопско...), па и делови од прибор од ОТП(основно школо човече...)...и решив да фатам да селектирам нешто за да фрлам, НЕ МОЖЕВ. НЕ САКАВ. Си викам, „не ги фрлам бе, ќе ми се најдат!:icon_lol:

Незнам, мене ми будат и спомени...ама интересна е појавата и затоа ја отворам темата :) Дали и меѓу вас се крие „ќе ми се најде“ човек?

Јас незнам како да ја дефинирам оваа појава, па може некој од вас ќе каже постручно :)
Кај мене зад куќа уште бронтосаурус немам .... тато све собира
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Се случува на сите да остават некоја глупост со изговор „Ќе ми се најде некад“, ама сметам тоа дека е повеќе е од тоа што се емотивно врзан за предметот отколку дека некогаш ќе ти притреба :)
Е овде има еден мал проблем... кога и да реиш да фрлиш некој таков предмет, после некое време ќе дојдеш до заклучок дека навистина предметот што си го фрлил ќе ти заврши работа ... Јбг тоа ти е ... :nesum:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Garbage...Мењам лушпа од банана за празна конзерва... Шега на страна не сум некој тежок манијак по собирање на непотребни предмети, но.... Ако е на пример шеќерче од кафуле каде сум поминал мнооогу јако, го собирам. Истотака од странство увезувам ѓубриња (увек таму поубаво си поминувам). И на крајот од годината кога правам генералка, ги сортирам хронолошки и ако некое нема ефект на спомените (читај, настанот сум го зафрлил во десниот агол на малиот мозок - таму кај што работите одат у неповрат) го исфрлувам без да речам „а“.
 

TheBossesSis

~ една жеМска со чаша ~
Член од
1 октомври 2007
Мислења
656
Поени од реакции
16
ауу какви не глупости иам у соба ... чувам лименки , шишиња , карти од концерти и журки , картички од автобус со дати на нив , сите хартивчиња на кои некој ми напишал нешто убаво ... до пред некој месец чував едни слики ,љубовни писма , тетратки со песни (посветени на една личност) шо ми беа стаени у една црна кеса запечатена добро ... ама се ослободив од неа ,одиде у контењер :)
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Ја иам кеса камења од одморот`95, па сеа... :icon_lol: Ако сум била доволно луда да пречешлувам километри плажа у потрага по ох, толку посебни парчиња карпа, нема ваљда да ги шитнам ко задње ѓубре ебаго. :icon_lol:

Парчиња хартија, амбалажи, сметки, влезници, билети, шеќерчиња, картици, телефони (апарат), тестови од школо, листови од дрвја, цртежи, чланаци, од Киндер јајце оние играчињата, првите медицинки, пенкала, списанија, тетратки, писма, меилови, ученичката книшка, привезоци, минијатурни стрипчиња, даљинско старо, клучеви, свеќи, лампион, најразличен канцелариски прибор, од парфеми шишиња, стари пари (и една банкнота џанам као изџвакана е од старост :icon_lol: ), итн итн...

Откако знам за себе собирам тракатанци, и мислам нема да прекинам никогаш. Не можам да ја натерам мајка ми, и поред тоа што си ги начукав годините, да си го стави во глава тоа дека јас така живеам, дека не е "непотребна збирштина", и дека к ме боли ако "на попот шапката фали", мое си е, ми значи и сакам да си го имам. Ма какво бе, жената не познава компромис. Ем на нејзино турирање се надминав себеси и успеав со судни маки "хаваријата" да ја претворам во уреден хаос, она па ми штрајкува по дома као темпирана бомба да чувам под кревет. А У КУТИЈА МИ Е СВЕ ПОД КОНЕЦ! :lut:

Чувам се`, ама никогаш не викам дека ќе ми се најде. Шо има да ми се наоѓа, го чувам за да го дочувам док не го напуштам светов, даље сакам да остане такво, сеедно во чии раце. Ќе ми се најде, жими... :icon_lol:
Тоа на Бруце Вилице кибритчето едно и едино му се наоѓа у џеб, кога треба светот да го спашава. Ја сум обичен смртник, се`уште. :icon_lol:
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Секакви ствари не,али чувам работи шо ми се драги(не Јанев:) )или па шо ми останале од негде кај шо сум бил. Као на пример едно ливче со посвета шо беше залепено на чоколадо шо ми го даде другарка за роденден пред неколку години(чоколадодо не е веќе меѓу нас),алка од саунд вејв,еден гратис од Колосеум од 3ти јануар,енда песничка шо ја напишав за Рилкова у 3та средно:) и такви некои ствари.Не ми текиња шо друго иам по дома сеа.Си чувам се у едно кесиче херметички затворено:) .И не ги чувам зашо некад може да ми се најдат туку ради спомени едноставно.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Ни јас то неможам да си го објаснам зошто воопшто чувам некои работи кои не се некаков фактор шо би можеле да ми притребаат. Пример ги чувам сите тетратки од 1во одд (со тесни и широки или како и да се викаја) до осмо и не ги фрлам,чувам искршени шестари, тестови(не дека нешо сеа ќе ми се најдат по природа и општество: Кој работи во училиштето?:pos2:) И то "ќе ми се најде" најчесто го употебувам за алишта кои ми се смалени и уште незнам за што можат да ми се најдат ама важно ги чувам:toe:
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
„Ќе ми се најде“ е честа изрека на луѓе(како мене) кои чуваат секакви работи по дома, од скршен приврзок, до секаква дрангулија која можеби е неупотреблива, но од одредена причина, си ја чуваат со објаснувањето „ќе ми се најде“.

Кога убаво се загледав во еден од моите плакари, се зачудив какви глупости има, дури постари и од 10 години, од билијард топка, до стари календарчиња(таксират кецот, скопско...), па и делови од прибор од ОТП(основно школо човече...)...и решив да фатам да селектирам нешто за да фрлам, НЕ МОЖЕВ. НЕ САКАВ. Си викам, „не ги фрлам бе, ќе ми се најдат!:icon_lol:

Незнам, мене ми будат и спомени...ама интересна е појавата и затоа ја отворам темата :) Дали и меѓу вас се крие „ќе ми се најде“ човек?

Јас незнам како да ја дефинирам оваа појава, па може некој од вас ќе каже постручно :)
И јас сум иста! Свашта чувам... Немам срце да ги фрлам :) Не е дека сум нешто многу емотивно приврзана за нив, ама едноставно неможам да ги фрлам :) И не сакам! Знам дека само непотребно ми зафаќаат место и ми отвараат повеќе работа кога треба да се чисти дома, ама тоа е :)
Пред некое време добив еден меил во кои имаше слајд шоу кој мислам дека одговара на темава, и може ќе им помогне на многу кои чуваат работи :)
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
И јас чувам вакви работи, а незнам зошто. Но, добро не се секакви ситници, ама дефинитивно се оние кои ми будат некои сеќавања, и едноставно нешто не ми дава да ги фрлам. Мислам дека овде не станува збор толку за приврзаност кон материјалните нешта, кои ги чуваме, туку има врска со емоциите кои ни ги будат тие нешта, и не потсетуваат на некој период од животот, па така, сакајќи да ги сочуваме тие спомени, ги чуваме работите кои ни асоцираат на нив. Тие работи можеби никогаш нема да ни се најдат за практична употреба, но со самото свое присуство ќе имаат влијание на нас и нашите спомени..:pipi:
 
Член од
27 август 2007
Мислења
129
Поени од реакции
6
чувам се.. ништо не фрлам.. мислам фрлам нормално нешто сосема безкорисно како пакетче од мастики... (секако без мастики)... на некои такви мали дрангулии веќе наредниот ден им наоќам паметна работа во мојата соба.. секогаш служат за некој убав украс.. ги одбирам ги средувам.. и тантарааам.... имам нов украс во соба... :pipi:
 

▒IsNoGood▒

A hell of a brainiac
Член од
8 декември 2008
Мислења
155
Поени од реакции
8
Таков човек е татко ми. Колекционер на се што е навистина потребно, на она кое може да притреба, и на она што е апсолутно непотребно. За жал, најголем дел од колекцијата ја сочинуваат оние последните. Јас пак сум повеќе човек кој фрла се што ќе најде. :icon_lol: Велат таквите се фригидни, но не би се сложил, имам добро памнење кое го користам за мн спомени... Би се нарекол колекционер на спомени...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom