Чувам, не многу според мене
ама чувам. Карти од концерти, журки, настани, музеи, фискални сметки, дури и картата од метро во кое се возев во Париз ја чувам.
и да не бројам ќе ми се смеете. Смешно е, знам, ама тоа го чувствувам како дел од мене, како дел од многу убав период од мојот живот и неможам да го фрлам. Ама сега кога се преселив не ми беше дозволено сите тие работи да ги понесам со себе така да морав да издвојам нешто само. Уф колку ми беше само тешко
Баш вчера го средував новчаникот, фискална сметка од април месец уште ја чувам, тогаш и купив многу убав подарок на сестра ми и се потсетувам со фискалната. Ете, глупости, ама ти значи, и никогаш нема да ти се најде. Го испразнив новчаникот со сите тие работи и сега ми е чудно, како да ги нема спомените
Не сум ептен приврзана ама некако срцето не ти дава да ги фрлиш.