Ќе ми се најде...

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
„Ќе ми се најде“ е честа изрека на луѓе(како мене) кои чуваат секакви работи по дома, од скршен приврзок, до секаква дрангулија која можеби е неупотреблива, но од одредена причина, си ја чуваат со објаснувањето „ќе ми се најде“.

Кога убаво се загледав во еден од моите плакари, се зачудив какви глупости има, дури постари и од 10 години, од билијард топка, до стари календарчиња(таксират кецот, скопско...), па и делови од прибор од ОТП(основно школо човече...)...и решив да фатам да селектирам нешто за да фрлам, НЕ МОЖЕВ. НЕ САКАВ. Си викам, „не ги фрлам бе, ќе ми се најдат!:icon_lol:

Незнам, мене ми будат и спомени...ама интересна е појавата и затоа ја отворам темата :) Дали и меѓу вас се крие „ќе ми се најде“ човек?

Јас незнам како да ја дефинирам оваа појава, па може некој од вас ќе каже постручно :)
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Постручно...што постручно не треба стручњак за тоа.Едноставно, тие предмети ти будат спомени од минатото и не сакаш да ги фрлиш или да ги изгубиш, па ги чуваш.Колку само предмети имам јас такви по дома:)
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Ист сум, ако не и полош. Не дека будат некој спомен во мене (што може мост од ОТП да буди) ама ако ги фрлам се чуствувам како: " I've let myself down... ". Не знам како да го опишам, ама како да не сум ист без тоа... чудна работа.
 
C

cige

Гостин
јас колку и да сакам да чувам,
домашниве ќе фрлат се што ќе најдат непотребно:toe:
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
45
Аххх, колку само шишенца имам од парфеми со две три капки во нив, еве баш денес си ги мирисав, и никако да ги фрлам, ќе ми се најдат! :icon_lol: Спомени будат.. И не само шишенца, какви ли не ситници чувам, тетратки од средно, пенкалото на мојата средношколска љубов :pos2: ливчиња со разговори за време на досадни часови, дури и фискални сметки :pos2: и уште мнооогу на прв поглед безначајни работи, но со одредено емоционално значење за моето постоење. Тоа е исто како кога мајката си ги чува малите обувки на своето дете, убавини! :pipi:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Аххх, колку само шишенца имам од парфеми со две три капки во нив, еве баш денес си ги мирисав, и никако да ги фрлам, ќе ми се најдат! :icon_lol: Спомени будат.. И не само шишенца, какви ли не ситници чувам, тетратки од средно, пенкалото на мојата средношколска љубов :pos2: ливчиња со разговори за време на досадни часови, дури и фискални сметки :pos2: и уште мнооогу на прв поглед безначајни работи, но со одредено емоционално значење за моето постоење. Тоа е исто како кога мајката си ги чува малите обувки на своето дете, убавини! :pipi:
Ова ме потсеќа на моето прво потстрижување кое ми го извршила мајка ми, и праменот сеуште го чува во кесичка.Косата тука ми е плава иако сега сум потполно црн:)
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Има психолошки disorder...компулзивно собирање ствари.
И кога ќе почнеш да се осеќаш дома ко у магазин на антикварница, време е да помислиш: Dude, I need some help. :icon_lol:

Srsly, ваквата појава, али со умерен интензитет, е бајаги раширена. Обично е затоа што им придаваш емотивен момент на стварите, ги поистоветуваш со нешо битно кое е дел од тебе како особа, па си го рационализираш тоа у главата преку убедувањето дека некад ќе ти користат за нешто.(иако реално се само за у контејнер)
А, од моментот кога ќе се најдеш у ситуација дека сериозно се затрупуваш со ствари, само затоа што нешо не ти дава да ги фрлиш, онда стварно имаш obsessive-compulsive disorder.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас чувам све и свашта. Најпрвин човек да види што се имам во новчаник, а не па кај мене во соба. Јас не велам дека ќе ми се најдат, ама едноставно многу се приврзувам со такви работи кои сум ги правела во моментот или ме потсеќале на нешто или некој, па сум ги чувала како за спомен, за да си се сеќавам. Мајка ми кога ќе види што се чувам до дома, се крсти, не може да се изначуди жената.:pipi:
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Ма ја фрлам секоја дрангулија што ќе ми се најде дома. Не можем да бидем опкружен од непотребни предмети
 

mean

:пипи:
Член од
12 октомври 2008
Мислења
587
Поени од реакции
24
Кој не чува?! Само јас не ги чувам затоа што си викам „ќе ми се најдат“, туку ги чувам за да се присеќам на нив и зашто ми будат убави спомени кога ќе ги видам. Така на пр. си чувам некои тетратки од основно и средно, чувам карти од воз, карти од концерти или журки, упаљачи, честитки од другарки за Нова Година што ми ги пратиле во `95 напишани со прво-одделенски ракопис :pos:, пенкалца што не работат, шишенца од парфеми (секој парфем што го чувам во соба ми буди спомени на период од животот кога сум го ставала тој парфем и секогаш кога ќе го помирисам ми доаѓаат слики од убави сеќавања) и други непотребни ствари кои мајка ми едвај чека да ги фрли. Е нема!:nenene: :icon_lol:
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Јас чувам све и свашта. Најпрвин човек да види што се имам во новчаник, а не па кај мене во соба. Јас не велам дека ќе ми се најдат, ама едноставно многу се приврзувам со такви работи кои сум ги правела во моментот или ме потсеќале на нешто или некој, па сум ги чувала како за спомен, за да си се сеќавам. Мајка ми кога ќе види што се чувам до дома, се крсти, не може да се изначуди жената.:pipi:
И ја исто во новчаник си чувам безвезалии, од фискални сметки до oпаковката од филтер кесичката од teekanne magic moments :)
а низ дома си ги чувам во пакети таквите работи, ама никогаш не ми се нашле, па во план сум еве еден подолг период на своју волју, ризик јак, мила душа па да зеам да ги џитнам:pipi: ...
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Јас дефинитивно не ги чувам така работите, ама за разлика од татко ми што има цела полна соба со секакви дрангулии, и пак му се наоѓаат за нешто.
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Јас тешко да чувам некои стари работи... Не само заради спомени, туку така во глобала, не чувам... Мислам дека имам една перничка зачувено што ми ја подарија едни другарки од класот, way back кога бев 8мо одд... Друго нешто, нема.:toe: (можеби мајка ми нешто да тргнала настрана, ама незнам за тоа, старите дома се друга држава, тие чуват и лигавчиња кои сум ги носел кога сум бил бебе :) )

Единствено нешто за што "жалам" што го "фрлив", се сликите од екскурзијата на која бевме оваа година. Го форматирав компјутерот, а заборавив да ги изрежам претходно...:uvo: Ама јбг, ке направиме други... :)
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Ја сум прилично практична и не чувам многу вакви дрангулии низ соба. Подароци, мали предмети за успомен и дуго сечање, книги, фотографии-да, ама апсолутно беспотребни предмети што никако не може да се случи да ми се најдат ги фрлам секогаш.

Само во новчаник и во ташна се случува да ми се насоберат куп глупости (пенкалца што не работат, опаковки од орбит, фолии од цигари, 6 упаљачи, влезници од диско, конзумации исл.), ама тоа трае дур не ми текне да си ја зачистам ташната, при што ги фрлам у ѓубре.

Ми немаат никакво емотивно значење и за ништо не ми се корисни, освен што ми прават ѓубре. :toe:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Ама ти збориш за класично ѓубре :)

Мене на пример тоа „ќе ми се најде“ оди до таму што ги чувам скоро сите аватари кои сум ги користел, воедно и потписи, од фоорумов...исто под изговор дека „некогаш ќе ги употребам пак“....Фак....Дефинитивно треба да одам на психијатар :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom