Почна стандард, како и претходните години. Долга врска во која веќе никој не се трудеше. На пола година заврши, ама тоа не е така лошо.
Следно. Еден бурен месец со измешани емоции поради друг маж. Заврши онака како што почна.
Следно. Неколку недели мир и незамарање за мажи, проследено со самоиспитување.
Следно. Многу нови луѓе. Слични муабети, некои искокнуваат од морето манипулативни. Враќање на една многу стара љубов од која немам никаква корист, и од која не знам што сакам. Се е сенка покрај него, а тој самиот е сениште.
Констатација. И сама не знам што правам. Хаос од емоции, бури, небитни и многу важни реченици. Тоа што ми е пред нос на дискуз не го земам, она што е скоро зарѓано го сакам. Веројатно во 2012 ќе треба да почнам да се сакам за да знам кој каков и зошто да го сакам.