убаво ти кажао погоре Лет и Саладин, јас имам уште ова да го додадам (не го сфаќај како критика туку како совет за во иднина)... доколку таа пораснала и го надраснала периодот на парк, дружење таму и таков животен стил ти релативно кажано си „тапкал во место“... утре ќе се жениш, не можиш впарк да излегваш со жената, пример...
Во врска треба да балансираш, ниту таа да ти набива вина дека не си излегувал на кафе ниту пак ти неа да и набиваш вина ако пуши. Тоа што ти сметало тебе и не пушела пред тебе океј... ако сте во затворен простор, ако сте во отворен простор нека пуши нека се отруе ако е будала...
Кога врската ќе созрезее и кога ќе помине првичната заљубеност еден во друг на ред иди вистинската љубов, а вистинската љубов е онаа која замижува на ваквите работи и бара некој баланс во животот помеѓу партнерите.
Биди здрав и жив, ниту прва ниту последна, имајте го тој последен разговор за мир на душата... не барај премногу причини, задржи го достонството, не ја моли да ти кажи зошто и како но немој и да ти падни на памет да хистеризираш и да се расправаш... Ако имаш аргументи зошто треба врската да опстои изложи ги, ако веќе сè згаснало од нејзина страна (што најверојатно е и така) тогаш и на глава да скокаш џабе.
Чудо се жените, ако нешто не требала да направи тоа е да ти крие година и пол дека не е во ред ситуацијата помеѓу вас... за проблемите возрасните луѓе разговараат, а не чекаат да се решат сами од себе и да остават на времето или на другиот партнер онака од нигде никаде да му текне.
Биди здрав и жив, сигурно нема да ти е последна врска во животот... одреден период нема да сакаш да навидиш жена, ќе лупаш алкохол до даске, ќе си бидиш троа депре и на крај ќе почнеш да лупаш што ќе ти налета на курац... ќе ти помине ко на кутре
Комуникацијата е мајка на секоја врска, ако ти криела година и пол... тури му пепел. Не сте деца. Биди достоинствен, почитувај се сам себе си кога другите не те почитуваат.