Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
13 декември 2007
Мислења
7
Поени од реакции
0
Те прашав за средно,затоа што во тие години раскинувањата многу тешко знаат да паднат.Види дали она воопшто жали и колку жали по тој дечко.Ако жали биди до неа и немој да ја искористуваш нејзината ранливост,жените го мразат тоа.Ако не ок.Но пред тоа осигурај се дали и она те сака тебе.Затоа и ти пишав размисли колку ја сакаш.Зашто можеби ќе добиеш нова девојка а може ќе загубиш другарка.Исто зависи и која година сте,немој да мислиш дека не ја поддржувам тинејџерската љубов,но ретко која врска во тие години успева.Зашто може да почнете па да раскинете па целосно да ја изгубиш.:helou:
Фала за советот.Не сум човек кој сака да искорсти шанса ако е повредена,ке се обидам на секој можен начин да ја развеселам.

Сега... ќе бидам со спротиставен став на претходниот член. Не е намерно, само изразувам став.

Значи Холц... без разлика колку години имаш, според мене другарство помеѓу различни полови многу тешко опстојува, ама многу тешко. И чисто се сомневам дека во тие години ти имаш пријателски чувства кон било која девојка. Е сега, треба да оцениш кога е вистинскиот момент за да го направиш тоа, ама бидејќи си млад попаметно е да не го чекаш бидејќи ќе помине.
Е сега, изразување љубов е многу заебана работа. Мој совет е да не го кажуваш тоа со зборови, туку со дела. Како со дела? Не знам, тоа е веќе комплицирано. Најлесно е со алкохол, напиеш смуваш, и утре објаснуваш. Ако не пие, ќе мора да се снајдеш... биди креативен, инвентивен, опушти се... знам дека е тешко, ама друг начин нема. Никој од овде нема да ти помогне во тој дел... ама никако НЕ И КАЖУВАЈ! Покажи и!
Многу пати другарите ми викаат покажи и така имаш повеке шанси да биде твоја отколку да и кажеш,и овој пат ќе те послушам.Иначе не пијам,не сум искористувач сакам да бидам фер.Сепак ќе ми биде малце тешко да бидам опуштен.И уште еднаш фала.:smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Holzfeler напиша:
Многу пати другарите ми викаат покажи и така имаш повеке шанси да биде твоја отколку да и кажеш,и овој пат ќе те послушам.Иначе не пијам,не сум искористувач сакам да бидам фер.Сепак ќе ми биде малце тешко да бидам опуштен.И уште еднаш фала.:smir:
Не е тоа никакво искористување. Алкохолот ќе ти помогне да се опуштиш ти, а и таа. Има и други начини ама се крајно нелегални. На крајот на краиштата, велат во љубовта нема недозволени средства... се е дозволено, ама да не одиме до таму...
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Ништо не е дозволено во љубовта ако нема добра причина и позадина, ако некој ти е толку битен, тогаш не се бориш за него со две/три чаши алкохол, ако некој го љубиш, крај него треба да бидеш повеќе од природен а не да користиш нешто за опуштање.

И да, треба да ја развеселиш, да знае дека има некој покрај себе, а не да се обидеш да ја ќариш.
Знаеш, таквите момци повеќе се ценат од останатите, ако заврши со некој кретен пијана некаде, батали, не вреди да се бориш, ама битно е да останеш свој на своето.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Ништо не е дозволено во љубовта ако нема добра причина и позадина, ако некој ти е толку битен, тогаш не се бориш за него со две/три чаши алкохол, ако некој го љубиш, крај него треба да бидеш повеќе од природен а не да користиш нешто за опуштање.

И да, треба да ја развеселиш, да знае дека има некој покрај себе, а не да се обидеш да ја ќариш.
Знаеш, таквите момци повеќе се ценат од останатите, ако заврши со некој кретен пијана некаде, батали, не вреди да се бориш, ама битно е да останеш свој на своето.
Да,алкохолот е срање.
Ке и смрдиш,ке бидеш премногу нападен...
Ке неможеш да се исконтролираш...
Ке и повратиш...
Се у свему,не чини...заеби.
Пробај со марихуана....:nesum::pos2::pos2:
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Да,алкохолот е срање.
Ке и смрдиш,ке бидеш премногу нападен...
Ке неможеш да се исконтролираш...
Ке и повратиш...
Се у свему,не чини...заеби.
Пробај со марихуана....:nesum::pos2::pos2:
Ако се напафка сам пак ништо нема да направи ... иако ако заедно пафкаат, веќе има добар ефект.

(не е препорачливо)
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Зависи како ке ја вози...
Ако знае добро да го вози филмот,и ако си го насочи фокусот кон девојката,тогаш ке има успех,дури и ке се изненади самиот колку добар слушател може да биде и колку многу ке се соживее со нејзините таги,радости,депресии etc...а мислам дека тоа ја намалува дистанцата.
Видено,испробано.:smir:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Само не почнувај да и збориш за нејзиниот претходен дечко, дури мислам дека треба да одбегнуваш да бидеш нејзино рамо за плачење, од проста причина, женските не сакаат да ја откријат својата слаба(плачлива да не речам) страна пред машките, а веруј, сигурно им трубела веќе доста на другарките за него. Едноставно ти однесувај се како ништо да не се десило, ама активно дружете се деновиве, развеселувај ја, кажувај и смешки, ова она, прво пријателски деновиве, а после во зависност од тоа она како ќе реагира, пробувај полека но сигурно да и даваш комплименти(веруј тоа пали), да се зближувате и повеќе и се ќе биде, само остави нека биде спонтано и никако не биди нападен, ако има искрени чувства, ќе си дојде се како што треба.
 

[MkD]Scout

~Fade to Black~
Член од
28 јануари 2007
Мислења
1.485
Поени од реакции
9
Може ли малку објективно размислување за дешавкиве мои?

- Раскинавме пред 2-3 месеца..
Беше прилично болно раскинување.. Пцовки , навреди и се останато.. (да се разбереме , не од мене.. туку кон мене) и бидна што бидна.. немавме контакт скоро никаков.. освен преку некој другар кој ќе ми кажеше дека ја видел со новиот дечко.. или некој сличен муабет ќе чуев.. Пред 3-4 дена ми се јави.. расплакана целата, ме молеше да одам кај неа , морала да ме види.. Како гром од ведро небо се појави после 2-3 месеца никаков контакт.. Јас , тргнав.. па ми стигна порака , Не доаѓај , јави ми се те молам , да ти се извинам за се.. И , поштено и се јавив.. Расплакана целата , ми кажуваше колку се каела зашто ми раскинала, колку и било тешко што ме повредила , колку ја јадела совеста што ме изварала.. ме молеше да и простам, ми кажуваше колку не сум заслужил некоја „глупача“ така да се понаша со мене и ред други ствари..Јас, едноставно и реков - тебе ти простив , и си продолжив понатаму. ти си ми само едно добро животно искуство.. Ја замолив да не плаче повеќе , бидејќи немаат поента нејзините солзи во тој момент..(да напменам - додека бевме во врска , ниту еднаш не ја видов да плаче..)..
Океј , заврши разговорот , и кажав дека може мирно да спие дека нит ја колнам
, нит па мислам на неа.. си го живеам животот како што си сакам..

После 2дена , ми пишува на мсн.. ми прави некој другарски муабети.. ми кажува колку и било добро со новиот , па не знам уште што таму.. па почна и некои муабети , како леле сладок , ваков таков онаков.. па незнам уште што... И сега сум максимално збунет.. не знам што сака од мене.. ми кажува дека е заљубена во новиот , дека ќе се верат после нова година.. а сепак ја мачи тоа јас што мислам за неа.. па неможам да сфатам. никако..

поздрав, и фала што го прочитавте текстов..
 
M

**MEMORY**

Гостин
Како прво, постапката твоја е супер...
Никаде во постов немаш напишано дали сеуште имаш чувства за неа, ама се гледа дека не ти е баш сеедно зашто ако ти е, сигурно нема да размислуваш сега на тоа. Штом сега контактирате на мсн, тогаш слободно можеш секакви теми да и отвориш, сите знаеме дека некои работи ни е полесно да ги кажеме преку тастатура кога го нема оној eye contact. Стварно не знам на што се должи таа нејзина постапка, не ми е сфатливо една вечер да плачам молејќи го бившиот да ми прости а веќе по ден-два да му се исповедам за мојот сегашен дечко и да му кажувам колку ми е убаво со него, па дури и веридба?!?!
Не оставај вака да биде, расчисти со неа, поубаво е кога знаеш на што си, имаш убава шанса за тоа, искористи ја разумно.:smir:
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Иако најдобар одговор ќе добиеш од девојките сепак најприкладен коментар на ова би бил: Добро си постапил

Претпоставувам дечкото (новиот) ја заебал исто како она тебе (ја изневерил) и сфатила што значи да те изневерат. Во такви моменти прва работа што ти ја шепка свеста (белото ангелче на десното рамо) е: „Не прави го она што не сакаш тебе да ти го прават“ и те гледа тебе во иста ситуација како што е она сега.

Ситуацијата има 2 можни продолженија:
  1. Дечкото ја моли, ја моли и она му се мири, но веќе не сака да те изгуби како пријател (или златна резерва). Таа не чувала резерва последниот пат, неприготвена те наоѓа тебе, а ти ладно и одговараш: јас продожив со животот, терај и ти... Значи, прво продолжение... е што сака да те има како резерва.
  2. Не е навистина смирена со дечкото, и сака да ти се врати тебе! Пробува на секој начин да те направи љубоморен (?), заинтересиран, бидејќи она понедостижното е повозбудливо.
Кога разговарате на МСН пробај да се ставиш во улога на испитувач а не испитуван. Не дозволувај премногу да учи за тебе, т.е. што моментално се случува со тебе и со твоите чувства. Таа ќе проба одоколу да извлече некој коментар во стил: Колку ни беше нас убаво. Како можеше за глупост да ни заврше врската. Можеби еден ден ќе бидеме заедно. Ова се одговори што не смееш да си ги дозволиш. Остави ја сама да каже што сака да постигне, и што сака од тебе...
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
[MkD]Scout;1030213 напиша:
Може ли малку објективно размислување за дешавкиве мои?.....

поздрав, и фала што го прочитавте текстов..
Си бил некогаш некој човек на пуст остров. Долги години бил сам на островот, на стотици километри оддалечен од најблиската цивилизација, најблиското копно.

Еден ден фатил златна рипка. Рипката му рекла дека добива право не на три стандардни, него на исполнување само на една желба, бидејќи е на пуст остров и е сјебан.

Човеков рекол: - Епа рипко, сакам да ми напрајш мост до копното, да се приберам дома, со години сум на островов, заборајв што значи зборот цивилизација.

Рипката му одговорила: - Слушај, не мрси многу муда... сеа јас мост да ти правам?! Ептен е далеку, ептен е напорно човече, стотици километри мост да се прави не се видело до сега...дај побарај нешо друго.

Човеков, видел не видел и рекол на рипката: - Океј... знаеш ли што? Ако не сакаш да ми правиш мост, тогаш ќе ми исполниш една моја дамнешна желба... Рипко, сакам да ги разберам жените!

Рипката на тоа, веднаш прашала: - Мостот.... Сакаш со една или со две ленти да биде?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
[MkD]Scout;1030213 напиша:
Може ли малку објективно размислување за дешавкиве мои?

- Раскинавме пред 2-3 месеца..........

поздрав, и фала што го прочитавте текстов..
Во принцип сите љубовни проблеми се многу едноставни за решавање. Ама од страна. Кога си на место на еден од играчите мораш сам да споиш тактика.

Но, од тоа јас што гледам, мислам дека треба да ставиш комплетен блок на нејзиниот живот. Ако немаш чувства за неа е лесно да го направиш тоа, ако имаш е малку потешко но сепак направи го. Игнор на кајгана, блок на мсн, блок на телефон. Комплетно исклучи ја. Не ти требаат крвопијци во животот. Плус минатото никому ништо добро не му донело.

А и мислам дека сака да манипулира со тебе, да се зеза, да си игра. Новиот дечко ја удрил или опцул па сега се сеќава “о колку ми беше убаво“... можеш слободно во последната ваша комуникација да и кажеш... “Ти ми беше мене животна лекција, еве ти една лекција од мене... никогаш повеќе нема да ме имаш, научија лекцијата, сама сфати си зошто ќе биде така“. Блок! Бан!
And then... helllooooo world, helllooooo new girls....
 

jass

Aut viam inveniam aut faciam!
Член од
25 август 2007
Мислења
328
Поени од реакции
4
Iskreno mislam deka rabotata e kako sto kaza nekoj pogore vo takanarecenata "zlatna rezerva" znaes sto e i godi vnimanieto sto go dobiva od tebe probala bez toa vnimanie ama koga videla deka ne biva si rekla daj da probam mozebi pak ke bide nesto ili pak onaa fraza so ja koristat ne znam so e me zamara mu rekov da ne mi se javuva....... a mozda saka i noviotdecko da g napravi ljubomoren pa te koristi tebe
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
[MkD]Scout;1030213 напиша:
Може ли малку објективно размислување за дешавкиве мои?
Објективно и од женска гледна точка она не знае што сака. Ти раскинала, ја нема неколку месеци, и сеа одеднаш патетикува со тоа што ти се јавува. Изггледа сфатила дека кај и да е ќе раскине со овој, а со тебе и најверојатно и било добро па си рекла зошто да не.
И прво ќе ти глуми патетики не мислела така, ти не заслужуваш некоја како нејзе... После ненадејно се смирува со дечково и ти кажува колку се и оди супер со него. И после некое време повторно ќе се скараат а ти би требало да ја тешиш. И нејзина логика би било дека ќе се смириш со нејзе.
Значи колку мразам вакви припаднички на женскиот пол:nerv:
 

[MkD]Scout

~Fade to Black~
Член од
28 јануари 2007
Мислења
1.485
Поени од реакции
9
Луѓе , фала многу.. искрено.. се наоѓам себеси последниве 2-3 саати како размислувам на вашиве реченици.. се обидувам да ја сфатам логиката на настаните..

Патем , моите чувства за нејзе се , неможам да ги опишам, кога ќе помислам на некоја убава случка, за некои убави моменти, ми доаѓа убаво.. ама кога ќе ми дојде при памет дека можеби сака да се смириме , едноставно осеќам одбивност од таа помисла повторно да бидам со неа после се..

Истотака , одкога раскинавме , се видовме само еднаш.. На журка кај еден другар. Влегов внатре , и она ми се фрли во прегратки како да и е многу драго што ме гледа , па ме бацуваше (секако во образ) и се остало.. Али покасно , јас излегов надвор и тука се сретнав со едни другарки со кои не сум се видел доста време.. па муабети едно друго.. и се вртам на друга страна со главата фрлам поглед.. и ја гледам неа како луто ми одмавнува со главата и се втрчува внатре.. ја следам , ја фаќам за рака и ја прашувам , „Добро , што е со тебе? што к*р се лутиш сеа? Нели расчистивме?“ - добив одговор , „не ме интересира , иди лижи се надвор со девојчиња“
Многу се изнервирав на ова.. али добро е помина.. после тоа правиме муабет, и го извадив прашањето , „Што ти беше на журката зашто се налути така?“ - Ми вика „Па можда криво ми падна!“ јас и одговорив , па ти сакаше да биде така , зашто не ми дозволиш да имам нормален живот?
Понатаму не конатактиравме воопшто , се до скорешните случки..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom