Сега... ќе бидам со спротиставен став на претходниот член. Не е намерно, само изразувам став.
Значи Холц... без разлика колку години имаш, според мене другарство помеѓу различни полови многу тешко опстојува, ама многу тешко. И чисто се сомневам дека во тие години ти имаш пријателски чувства кон било која девојка. Е сега, треба да оцениш кога е вистинскиот момент за да го направиш тоа, ама бидејќи си млад попаметно е да не го чекаш бидејќи ќе помине.
Е сега, изразување љубов е многу заебана работа. Мој совет е да не го кажуваш тоа со зборови, туку со дела. Како со дела? Не знам, тоа е веќе комплицирано. Најлесно е со алкохол, напиеш смуваш, и утре објаснуваш. Ако не пие, ќе мора да се снајдеш... биди креативен, инвентивен, опушти се... знам дека е тешко, ама друг начин нема. Никој од овде нема да ти помогне во тој дел... ама никако НЕ И КАЖУВАЈ! Покажи и!