Може ли малку објективно размислување за дешавкиве мои?
- Раскинавме пред 2-3 месеца..
Беше прилично болно раскинување.. Пцовки , навреди и се останато.. (да се разбереме , не од мене.. туку кон мене) и бидна што бидна.. немавме контакт скоро никаков.. освен преку некој другар кој ќе ми кажеше дека ја видел со новиот дечко.. или некој сличен муабет ќе чуев.. Пред 3-4 дена ми се јави.. расплакана целата, ме молеше да одам кај неа , морала да ме види.. Како гром од ведро небо се појави после 2-3 месеца никаков контакт.. Јас , тргнав.. па ми стигна порака , Не доаѓај , јави ми се те молам , да ти се извинам за се.. И , поштено и се јавив.. Расплакана целата , ми кажуваше колку се каела зашто ми раскинала, колку и било тешко што ме повредила , колку ја јадела совеста што ме изварала.. ме молеше да и простам, ми кажуваше колку не сум заслужил некоја „глупача“ така да се понаша со мене и ред други ствари..Јас, едноставно и реков - тебе ти простив , и си продолжив понатаму. ти си ми само едно добро животно искуство.. Ја замолив да не плаче повеќе , бидејќи немаат поента нејзините солзи во тој момент..(да напменам - додека бевме во врска , ниту еднаш не ја видов да плаче..)..
Океј , заврши разговорот , и кажав дека може мирно да спие дека нит ја колнам
, нит па мислам на неа.. си го живеам животот како што си сакам..
После 2дена , ми пишува на мсн.. ми прави некој другарски муабети.. ми кажува колку и било добро со новиот , па не знам уште што таму.. па почна и некои муабети , како леле сладок , ваков таков онаков.. па незнам уште што... И сега сум максимално збунет.. не знам што сака од мене.. ми кажува дека е заљубена во новиот , дека ќе се верат после нова година.. а сепак ја мачи тоа јас што мислам за неа.. па неможам да сфатам. никако..
поздрав, и фала што го прочитавте текстов..