Vaka vo vrska sme veke godina i pol .Toj raboti a jas stotuku zavrsiv, postojano mi kazuva deka e izmoren i deka saka da bide i so mene i so drugarite is so familijata i deka so mene saka da ima seriozna vrska i jas do nekade go svakam no mi e strav da ne se odalecime i da ne me otsaka.Mi vika deka mu e potreben odmor i sloboda i deka mu stanuvam odbivna sto celo vreme sum sakala da bideme zaedno.Go sakam i sakam da bidam so nego ,sakam da ja povratam svezinata vo vrskata i ne sakam da go izgubam kako da go postignam toa?
Многу малку информации имаш напишано за да добиеш некој поконкретен одговор или заклучок.
Сепак од тоа што си напишала ми се наметнуваат неколку прашања:
Колку вие тоа се гледате во неделата и по колку време поминувате заедно? Тогаш кога сте заедно како тој се однесува со тебе , внимателен, чувствителен, се интересира за тебе, му светат очи коа те гледа или е порезервиран? Имате ли муабети за се и сешто, шетате ли заедно или ве фатила рутина? И најбитно, се смеете ли кога сте заедно?
Во однос на погоре напишаното од тебе (ако е тоа баш така), мене ми е вашиот однос малку чуден. Заљубен тип никогаш нема да и каже на девојка дека му треба слобода, барем јас не сум чул таков случај. Освен тоа, и јас работам па на женска што ми се свиѓа не ми паѓа на крај памет да и кажам дека сум уморен за гледање со неа, нема што неа да ја замарам со тоа, ако сум уморен идам да се одмарам, просто е. Мене неговиот умор ми делува повеќе како некаков изговор ама ете може и да да грешам. Освен тоа сака и со другарите, па нека те земе и тебе, што е толку проблем тоа. Уморот му важи и за другарите или само за тебе, не ми е баш јасно?
Година ипол е кратко време за една врска, вие тек имате да дознавате работи еден за друг а според ова вие не сте ни почнале да живеете заедно. Тек тогаш ќе ви се отворат работи за решавање, верувај ова не е ништо во однос на тоа што ве чека во заеднички живот. Ако тој сега почнал да ти збори дека е уморен и сака слобода (од кого од тебе ли?) и дека му стануваш одбивна помисли како ќе биде во „сериозна врска“ и што е тоа сериозна врска? Дали тоа значи века сте сега во несериозна врска??? Ако сакаш некој сакаш да си со него а ако ти станува одбивен треба сите алармни ѕвона да ти звонат дека нешто не е во ред. Јас не знам што не е во ред, ќе мора сама да откриеш.
Би те советувал две работи. Едно, да пробаш да му направиш сериозен муабет и да се надеваш дека ќе ти ја каже вистината (ако те чува за златна резерва секако нема да ти каже) а второто да престанеш да го бараш толку често пошто ми се чини дека тебе ти паднала вредноста во негови очи, бидејќи знае дека безусловно го сакаш и дека стално си му на располагање нему кога му одговара. Со други зборови игнорирај го извесен период и види како ќе се однесува. Ако почне да те бара за излегување може ќе ви се средат работите а ако ни он не те бара, тогаш можеби џабе се залагаш.
Но без разлика што некој ќе ти каже најбитно е ти како осеќаш како е најправилно да постапиш. Пробај нема што да загубиш :smir:.