Ве молам за мислење...
Со дечко ми одам кратко време.Тој инсистира да имаме секс.Премногу го сакам,но не можам да го направам тој чин.Едноставно не се чувствувам спремна, немам ни целосна доверба во него а и не го познавам толку добро за да го направам тоа за прв пат.Дискутиравме повеќе пати но ни тој ни јас не се откажуваме од ставовите...Интересно е што имаме многу заеднички мислења за многу работи, но тука не се совпаѓаме...Тој ми доаѓа со предлог да има секс со некоја друга,а во меѓувреме да е со мене...Знам дека пред мене имал секс и сега ми вели демек не можел да издржи...Многу ми е глупо да раскинам со него,кога гледам дека сме слични и дека си одговараме заради таква работа...Зар ако ме сака толку колку што вели, би си дозволил секс без љубов со друга?;
Би била благодарна ако некој од вас ми го каже вашето мислење, навистина ми е потребно...