za ova moram da pobaram sovet bidejki sum vo nedoumica i ne znam kako da i pomognam.drugarka mi ide veke nekoe vreme so rom musliman a ona e hristijanka ubavo im e zaedno no tuka sto ja plasi e toa sto e dr vera i deka nejzinite nema dai dozvolat da ide so nego.sovet da i pomognam nekako vo odlukata?
Малку ќе продаам памет сега...
За секоја битка војсководачот мора да спреми тактика. Мора да го познава противникот. Па така, и другарка ти би било добро да ги познава своите родители и нивниот начин на размислување. Едно прашање би било доволно за да дознае, на пример: “Мамо, што мислиш за хомосексуалците?“ Ако одговор е во стилот на “Ау бегај тоа е болест, тие треба сите да се убијат“ тогаш ќе претпоставиме дека нејзините родители се конзервативни, и работата ќе биде потешка. Ако одговорот е нешто како “Абе нивна работа“ или “Хаха, повеќе мажи за нас“ тогаш најверојатно нејзните родители се по либерално настроени и тогаш нема да има проблем.
Ако разберете дека се од вториот вид, тогаш едноставно нека го соопшти тоа коа ќе мисли дека е најопуштен момент, ако се од првиот вид, тогаш јас мислам дека ќе биде најпаметно да молчи, да си ја тера врската и да види до каде ќе избутка. Јас претпоставувам дека нема да има брак или нешто слично заради вашите години па тогаш и нема да има потреба да кажува дома, ако веќе дојде толку сериозно, тогаш ќе му ја мислите во зависност од ситуацијата.
Трета варијанта, ако еден од родителите е слободоумен тогаш ќе мора да кокетира со него, односно да се довери само на едниот родител и да го замоли да молчи. Ако е тоа таткото, лесно е... конзервативната мајка секогаш ќе падне под влијание на либералниот татко, ако е обратно... тешко неа, најпаметно ќе биде мајката да молчи и да ја вади пред тато кога ќе има потреба.
Сите прашања упатете ги на жиро сметка 23487623-2342-2344-23 со назнака “За неурамнотежениот Џиџи“. Приложете денари по избор.