Види вака, пробај понижи го пред другари, залажи го и усрами го пред сите , може ке запали.
да се спуштам на негово ниво? нема шанси... единствено што сакам е да престане да ми досаѓа и малтретира... не е проблем јас тоа да му го направам... али нејќамд а се понижамд а бидам како него
Паметно.
Не можам да го откачам мојот прв дечко ззадњиве 5 години.. досаден е до немајкаде, мал миљон проблеми ми има напраено, врски ми има растурено и не се откажува бе... ништо на светов не помага... дајте некој умен совет пош овој до лудница ќе ме дотера...
Не можам да го сфатам задоволството откако ќе заврши врската да се прават глупости. Било, поминало.
Тоа дека никој не може да ти растури врска доколку со новиот партнер си ги наредиш работите, нема да го коментирам
Е, сега, проблемот е како да ти се скине од вратот. Штом му трае тоа толку долго, тешко дека со нешто можеш да го опаметиш ти. Не знам каква ви била врската и како сте раскинале, но очевидно е дека човекот е гневен на тебе и сака да ти се одмаздува. Што знам, можеби не може да се помири со некои работи од вашата врска или вашето прекинување. Тој проблем се наоѓа во него и не се искоренува со насилство, и сама кажа дека некое време се смирува и после пак продолжува. Додека самиот не го надмине незадоволството и додека не расчисти со себеси дека си веќе минато и треба да те заборави, тој ќе се појавува со чудни сценарија. Според мене, тебе ти останува да го игнорираш, па да се надеваш дека еден убав ден ќе си најде партнерка кон која целосно ќе се сврти и ќе прекине со глупостите. Нема потреба да го понижуваш пред другари или што ти знам јас таму пред кого. Битно е да не дозволиш да ти ги расипува врските.
Верувам дека те нервира, ама најверојатно би прекинал кога би видел дека не му успева со што и да се обидува. Тоа треба да му го покажеш