Вака сеа..
Со девојка ми бевме 5 години во врска. Тие 5 години и на мене и на нејзе и биле најубавите години од нејзиниот живот.
Буквално тоа беше врска од соништата, видовме и проживеавме заедно многу работи, авантури, одмори, искачања, абе фрштеше љубов на сите страни.
Немала никаква забрана од моја страна, ниту пак јас сум имал во врска за искачање со пријатели, другари. Довербата помѓу нас двајца беше огромна.
Низ сите тие години ние немавме ниту една поголема расправија. Јас мислев дека тоа е идеалната врска што може да постои и веќе почнав да си ја планирам иднината (мислам за брак...)
Во тие 5 години бевме одалечени на подолг период само 2 пати. Првиот пат пред 3 години јас бев во Америка на работа на 5 месеци, а вториот пат лани таа бепе исто на 5 месеци.
Нормално јас кога се вратив се си продолжи супер, не можеше да дочека на аеродром да ме гушне (сега кога ќе си го вратам филмот, тоа беше како некој холивудски филм во успорена снимка како се затрчуваме и се гушкаме)
Е сега доаѓа заплетот на настаните.
Сега кога таа отиде во странство, додека беше таму се слушавме и се беше нормално и едвај чекавме да се видиме. Дојде и тој ден повторно истиот холивудски филм ама сега јас бев тој што ја пречека, изгледаше се по старо и совршено. И двајцата бевме пресреќни што сме пак заедно. Помина период од некој 3 4 месеца се изгледаше супер. Но овојпат таа имаше потреба повеќе време да поминува со другарките и посебно со нејзините дома.. Си реков ајде нормално и фалеле сака да ги види и да биде со нив..
Но веќе почна да ми станува нешто сомнително, нејзиното понашање беше сменето. Телефонот почна да го крие по ташни и јакни, не сакаше да го извади пред мене. Се случи јас да посегнам по нејзиниот телефон да видам колку е саат, да прерипа преку маса, за да ми го грабне телефонот и да ми каже тоа е нејзина приватност нема што да чепкам...
Останав занемен, разбрав веќе колку е саатот и што се случува...
Наредниот период беше во расправии и кавги зошто се понаша така, што и се случува, зошто не сака да го прави она што го правевме порано.
Нејзиниот одговор беше не знам што ми е, нешто ми се случува, и како поминуваа деновите слушав се потешки и потешки зборови, во стилот луѓето се менуваат, јас тоа треба да го разберам вака така...
Не можев да си поверувам дека тоа на мене ми се случува..
Дојде и тој ден кога веќе не можев да издржам и и влегов на инстаграм профилот (и го погодив пасвордот бидејќи после толку време знаев што би можела да и биде) и прочитав пораки од кои што најмногу се плашев... Тоа беше нејзиниот ментор на пракса каде што почна да оди неколку недели одкако се врати од странство.. Не можам да ви опишам што ми се случуваше тој момент додека го читав тоа. Во муабетот видов дека таа прва му пишала, (прва му пуштила вода), буквално го правела тоа со сила. (Пример ситуација : таа му пишала не ти звонев синоќа мислев дека си заспал па не сакав да те разбудам, а тој сабајлето и вратил сеедно, а оваа пак на тоа му вратила срце...
Истиот момент кога го прочитав тоа отидов кај нејзе и пред нејзините им ја раскажав целава приказна како сега што ви ја кажувам вам.
Таа остана без зборови кога го слушна сето тоа, занеме не и се веруваше што и се деси. Мајка и заплака зошто знаеше кои бевме ние..После подолг муабет у кратки црти ми кажа дека она за овие 5 години никогаш не погледанала, ниту помислила на друго машко, но ете овој премногу и бил симпатичен, но се заколна дека ништо нема направено со тој човек, ниту пак се виделе на само, ете така тоа се случило и не знаела зошто му пишувала..
И простив, зошто ми кажа дека сето тоа ќе го заборавиме и ке продолжиме како што ни беше.. Така и направивме поминаа неколку недели, искачавме се дружевме, но не беше ништо исто. Се гледаше дека тоа го прави со сила, веќе не сакаше и не чуствуваше потреба да останува кај мене. Нејзиниот одговор повторно беше сакам повеќе време да поминувам со моите дома и со другарките.. Што ти не пробав да ја сменам, да направам да биде најубаво, но ете ништо од тоа.
Веќе ми пукна филмот ја викнав да разговараме и и кажав дека ова вака не може понатака. Нејзиниот одговор беше ете ти кажав дека требаше уште пред некој месец да ме оставиш, да ми одмори главата, можеше ништо нема да биде од ова сеа што се случи.. (ако нејзе одмор на главата и било да се допишува со друг, алал да и е)
Ја оставив и се поздравивме...
Но како поминуваат деновиве се потешко и потешко ми е... Вчера ми се јави да ми каже дека после 3 месеца конечно добила циклус, и да не се секирам за тоа. Но ја од мајка роден емотивен, доволно ми беше само да и го слушнам гласот и сето тоа што сакав да ја заборавам и да продолжам, ми се врати како камен по глава и повторно доживеав емотивен шок. Повторно правевме муабет и ми кажа дека можеби она не го покажувала тоа, но на нејзе и е два пати потешко. Се договоривме дека вака е подобро и во иднина ако требало да биде, пак ќе бидеме заедно, а до тоа време јас да продолжам без нејзе и да правам што сакам, кажувајќи ми, цитирам : поживеј сега на слобода.
Но ја сепак не можам да се соочам со фактот што ми се случува...
Мислам дека доволно објаснив.
Сега кажете ми кај има најквалитетна ортома на пазарот, за да не ризикувам да не ме издаде и таа па да се скине...