Благодарам на сите

Отприлика веќе знаев што ќе кажете. Значи малце да појаснам. Оној вториот дечко е мн добар човек, ама некои работи последните 3 месеци излегоа од контрола. Тој бараше од мене да се стабилизирам малце овде во Ск зашо тешко му било да излегувам овде додека тој спиел таму. Разговаравме, и одлучивме да се посветиме повеќе на нашата врска. Престанав да излегувам, каде и да одев го прашував дали може, се посветив само на него и не комуницирав со никој друг, но тој тогаш се промени. Почна да ме сфаќа ко здраво за готово, да ми наредува премногу, и причина за која што раскинавме е тоа што дури
[1] се обиде да ме удри без да го заслужам тоа. Значи тоа што не сум со овој нема никаква врска бившиот. И + не идам за Америка само за него, јас аплицирав уште во Ноември, а тогаш немав комуникација со него. Имам роднини и братучед(кој е другар на бившиот) таму и јас ве прашав за совет за останување во Америка.
[2] Сигурно кога ќе отидам таму ќе бидеме заедно, знам дека нема тој да дозволи да сум таму а не со него. Мене муабетот ми е дали да го преземам оној чекор и да останам таму да се запишам на колеџ. Не е целосно поради него, уште мн оддамна сакав да одам кога тетка ми беше таму, но бев мн мала и не бев подготвена за таков чекор. Ама сепак нема да негирам дека и тој носи дел од мојата (недонесена)одлука за живеење во Америка. Благодарам пак за советите, но стварно
[3] се надевав дека ќе видам нешто поразлично од што очекував
Реков јас дека има повеќе во приказната отколку што иницијално напиша...
[1] Клучен момент: *се обиде*. Дали те удри? Ако не, во последен момент се проконтролирал - нешто што ти *не* си успеала да го направиш кога си го изневерувала него. Од друга страна, и тоа како си се контролирала кога си му ги криела тие важни информации, на пример дека си се сексала со друг паралелно додека тој ти бил дечко. Сега, знаејќи дека си прилично добра во криењето информации (како што иницијално не ги кажа суштинските работи зошто сакаш да одиш во Америка), прашање е дали твоите мотиви за одење во Америка имаат каква и да е врска со бившиот; прашање е дали ти всушност знаеш што значи да сакаш некого, освен само себеси и своите интереси.
[2] Од каде е сигурно? Дали тој има девојка таму? Ако има, дали, само за да не бидеш со друг, ќе ја изневерува неа со тебе, како што ти си го правела тоа со дечко ти (сега веќе поранешен)?
[3] Оксиморон: се надеваш дека она што ќе го добиеш е различно од она што ќе го очекуваш - твојата надеж е во спротивност со твоите очекувања. Со други зборови, правиш конфликт во самата себе. Во најдобар случај, ова што си го пишала е различно од она што прво ти паднало на памет и ти се измешале зборовите.
Во најлош случај, ти си манипулативна по природа и луѓето ги сметаш само како средства за постигнување на своите цели. Ова твое барање на совет не го гледам како вистински да имаш проблем, туку како потреба да се тестираш: дали можеш да ги изманипулираш сите овде на форумот, за да ти веруваат дека вистински имаш некакви емоции кон некого, нешто што те прави иста со останатите луѓе и исто достојна за љубов, нешто што ќе ти покаже дека ќе доживееш искрена и чиста љубов, каква што сите други имаат.
До сега не гледам дека имаш направено што и да е *за некого* - само за тебе лично. Секогаш имало нешто поради што ти си имала отстапница, нешто што било само и единствено во твој сопствен интерес.
Оној момент кога ќе ги правиш работите *заради некого*, без да има директна корист за тебе, дури тогаш ќе имаш шанса да видиш што е тоа љубов. А ќе ја видиш љубовта кога и другиот, за когошто ги правиш тие работи, ќе го направи истото тоа за тебе, т.е. ќе ти биде возвратено. До тогаш си сама со своите интереси.
Со лесно.