Имам проблем што многу ме измачува. Скоро четири месеци сум во врска и на почетокот мојот дечко беше многу поинаков него сега. Почесто се гледавме, пишувавме, беше подобар и поубаво се однесуваше со мене. Ме ценеше и ме почитуваше. Сега не. Цел еден месец се гледавме само еднаш неделно, со мене остануваше максимум 1 сат, еднаш неделно ми пишуваше односно ми враќаше на пораките (оти ако не напишев јас прва тој немаше да напиши никогаш) и сето пишување беше кога да ни биде средбата. На средбите убаво се однесуваше, ми се чинеше дека е заљубен ама секогаш бевме заедно максимум еден сат и се тоа затоа што викаше дека е презафатен. И верувам во тоа. Многу учеше и работеше. Како што поминуваше времето се поретко се гледавме а и ме нервираше тоа што секогаш јас морав да го барам. Решив да не го барам повеќе и да чекам тој да се јави ама тој не се јави јас не можев да издржам и му напишав. Беше понеделник, ми рече вечер сум на пијачка со другари среда ќе се видиме. Средата првиот ден од новата година ми рече ја однесав колата на поправка ќе се видиме петок. И јас му го напишав следниов текст "Па добро нели знаеше уште понеделникот дека ќе ја носиш колата на поправка во среда, а ваму ми закажуваш баш во среда?" Тој го рече следново "Не, вчера направив термин" јас "Во ред е, не си ти крив што немам кола инаку сама ќе дојдев кај тебе. А можда сум ти досадна те барам пречесто да се видиме (а уствари еднаш неделно го барав ама ај, ова не му го напишав во заградава), а ти тоа не мораш." Тој " Не, не, не си досадна премногу се мислиш." Јас "Ама го имам приметено тоа" Тој "Не, не, немој да се грижиш." Јас " Не !! Ко ќе приметам нешто знам дека сум во право. Ти всушност немаш воља и желба ама ќе беше подобро да го кажиш тоа." Тој "Ќе збориме во живо подобро него да пишуваме, ок ?" Јас "Зошто? Ок како сакаш" Тој "Да подобро ама навистина премногу се мислиш" Јас "Не, знаеш што е проблемот? Ти не си ми уште озбилен дечко и не мора ништо да ми објаснуваш и секогаш да се гледаш со мене ама ако не сакаш да се гледаме или се гледаш со мене само ко ќе ти е досадно тоа можиш да го кажиш, па ќе знам што точно се случува и што треба да правам. И пиши сега ко ќе можиш ќе збориме во живо. Среќни празници и нова година чао ". Од тогаш ниту тој ниту јас не напишавме, можеби се налути за однесувањето мое а можеби најде друга зашто два дена е онлине на ватсапп постојано а со мене никогаш толку долго не пишувал и никогаш не го користел ватсапп често. Не можев да издржам и му напишав. Му реков зошто веќе не ми пишуваш? Рече не сум добар во пишување мораме јас и ти да збориме во живо. Петок? Јас реков ок. Ниту добра ноќ не ми рече а остана после тоа дваесееееееет минути онлине да пишува со некоја друга. Јас му пратив на полноќ уште една порака "Дали сега ја имаш колата?" уште нема одговорено, постојано е онлине. Само да разјаснам, јас и тој сме во врска ама уште не сме официјално заедно значи не е скроз озбилна врската. Тој е многу добра личност, сметам дека лошо постапив што за две одбивања за гледање се налутив и се налутив што не можел со колата да дојде да ме земе а еднаш не можеше до тогаш секогаш идаше по мене!!! Сега не знам што да правам и што да мислам, дали са се видам во петок, што да му речам? Што мислите можно ли е да има друга или не му се свиѓам повеќе.? Најмногу од се ме боли што сака да се видиме петок, а петок паѓа снег и тоа многу а тој не вози на снег. Намерно договори петок. Јас денес ја видов прогнозата.