A зошто си толку фина кон него?
Посебно ова:
А можда сум ти досадна те барам пречесто да се видиме (а уствари еднаш неделно го барав ама ај, ова не му го напишав во заградава), а ти тоа не мораш."
Без разлика колку е убав и фин, дури и да ти е soulmate, не си должна да трпиш непочитување, никогаш и со никој.
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 23:04 ---
Пред неколку месеци прекинавме 6 годишна врска.Како и сите нормални врски и ние имавме нормална врска.Морам да признам дека во првите 2 години имавме доста проблеми од типот на љубомора,детски караници бла бла бла небитно,го поминавме тој период и почнавме да градиме една сигурна и здрав врска.Под сигурна мислам на доверба,љубов,редовен секс,искреност, чесност. Имавме проблеми но се обидувавме да ги решаваме и ги решававме, слободно можам да кажам и дека нејзините другарки и завидуваја.Јас работам во др држава за време на летото но тоа никогаш не претставувало проблем,секое лето идела на одмор каде и да сум и јас целото слободно време сум и го посветувал незе. И оваа година дојде на одмор, се беше во ред освен некои ситници.По некое време ми се јавува на телефон и ми кажува дека не можи повеќе да оди со мене а причината била дека се гушела во врската.На почетокот не го сватив тоа сериозно поради тоа што немав причина да го сватам сериозно си реков дека е една обична женска глупост на која утре нема ни да се сеќава.Но кога видов дека не е во ред морав да напуштам од работа предвреме и да се вратам дома да си ги решам проблемите.Но кога се вратив дома таа веќе беше решена да раскини со мене, а причината истата дека се гуши во врскава и некои стари проблеми за кои веќе сме ги заборавиле.На почетокот пробував да ја разубедам дури ангажирав и нејзини другарки но таа беше цврсто решена.Девојката се повлече целосно,се затвори се оддели од мн луге што и значеја. Но советот ми треба за мене не за незе: На почетокот пробав да си го живеам стариот живот со излегувања дружења со другарите,се гледав и со девојка со цел да ја заборавам.Но не одат така работите секое излегување ја барав бившата, секоја песна ме потсетуваше на незе,секоја ноќ мислев на незе,си поставував прашања но не добивав одговори кога и да и се јавев го добивав истиот одговор.Моментално секој втор ден сум пијан, се дрогирам се карам со пријатели и ред други работи што не личат на мене и мојот карактер.Ако некој имал некој ваков или сличен проблем добро би ми дошло совет иако не верувам дека ке го прифатам.Едноставно ја сакав и сеуште ја сакам.
П.С. Мислам дека не е со никого иако ја немам видено повеќе од 2 месеци,иако живееме во не мн голем град
1. Епа кога е долга врската, нејзините и твоите животни одлуки се и заеднички животни одлуки.
Ако притоа не се чувствува било кој од вас добро со себе и со своите минати одлуки, тогаш, нормално дека врската страда и вината/одговнорноста се префрла на двете страни. Не дека не е секој индивидуа сама за себе, ама во врските обавезно тоа се заборава до некаде, дека секој човек е сам.
Така да, ситуацијата е многу посложена од кратките врски и мувањата
2. За да се негува една долга врска/брак, човек треба да си го "негува" и својот живот. Односно, само човек што се чувствува исполнет со себе е способен да исполни една долга врска/брак. Слично на она што се вика дека не е можно да сакаш некој ако си мизантроп (мора да ги сакаш луѓето како такви, за да сакаш некој).
3. Во долги врски, можно е од двете страни да се појави дисреспектот, кој е помалку или повеќе, нормална човечка особина, но овојпат, да надвладее над емпатијата (која ја имаат вљубените и луѓето со душа,некои). И тоа, дисреспектот може да се забележи и преку малите работи, на пример ти дала некоја забелешка за нешто што упорно и по истата, продолжуваш да го правиш.
Така да, треба да размислиш на три прашања:
1.Кои/колкави се резидуалните обвинувања кон тебе од нејзина страна?
2. Како се чувствува периодов (последните месеци кога бевте заедно) со својот живот?
3. Дали ти даваше критики и ти како одговараше на критикување?