Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.730
Поени од реакции
4.481
Сите сте срциња на почеток, после си го покажувате вистинското лице. :D
Не е фер да генерализираш, еве јас на пример на прва најкасно на втора средба поштено си кажувам дека сум злобен. :devil:
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
991
Јас не генерализирам чедо, него давам мислење за конкретниов случај, ако се препозна во муабетот ти се извинуем за да ти биде полесно, али цурата да му раскине на чоекот туку така ко гром од ведро небо и да му дава за образложување некои заборавени работи, нешто тука смрде.
Батето е џанак, то не е доволна причина?
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.730
Поени од реакции
4.481
@DZA

Time heals everything, but does everything heal in time?

Прво среди се и фрли тоа дрогата што подалеку. Следно нешто тебе ти треба closure. Иди кај нејзе или наговори ја некако не попуштај додека да направите муабет на само. Кажи и дека ако е цврсто решена да идете по различни патишта да ти објасни подобро кој бил проблемот за ја разбереш и да можеш да продолжиш понатаму.

Кога ќе расчистиш со сево ова ќе ти треба некој период да ја преболиш што е нормално, но сигурно ќе ја преболиш ако си ги расчистил сметките на време.

П.С Сега тука нагаѓам, но начинот на кој сам се опиша и она што таа го рекла за тебе ме асоцира на емоционално незрела личност со посебен нагласок на посесивноста. Ова во комбинација со врска на далечина е смрт за било која врска.(Ова е само теорија базирана на недостаток на податоци така да не си ги земај зборовите многу при срце)

П.С2 Доколку и за време на врската си земал дрога тогаш нема потреба да бараш дополнителни објаснувања.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.418
Поени од реакции
17.063
@DZA
Батали дрогата и алкохолот ништо нема да помогнат, туку само ќе ти ја продлабочат депресијата. Ова од искуство ( во делот само за алкохолот пошто секој 2 ден дроп бев после 3 годишната врска). Што е можно повеќе време надвор со луѓе и друштвени работи дај му време нека си помини нека се смират работите. Под дејство на алкохол или дрога ќе ја доебиш работата вервај, и жешка гла никако не помага.

Фати плати си чланарина в теретана и кога ќе те фати тој 'кризен' и нервозен момент со мисли ранчето на тебе и одма в теретана, ем ќе се исчистиш од дрогата и алкохолот ем работиш на себе ќе си ја вратиш самодовербата и вервај ќе се осеќаш далеку подобро :)
 
Ф

Флеш

Гостин
Малку машкиве да сфатат .... дека не е се толку лошо ... кај нас мислам ... :D

 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Од оваа порака натаму ве молам престанете со оф-топици и вратете се на темата, зашто следните оф-топици ќе бидат проследени со опомени и бришење.

Благодарам.
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
14
Поени од реакции
3
Имам проблем што многу ме измачува. Скоро четири месеци сум во врска и на почетокот мојот дечко беше многу поинаков него сега. Почесто се гледавме, пишувавме, беше подобар и поубаво се однесуваше со мене. Ме ценеше и ме почитуваше. Сега не. Цел еден месец се гледавме само еднаш неделно, со мене остануваше максимум 1 сат, еднаш неделно ми пишуваше односно ми враќаше на пораките (оти ако не напишев јас прва тој немаше да напиши никогаш) и сето пишување беше кога да ни биде средбата. На средбите убаво се однесуваше, ми се чинеше дека е заљубен ама секогаш бевме заедно максимум еден сат и се тоа затоа што викаше дека е презафатен. И верувам во тоа. Многу учеше и работеше. Како што поминуваше времето се поретко се гледавме а и ме нервираше тоа што секогаш јас морав да го барам. Решив да не го барам повеќе и да чекам тој да се јави ама тој не се јави јас не можев да издржам и му напишав. Беше понеделник, ми рече вечер сум на пијачка со другари среда ќе се видиме. Средата првиот ден од новата година ми рече ја однесав колата на поправка ќе се видиме петок. И јас му го напишав следниов текст "Па добро нели знаеше уште понеделникот дека ќе ја носиш колата на поправка во среда, а ваму ми закажуваш баш во среда?" Тој го рече следново "Не, вчера направив термин" јас "Во ред е, не си ти крив што немам кола инаку сама ќе дојдев кај тебе. А можда сум ти досадна те барам пречесто да се видиме (а уствари еднаш неделно го барав ама ај, ова не му го напишав во заградава), а ти тоа не мораш." Тој " Не, не, не си досадна премногу се мислиш." Јас "Ама го имам приметено тоа" Тој "Не, не, немој да се грижиш." Јас " Не !! Ко ќе приметам нешто знам дека сум во право. Ти всушност немаш воља и желба ама ќе беше подобро да го кажиш тоа." Тој "Ќе збориме во живо подобро него да пишуваме, ок ?" Јас "Зошто? Ок како сакаш" Тој "Да подобро ама навистина премногу се мислиш" Јас "Не, знаеш што е проблемот? Ти не си ми уште озбилен дечко и не мора ништо да ми објаснуваш и секогаш да се гледаш со мене ама ако не сакаш да се гледаме или се гледаш со мене само ко ќе ти е досадно тоа можиш да го кажиш, па ќе знам што точно се случува и што треба да правам. И пиши сега ко ќе можиш ќе збориме во живо. Среќни празници и нова година чао ". Од тогаш ниту тој ниту јас не напишавме, можеби се налути за однесувањето мое а можеби најде друга зашто два дена е онлине на ватсапп постојано а со мене никогаш толку долго не пишувал и никогаш не го користел ватсапп често. Не можев да издржам и му напишав. Му реков зошто веќе не ми пишуваш? Рече не сум добар во пишување мораме јас и ти да збориме во живо. Петок? Јас реков ок. Ниту добра ноќ не ми рече а остана после тоа дваесееееееет минути онлине да пишува со некоја друга. Јас му пратив на полноќ уште една порака "Дали сега ја имаш колата?" уште нема одговорено, постојано е онлине. Само да разјаснам, јас и тој сме во врска ама уште не сме официјално заедно значи не е скроз озбилна врската. Тој е многу добра личност, сметам дека лошо постапив што за две одбивања за гледање се налутив и се налутив што не можел со колата да дојде да ме земе а еднаш не можеше до тогаш секогаш идаше по мене!!! Сега не знам што да правам и што да мислам, дали са се видам во петок, што да му речам? Што мислите можно ли е да има друга или не му се свиѓам повеќе.? Најмногу од се ме боли што сака да се видиме петок, а петок паѓа снег и тоа многу а тој не вози на снег. Намерно договори петок. Јас денес ја видов прогнозата.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
.. Најмногу од се ме боли што сака да се видиме петок, а петок паѓа снег и тоа многу а тој не вози на снег. Намерно договори петок. Јас денес ја видов прогнозата...
извини знам тешко ти е, ама :pos:
Сериозна си со ова? морам пак.. :pos::pos:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
A зошто си толку фина кон него?

Посебно ова:

А можда сум ти досадна те барам пречесто да се видиме (а уствари еднаш неделно го барав ама ај, ова не му го напишав во заградава), а ти тоа не мораш."
Без разлика колку е убав и фин, дури и да ти е soulmate, не си должна да трпиш непочитување, никогаш и со никој.
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 23:04 ---
Пред неколку месеци прекинавме 6 годишна врска.Како и сите нормални врски и ние имавме нормална врска.Морам да признам дека во првите 2 години имавме доста проблеми од типот на љубомора,детски караници бла бла бла небитно,го поминавме тој период и почнавме да градиме една сигурна и здрав врска.Под сигурна мислам на доверба,љубов,редовен секс,искреност, чесност. Имавме проблеми но се обидувавме да ги решаваме и ги решававме, слободно можам да кажам и дека нејзините другарки и завидуваја.Јас работам во др држава за време на летото но тоа никогаш не претставувало проблем,секое лето идела на одмор каде и да сум и јас целото слободно време сум и го посветувал незе. И оваа година дојде на одмор, се беше во ред освен некои ситници.По некое време ми се јавува на телефон и ми кажува дека не можи повеќе да оди со мене а причината била дека се гушела во врската.На почетокот не го сватив тоа сериозно поради тоа што немав причина да го сватам сериозно си реков дека е една обична женска глупост на која утре нема ни да се сеќава.Но кога видов дека не е во ред морав да напуштам од работа предвреме и да се вратам дома да си ги решам проблемите.Но кога се вратив дома таа веќе беше решена да раскини со мене, а причината истата дека се гуши во врскава и некои стари проблеми за кои веќе сме ги заборавиле.На почетокот пробував да ја разубедам дури ангажирав и нејзини другарки но таа беше цврсто решена.Девојката се повлече целосно,се затвори се оддели од мн луге што и значеја. Но советот ми треба за мене не за незе: На почетокот пробав да си го живеам стариот живот со излегувања дружења со другарите,се гледав и со девојка со цел да ја заборавам.Но не одат така работите секое излегување ја барав бившата, секоја песна ме потсетуваше на незе,секоја ноќ мислев на незе,си поставував прашања но не добивав одговори кога и да и се јавев го добивав истиот одговор.Моментално секој втор ден сум пијан, се дрогирам се карам со пријатели и ред други работи што не личат на мене и мојот карактер.Ако некој имал некој ваков или сличен проблем добро би ми дошло совет иако не верувам дека ке го прифатам.Едноставно ја сакав и сеуште ја сакам.
П.С. Мислам дека не е со никого иако ја немам видено повеќе од 2 месеци,иако живееме во не мн голем град


1. Епа кога е долга врската, нејзините и твоите животни одлуки се и заеднички животни одлуки.
Ако притоа не се чувствува било кој од вас добро со себе и со своите минати одлуки, тогаш, нормално дека врската страда и вината/одговнорноста се префрла на двете страни. Не дека не е секој индивидуа сама за себе, ама во врските обавезно тоа се заборава до некаде, дека секој човек е сам.
Така да, ситуацијата е многу посложена од кратките врски и мувањата

2. За да се негува една долга врска/брак, човек треба да си го "негува" и својот живот. Односно, само човек што се чувствува исполнет со себе е способен да исполни една долга врска/брак. Слично на она што се вика дека не е можно да сакаш некој ако си мизантроп (мора да ги сакаш луѓето како такви, за да сакаш некој).

3. Во долги врски, можно е од двете страни да се појави дисреспектот, кој е помалку или повеќе, нормална човечка особина, но овојпат, да надвладее над емпатијата (која ја имаат вљубените и луѓето со душа,некои). И тоа, дисреспектот може да се забележи и преку малите работи, на пример ти дала некоја забелешка за нешто што упорно и по истата, продолжуваш да го правиш.

Така да, треба да размислиш на три прашања:

1.Кои/колкави се резидуалните обвинувања кон тебе од нејзина страна?
2. Како се чувствува периодов (последните месеци кога бевте заедно) со својот живот?
3. Дали ти даваше критики и ти како одговараше на критикување?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom