- Член од
- 6 јули 2011
- Мислења
- 3.829
- Поени од реакции
- 7.711
Сте биле заедно 6 години и тоа не може да се премости толку лесно. Сега е време за тагување.И нејзе не и е лесно. Веројатно затоа се повлекла. Не ја гњави. Нема смисла. Тоа ти го кажувам од искуство. Пред неколку години и јас раскинав долга врска. Точно така, заради работи што демек беа небитни и надминати. Не беа. Само се трупаа нови и нови проблеми. Да не навлегувам у детали, мене ми беше исто толку тешко колку што му беше нему. Но има врски кои едноставно нема смисла да се продолжат. Веројатно и вашата е таква.Пред неколку месеци прекинавме 6 годишна врска.Како и сите нормални врски и ние имавме нормална врска.Морам да признам дека во првите 2 години имавме доста проблеми од типот на љубомора,детски караници бла бла бла небитно,го поминавме тој период и почнавме да градиме една сигурна и здрав врска.Под сигурна мислам на доверба,љубов,редовен секс,искреност, чесност. Имавме проблеми но се обидувавме да ги решаваме и ги решававме, слободно можам да кажам и дека нејзините другарки и завидуваја.Јас работам во др држава за време на летото но тоа никогаш не претставувало проблем,секое лето идела на одмор каде и да сум и јас целото слободно време сум и го посветувал незе. И оваа година дојде на одмор, се беше во ред освен некои ситници.По некое време ми се јавува на телефон и ми кажува дека не можи повеќе да оди со мене а причината била дека се гушела во врската.На почетокот не го сватив тоа сериозно поради тоа што немав причина да го сватам сериозно си реков дека е една обична женска глупост на која утре нема ни да се сеќава.Но кога видов дека не е во ред морав да напуштам од работа предвреме и да се вратам дома да си ги решам проблемите.Но кога се вратив дома таа веќе беше решена да раскини со мене, а причината истата дека се гуши во врскава и некои стари проблеми за кои веќе сме ги заборавиле.На почетокот пробував да ја разубедам дури ангажирав и нејзини другарки но таа беше цврсто решена.Девојката се повлече целосно,се затвори се оддели од мн луге што и значеја. Но советот ми треба за мене не за незе: На почетокот пробав да си го живеам стариот живот со излегувања дружења со другарите,се гледав и со девојка со цел да ја заборавам.Но не одат така работите секое излегување ја барав бившата, секоја песна ме потсетуваше на незе,секоја ноќ мислев на незе,си поставував прашања но не добивав одговори кога и да и се јавев го добивав истиот одговор.Моментално секој втор ден сум пијан, се дрогирам се карам со пријатели и ред други работи што не личат на мене и мојот карактер.Ако некој имал некој ваков или сличен проблем добро би ми дошло совет иако не верувам дека ке го прифатам.Едноставно ја сакав и сеуште ја сакам.
П.С. Мислам дека не е со никого иако ја немам видено повеќе од 2 месеци,иако живееме во не мн голем град
Ќе ти биде тешко и ќе преживееш. Како и сите ние на овој подфорум.
Пиењето и дрогирањето ќе ти направат само уште повеќе проблеми, не се дел од решението.