Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

С

Сатори

Гостин
Snake123 напиша:
Здраво јас сум нов на форумов :helou:

Имам еден проблем, се надевам дека ќе ми помогнете. Си се симпатизираме со едно девојче но таа не сака да влегува во врска бидејки нејзините родители се разведени. Па кажете ми што да правам во врска со ова? Како да ја натерам,уверам.....?
Можеби да се обидеш да и објасниш дека тоа тебе не ти пречи и дека тоа што се случило со нејзините родители нема зошто да влијае на вашата врска.Дека она е самостојна личност и дека со таа личност сакаш да имаш врска, дека сакаш да ја сакаш и да ја чуваш.:smir:
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Snake123 напиша:
Здраво јас сум нов на форумов :helou:

Имам еден проблем, се надевам дека ќе ми помогнете. Си се симпатизираме со едно девојче но таа не сака да влегува во врска бидејки нејзините родители се разведени. Па кажете ми што да правам во врска со ова? Како да ја натерам,уверам.....?
Биди френд. Поддршка и пријател. Не ја прашувај за ситуацијата дома, освен ако самата не ти каже. Ако нејзе и е пекол, разведри ја.

Баш поради нејзиниве проблеми, ако правилно се поставиш, девојчето ќе се приврзе за тебе. Нормално е да се плаши и да нема верба во врските помеѓу машко и женско после минатот искуство, али ти можеш да го мениш тоа. Не настојувај, биди природен, биди ти -освен ако не си настојчив и досаден по природа :).

А ако само сакаш да и го здрвиш, батали муабетов од погоре.
 
Член од
9 февруари 2006
Мислења
112
Поени од реакции
2
eXelion напиша:
Brat ne e do tebe do niv e
ic da ne te bole dzole
Друже мене ич и не ме боле, боли тоа што не ми кажуваат зашто не само да исчезне некоја, причина нека каже тоа ме мачи
 
Член од
5 април 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
Zdravo.

Pa, mislam deka imam ljuboven problem. Po se izgleda, se zaljubiv vo edna devojka. Problemot e samata devojka.

Ednac, mi veli deka me saka, drug pat jasno pokazuva deka ne me saka...

Se plasam da ja pobaram da se " fatime ", sto da pravam?
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
coekot напиша:
Луѓе сите девојки што ми раскинале некако се вадат на финтата дека цело време с.............
Проблем е што ги слушаш. Нема да ги слушаш, ти ќе збориш. Кај бе така девојка да ти се качува на глава, има еден збор кој жените сакаат да го слушнат од тебе и се вика сус.
Зборот сус е краток и ефективен и им дава на знаење кој е машко во врската, не ти по тертип ќе им одиш.
И аман, аман, немој да слушаш совети од жени како да се однесуваш со жени.
Ќе те наведат на лош пат. Жена не знае што сака, ти треба да знаеш наместо нејзе, таа ја очекува иницијативата.
А и може зависи од работата, на многу жени им е важна перспективата, во превод да заработуваш доста.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
793
Поени од реакции
6
Snake123 напиша:
Здраво јас сум нов на форумов :helou:

Имам еден проблем, се надевам дека ќе ми помогнете. Си се симпатизираме со едно девојче но таа не сака да влегува во врска бидејки нејзините родители се разведени. Па кажете ми што да правам во врска со ова? Како да ја натерам,уверам.....?
taa e uplasena deka i na nejze ke i se sluci takvo nesto a ti ako stvarno ti se sviga treba da imas goolemo trpenie za nea i da ja uveris deka sakas da imast nesto poveke so nea a ne samo za edna vecer:)) no samo ako navistinaaa ti se sviga a ako ti e za onaka podobro ostavi ja ima i drugi devojki:smir: :smir: :smir: :smir:
 
Член од
14 мај 2007
Мислења
12
Поени од реакции
0
Еве ја и мојата приказна: со дечково се познаваме веќе подолго време на почетокот бевме другари но после тоа он ми изјави љубов и ми кажуваше цело време дека му е тешко дека не може да ме гледа како другарка а јас го одбивав со изговори дека сега не сум спремна за сериозна врска и дека не го заслужувам дека е предобар за мене, а во меѓу време имав дечко но не беше ништо сериозно а он се знаеше бидејќи секогаш бевме отворени и се си кажувавме. Се додека еден ден не се сменија работите кога он фати девојка и кога почувствував дека го губам кај мене се родија некои чувства кои прераснаа во вистинска љубоб и решив тоа да му го кажам. Но тогаш он ме одби а јас решив да се овлечам. Не контактиравме некое време, но кога пак се слушнавме решивме дека стварно неможеме еден без друг и дека ќе бидеме заедно. Но тоа не траеше многу. Врската и сексот беа повеќе од одлични да речам. Се додека пред некој ден не ми кажа дека го фатила фобија од врска и дека јас сега сум била премногу добра за него и дека не ме заслужувал, и дека не можел да ми овозможи некои работи кои наводно сум ги заслужувала.
На прашањето дали има друга или дали сака се гледа со други ми одговори дека нема и не сака и дека ме сака и дека се му е убаво со мене.
Епа ајде сега што е работава што сака, јас стварно незнам.А разделбава многу тешко ми паѓа :(:(:(:icon_conf:icon_conf
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
SexyBitch напиша:

Има два одговори ова ...
Или дечково нејќе да е повеќе со тебе затоа што не му е се` прекрасно колку што ти било тебе, па едноставно му поминал ќеифот, или навистина така мисли, но ова ми е поневеројатно.
Знаеш, тоа ти е еден најстандард изговор за раскинување со некого, кого демек не сакаме да го повредиме ...
Ете тоа е моето отворено мислење, кое можеби и не е точно или лесно за тебе.
Тука мислам дека ти лично нема што да правиш повеќе, освен да го оставиш, па да видиш дали пак некогаш ќе го заинтересираш, или ќе промени мислење и ќе сфати дека сте си добри и доволни еден на друг. Тоа за мене е губење време што може нема да се исплати и за кое ќе се каеш, но ако можеш и мислиш дека само него го сакаш па неможеш да најдеш друг, чекај ...:toe:
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Necrophilia напиша:
.........
п.с. а пред извесни 20 минути ми се јави една напалена бивша...
Со цел памет на форум прашуваш што да правиш со Анастазија која е исто од форум?
Сеир ли сакаш да ви маваме?
Или така си комуницирате. Нели ти беше со мобилни гуру, јави и се.
Ако видам уште еднаш некој -конфликт-, -проблеми-, меѓу вас
ќе бидам во одговорите -интересен-.
 
Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Никола напиша:
Со цел памет на форум прашуваш што да правиш со Анастазија која е исто од форум?
Сеир ли сакаш да ви маваме?
Или така си комуницирате. Нели ти беше со мобилни гуру, јави и се.
Ако видам уште еднаш некој -конфликт-, -проблеми-, меѓу вас
ќе бидам во одговорите -интересен-.
еј седи мирен сериозна ситуација, башка форумов ни е комуникација, намсто смс пораки.

жалам за тие што ги малтреитирам кои мораат да ги читаат моите постови, ама сепак не се приморани со сила.
п.с. ти од ДХ си?

п.с. темава е за решавање на љубовни проблеми, мислам дека тоа што сум поврзан со мобилните не ми дава никаква забрана да пишувам во оваа тема нели?
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Necrophilia напиша:
еј седи мирен сериозна ситуација, башка форумов ни е комуникација, намсто смс пораки.

жалам за тие што ги малтреитирам кои мораат да ги читаат моите постови, ама сепак не се приморани со сила.
п.с. ти од ДХ си?
Ај добро ако сте си воспоставиле таква комунаикација нема да ве зафркавам, знам како ми беше на 19-20 таму некаде.
Што ти е тоа дх? Демир Хисар ?
Не не сум.
Да не ти се видов познат?:)))
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Necrophilia напиша:
ете ми дојде и на мене ред да почнам да се жалам со проблеми во врскава.
Ептен ми е тешко да го прифатам тоа дека девојка ми сака да правиме пауза оти сум и здосадил.
т.е. целата приказна е ова. Веќе година ипол секој ден се гледаме од 19 до 20.30 часот освен петок што остануваме цела вечер заедно и саботи до 12 часот.
Она беше на екскурзија една недела низ европа со нејзино школо и во саботата се врати, беше премногу уморна за да може да ни биде интересно па затоа денеска во понеделник ни беше првиот асален дијалог и прво што почна е тоа дека сака да паузира оти не гледа ништо променето ни во мене ни во неа а уште помалку во врската па затоа добро ке и дошло малце пауза т.е. со нејзини зборови да прошетаме во други библиотеки и да се изначитаме.

што велите да и раскинам или не?
исто така друга работа што приметив закачила херпес додека беше на екскурзија, две години се знаеме не закачила херпес сега за 5 дена успеала... кхм.. чудно.

п.с. а пред извесни 20 минути ми се јави една напалена бивша...
Муабет и само муабет. Џабе бараш совет, никој неможе совет да ти даде како што вие можете да си решите доколку сакате.
 
ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Necrophilia напиша:
што велите да и раскинам или не?
п.с. а пред извесни 20 минути ми се јави една напалена бивша...
Пауза не е нит лошо нит опасно , разлогот за пауза е битен , спомнуваш барала промени, тогаш биди маж и покажи дека вреди да ги почека промените.
И да бев на твое место најбитен ќе ми беше разлогот на пауза , матура , раскарсниза во животот , сака да ја смири топката , тогаш е сосема ок , ке имаш поведра девојка кога ке се врати.
Не прифатливо е пауза кога се работи да се провери дали е позелена тревата кај комшите , тогаш стави точка .
И не ја понижувај , херпес е вирус се добива од нечисто и намален имунитет исто , не само од пикање јазик кај што не треба .
Ви посакувам успех
 
SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
72
Necrophilia напиша:
ете ми дојде и на мене ред да почнам да се жалам со проблеми во врскава.
Ептен ми е тешко да го прифатам тоа дека девојка ми сака да правиме пауза оти сум и здосадил.
т.е. целата приказна е ова. Веќе година ипол секој ден се гледаме од 19 до 20.30 часот освен петок што остануваме цела вечер заедно и саботи до 12 часот.
Она беше на екскурзија една недела низ европа со нејзино школо и во саботата се врати, беше премногу уморна за да може да ни биде интересно па затоа денеска во понеделник ни беше првиот асален дијалог и прво што почна е тоа дека сака да паузира оти не гледа ништо променето ни во мене ни во неа а уште помалку во врската па затоа добро ке и дошло малце пауза т.е. со нејзини зборови да прошетаме во други библиотеки и да се изначитаме.

што велите да и раскинам или не?
исто така друга работа што приметив закачила херпес додека беше на екскурзија, две години се знаеме не закачила херпес сега за 5 дена успеала... кхм.. чудно.

п.с. а пред извесни 20 минути ми се јави една напалена бивша...
Со сета почит и риспект иако не се знаеме..се надевам се добро ке заврши помегу тебе и саканата...
не е лош предлогот за пауза ..направете обидете се така и ке сфатите колку можете еден без друг и до каде ке идете..др.работа некој приватности немора да се изнесуваат тука на форумов.
Издржи и ако си спремен прифати го нејзиниот предлог можеби 2риот почеток ке биде поинтереси и подобар :smir: се најубаво
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Ако сака пауза за да „прошета по други библиотеки”, и сето ова останато што го кажуваш е вистина - раскинете. Нема смисла да продолжувате понатаму. На нејзе сигурно ќе и биде подобро чим го иницирала ова (како што викаш ти), а и тебе. Не му ја мисли многу. Па ако и двајцата сфатите дека сепак неможете еден без друг - ќе најдете начин да се смирите.

Ама тоа „други библиотеки”... Раскинување сместа. Мењај Firmware и Upgrade кон подобра верзија. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom