koja e razlikata pomegu jahovni svedoci so pravoslavnoto hristijasntvo?
1. Главната разлика е во тоа што Јеховините сведоци не го признаваат Тројството т.е. тие веруваат дека Исус не е Бог и дека Светиот Дух не е Бог.
За Исус веруваат дека е Божјиот Син, првото Божјо создание преку Кого Јехова создал се останато. Го поистоветуваат со архангелот Михаел. Михаел и Исус според Јеховините сведоци се една иста личност. За Светиот Дух веруваат дека не само што не е Бог, туку дека не е ниту личност. Тој според нив е безлична сила, Божјата делотворна сила. Го илустрираат најчесто со безличната електричната струја. Велат: „Кога има струја, вентилаторот врти. Кога ќе го исклучиш од струја, полека престанува.“
2. Понатаму, следна голема разлика помеѓу Јеховините сведоци и православните е тоа што Јеховините сведоци се придржуваат до нивниот превод на Библијата (за нијанса различен од стандардниот), а православните не се придржуваат до Библијата, туку си ги следат своите традиции, обичаи, црковни одлуки итн. Ова само по себе повлекува еден куп разлики во верувањето и праксата. Така на пример Јеховините сведоци не веруваат во следниве небиблиски работи кои низ вековите католичката црква, а подоцна и православните цркви си ги накалемиле на себе:
1. Крштевање бебиња
2. Изработување икони, нивно осветување, а потоа клањање пред нив, целивање, палење кандила итн.
3. Молење на светци (покојни верници)
4. Монаштвото
5. Култот за светите мошти (лешеви), клањање пред нив и нивно целивање, мирисање и сл.
6. Осветувањето на предмети (крстови, бројаници, цркви, куќи и сл)
7. Осветувањето на вода, света вода, фрлање крст за празникот Водици
8. Молење за мртвите, раздавање храна во нивно име (Задушници)
9. Палење свеќи за живи, за мртви, за здравје, за бериќет.
10. Култот на „Пресвета Богородица“ и нејзиното обожавање со околу 40-тина небиблиски божествени титули (најголема, пресвета, преблагословена, Господарка, владичица...)
11. Бацување раце на свештеници.
12. Носење на посебни свештенички одора, великодостојнички мантии и огромни златни крстови на нив.
13. Национализам.
14. Етнофилетизам.
15. Прекрстување со рацете.
16. Мафтање со кандила.
17. Мешање во политика.
18. Побратимување со власта.
19. Целибат на владиците (епископите), архиепископите и сл. (се чудам како ги обвинуваш католиците за ова искривување, кога и во православната црква го има истото)
20. Учењето за митарствата (небесните цариници низ кои поминува душата на покојниот за да им дава отчет на демоните)
* Протестантите исто така не веруваат и не ги практикуваат горните небиблиски верувања и пракси на католичката и православните цркви.
3. Понатаму Јеховините сведоци активно го промовираат Божјото Свето библиско Име „Јехова“, за разлика од православните кои воопшто не го спомнуваат, а и мнозинството од нив веруваат и проповедаат дека тоа не е вистинско Име, туку само симболично.
4. Исто така Јеховините сведоци не слават празници, родендени, нови години, па ниту ни Божиќ и Велигден, туку единствено го одбележуваат од Исус заповеданиот празник: Господовата спомен вечера. Тие велат: „Бидејќи сите остнати празници не се библиски, не треба да ги славиме.“
5. Има и други теолошки разлики околу толкувањето на книгата Даниел, Исаија, Откровението итн. ама не верувам дека тие ќе те интересираат.
Поздрав!