Јеховини сведоци

H

Hombre

Гостин
Затоа што тоа е Неговото Име. (Осија 12:5, Православна Библија) Третата Божја заповед забранува напразно спомнување на Божјото Име, но обраќањето во молитва воопшто не е напразно спомнување на Божјото Име. Напразно спомнување е доколку тоа се спомнува во вицеви, шали, бесцелни разговори, мајтапења и сл.

Тоа е твоја лична одлука.
Ја разбрав твојата добронамерна сугестија уште со постот бр.386 и целосно ја прифатив.
Не коментирам повеќе...
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
како прво никаде во Бибилјата за Бог не стои име Јехова туку Јахве и незнам од каде тие го најдоа ова име и го препишуваат ако име на Бог?

друго за нив слушнав дека не смеат да примаат туѓа храна и да јадат надвор од својата куќа што мислам не е точно, имам јас тетка припадник на оваа вера гледам таа слободно секаде си се гости, тие добиваат и некои задачи од браството, а задачите се состојат во добри дела барем така велат, но мислам тоа е само преодна даска да навлечат повеќе луѓе во верата и тоа многу се упрони и досадни, секое доаѓање на тетка ми кај нас и оп! списанијата на маса и само зборува ко програмирана за таа вера и само на неа мисли, имам чувство како да и е испран мозкот... добро кој што сака нека прави и во што сака нека верува, но нека не ми наметнува мене нешто што не сакам.

--- надополнето ---

У мој случај едно „Не, фала“ никад не е доста. Стално е зошто, па како и све такви прашања за да најдат како да те натераат да слушаш. Барем тие што одат кај свекрва ми на гости ме научија и не ме замуабетуваат на такви теми.

да многу се упорни колку и да ги одбиваш затоа јас сега практикувам демонстративно напуштање на просторијата во која се а доколку не можам отворено им велам дека не ми се свиѓа нивната вера.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
како прво никаде во Бибилјата за Бог не стои име Јехова туку Јахве и незнам од каде тие го најдоа ова име и го препишуваат ако име на Бог?
Зависи во кој превод на Библијата. Во преводот што го користи МПЦ стои името Јехова, а во стандардниот превод изработен од Душан Константинов стои Јахве.

друго за нив слушнав дека не смеат да примаат туѓа храна и да јадат надвор од својата куќа што мислам не е точно, имам јас тетка припадник на оваа вера гледам таа слободно секаде си се гости,
Добро мислиш, тоа не е точно, па дури е и смешно :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Во Библијата Петар значи Камен а Тома значи близнак.
Така да Исус кога му ги покажува раните на телото му ги покажува на близнакот. Чудно е што зборот “близнак“ христијаните не го превеле туку го оставиле непреведен...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Let3, јас не реков дека името е преведено, туку дека во различни преводи различно е напишано. Слично како што и во англиската Библија Тома е Tomas (Томас), а Петар е Peter (Питер).
Евреите при пишувањето не ги запишувале самогласките, туку само согласките. Па така Божјото Име во староеврејските списи се појавува како יהוה (ЈХВХ). Но заради нивното погрешно интерпретирање или, поточно, страв да не ја прекршат 3-тата Божја заповед (која забранува напразно спомнување на Божјото Име), тие при читањето на списите, кога ќе дошле до името на Бог тие правеле една кратка пауза (2-3 секунди молк) и потоа продолжувале, а слушателите знаеле дека таму се спомнува името на Бог. Па оттаму вистинскиот изговор на тоа Име не опстанал во усната традиција на евреите и ние денес не знаеме со сигурност како точно се изговара името на Бог. Најчести претпоставки се Јехова и Јахве или Џехова шо би рекли американци.
 
P

PoisonLady

Гостин
Јас за Јохивините сведоци и не знам многу работи :toe: Знам дека не го признаваат Исус за Божји Син и дека сметаат дека бил обесен на дрво (а не распнат на крст).
Но, не многу одамна запознав една постара женичка која што беше Јеховин сведок и рече дека не смејат да пијат кафе и да јадат свинско месо.Не знам колку е точно ова.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Јас за Јохивините сведоци и не знам многу работи :toe: Знам дека не го признаваат Исус за Божји Син и дека сметаат дека бил обесен на дрво (а не распнат на крст).
Јас добро ги познавам нивните верувања од прва рака. Тие всушност веруваат дека Исус бил распнат на дрвен столб, со рацете над главата, а не раширени во вид на крст. Вистина е дека изворниот коине грчки збор за крст "ставрос" значи дрвен столб, но тој збор воопшто не кажува ништо за формата на тој стол. Значи може и да бил обичен вертикален столб, може и да бил во форма на буквата Т, можеби во форма на буквата Х, можеби крст, сеедно. За нас е важно дека Исус бил распнат и сеедно е каква Му била положбата на рацете во тоа распнување.

Но, не многу одамна запознав една постара женичка која што беше Јеховин сведок и рече дека не смејат да пијат кафе и да јадат свинско месо.Не знам колку е точно ова.
Сведоците смеат да пијат и јадат се освен крв (која не ја примаат ни преку уста, ни преку вена). Сепак има некои од нив кои самостојно одлучуваат да не јадат свинско (од здравствени причини), но тоа не им е забрането. Сигурна си дека жената не беше адвентист? Затоа што тие се тие кои не пијат кафе и не јадат свинско.
 
Хмм...не сум 100 % ама точно се сеќавам дека ми рече дека не смејат да пијат кафе и да јадат свинско месо.
Како и да е,не ги знам точните карактеристики на сите овие секти или што и да се веќе.
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Јас добро ги познавам нивните верувања од прва рака. Тие всушност веруваат дека Исус бил распнат на дрвен столб, со рацете над главата, а не раширени во вид на крст. Вистина е дека изворниот коине грчки збор за крст "ставрос" значи дрвен столб, но тој збор воопшто не кажува ништо за формата на тој стол. Значи може и да бил обичен вертикален столб, може и да бил во форма на буквата Т, можеби во форма на буквата Х, можеби крст, сеедно. За нас е важно дека Исус бил распнат и сеедно е каква Му била положбата на рацете во тоа распнување.

Сведоците смеат да пијат и јадат се освен крв (која не ја примаат ни преку уста, ни преку вена). Сепак има некои од нив кои самостојно одлучуваат да не јадат свинско (од здравствени причини), но тоа не им е забрането. Сигурна си дека жената не беше адвентист? Затоа што тие се тие кои не пијат кафе и не јадат свинско.
веќе кога сме кај крстот неодамна на еден од истражувачките канали запазив истражување за крстот на кој бил распнат Исус, научниците кои истражуваа дојдоа до сознанија дека Исус всушност бил распнат на крст во форма на буквата Т а знакот ИНРИ кој стои над главата на Исус дополнително на помало стапче го додавале на крстот што визуелно од далеку дава форма на крст во буквална смисла. Така да Јеховини сведоци не се во право за крстот.

--- надополнето ---

Јас добро ги познавам нивните верувања од прва рака. Тие всушност веруваат дека Исус бил распнат на дрвен столб, со рацете над главата, а не раширени во вид на крст. Вистина е дека изворниот коине грчки збор за крст "ставрос" значи дрвен столб, но тој збор воопшто не кажува ништо за формата на тој стол. Значи може и да бил обичен вертикален столб, може и да бил во форма на буквата Т, можеби во форма на буквата Х, можеби крст, сеедно. За нас е важно дека Исус бил распнат и сеедно е каква Му била положбата на рацете во тоа распнување.

Сведоците смеат да пијат и јадат се освен крв (која не ја примаат ни преку уста, ни преку вена). Сепак има некои од нив кои самостојно одлучуваат да не јадат свинско (од здравствени причини), но тоа не им е забрането. Сигурна си дека жената не беше адвентист? Затоа што тие се тие кои не пијат кафе и не јадат свинско.

да и тоа е точно не примаат крв од никого значи ако некој е на работ на смртта мора да умре не смее да прима крв од друг...
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
кај мене професор у школо е еден од нив...а шо разбрав нешо нож преку викенд не смееле да држат?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
кај мене професор у школо е еден од нив...а шо разбрав нешо нож преку викенд не смееле да држат?
Точно така!!! Дозволено им е единствено да се држат за рачката од ножот преку викендот, бидејќи ако се фатат за ножот(остриот дел) можат да се пресечат, па затоа им забрануваат да се фаќаат за тој дел. Интересна и полезна забрана!!!
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
23
кај мене професор у школо е еден од нив...а шо разбрав нешо нож преку викенд не смееле да држат?
Od kade pak sega ova ... :smeshko:

Jehovinite svedoci se edni od najtrezvenite i najdobrite lugje sto gi poznavam .

Nema vrska toa kazuvanje , greska si razbral :)
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Od kade pak sega ova ... :smeshko:

Jehovinite svedoci se edni od najtrezvenite i najdobrite lugje sto gi poznavam .

Nema vrska toa kazuvanje , greska si razbral :)

Не реков дека не се добри ни било што лошо во врска со нив.....едноставно знам дека професорот е таков...и за воа адетов со ножов разбрав од други..а колку е точно пишуе членот над тебе !
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
23
Не реков дека не се добри ни било што лошо во врска со нив.....едноставно знам дека професорот е таков...и за воа адетов со ножов разбрав од други..а колку е точно пишуе членот над тебе !

Ok, samo sakav da kazam deka za niv pisuvaat mnogu nevistiniti raboti koi se smesni, kako na primer ona sto ti go napisa. Ova bese vistinski biser, prvpat go slusnav :smir:

A clenot nad mene vo svojot post ( ako mislis na gospel ) go napisa toa na zafrkancija so namera da se poseguva :wink:
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Ok, samo sakav da kazam deka za niv pisuvaat mnogu nevistiniti raboti koi se smesni, kako na primer ona sto ti go napisa. Ova bese vistinski biser, prvpat go slusnav :smir:

A clenot nad mene vo svojot post ( ako mislis na gospel ) go napisa toa na zafrkancija so namera da se poseguva :wink:

Незнам јас дали е на зафрканција или не...секој има право на мислење...а и мислам дека секое мислење е добредојдено...:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom