Еве зошто си атеист.
Инаку стварно ме интересира како ти си го замислуваш бракот?
Не сум атеист само од овие причини, но на друго место имам образложено за тоа.
Како го замислувам бракот - пред се, не како ,,света,, институција, туку и институција, и те каква, што би рекле кај нас - ортачка. Ако знаеш како изгледа една фирма, лесно ќе сфатиш. Двајца директори, неколку вработени (во однос на хиерархија). Јас не сакам и не барам да бидам доминантен партнер, напротив, сакам да го делам моето место со другиот партнер. А дека мојот сопруг ќе добие воопшто право да ме притиска, да ми поставува правила, не дај боже да проба да забрани нешто, не па да љубомори, или не знам да ме проверува, да ми кажува како да се облекувам или однесувам......... подобро нека си побара друга жена. Затоа и бракот не ми е приоритет во животот.
Вие, мажите, за жал, се сфаќате буквалистички, нема кај вас нијанси, се е црно и бело. Или е невина, или е курва. Ако е успешна, се плеска со шефот, ако не е успешна, е затуцана. Ако се облекува убаво, пак е курва, ако не, сељанка. И посебно имате еден момент, без оглед во која генерација сте, или сте лигуши и не се ни трудите да соработувате, или се обидувате да бидете доминантни.
Мој заклучок е дека едноставно немате чувство за средина, со чесни исклучоци.
Жените никогаш не сакаа да станат мажи, затоа што мажите не ни беа идоли кои сакавме ние да бидеме. Никој не ја одзема вашата функција. Сами ја напуштивте зошто не знаете да делите праведно.
--- надополнето ---
Онака... со флертови на работа,заводлив парфем,опасна танга, бунга-бунга со шефот...
Жената на шефот вриска по телефон
-Ти мала дрољо !
После тоа развод, животот на децата им е практично уништен мајката живее под кирија таткото плаќа алиментација, а "типкава" си го живее животот...
Ништо не им е свето џабе им објаснуваш.
Дали знаеш што споредуваш? Знаеш, би требало да ме навреди твојот коментар, ама нема.
Затоа што нема ништо ,,свето,, во тоа да бидеш нечија љубовница, или љубовник, ниту пак има нешто ,,несвето,,. Нема тука религија. Моралот не е исто што и религија.
Неморално е да има некој секс за подобро работно место - и не да биде само мала дроља, туку и копук, кој е фаца што ја опнал нели шефицата. Ама не е неморално да имам секс со мажи кои ниту ми се претпоставени, ниту се дечковци на моите другарки.
Никому не му штетам, за жал, ти многу погрешно си протолкувал. Мојот потпис е тука не случајно, туку за да прочиташ што ми е најважно.
А зарем ти сметаш дека жена за да има лидерска работна позиција треба да се работи со шефот? Ахх.. кутро мое поднебје.