Еве го видеото од рекламната кампања
Значи автобусиве се пуни и во шкљ термини, а овде реклами идат... пуни се и ЈСП и приватните.
Парите можеле да се искористат за вако нешто:
ИНИЦИЈАТИВА ЗА НОВА АВТОБУСKА ЛИНИЈА
Драчево и Гази Баба да се спојат со „42“
Граѓаните од населбите Драчево, Пинтија и Усје до своите работни места, училишта, факултети патуваат до Центар, користат две до три автобуски линии, и секојдневно губат часови за да стигнат до саканата дестинација - образлагаат од советничката група на СДСМ
Нова автобуска линија, која ќе ги поврзе трите општини Kисела Вода, Аеродром и Гази Баба, е иницијативата на советничката група на СДСМ, која ќе се најде на дневен ред на следната седница на Советот на Град Скопје. Нивното барање е главна сообраќајна врска на новата линија да биде булеварот Србија.
- Граѓаните од Општина Kисела Вода, односно населбите Драчево, Пинтија и Усје до своите работни места, училишта, факултети патуваат до Центар, користат две до три автобуски линии, секојдневно губат час, па и до два повеќе од своето време за да стигнат и да се вратат до саканата дестинација - се вели во образложението од иницијативата.
Според нив, доколку се воспостави, би можело тоа да биде автобуска линија со број „14“ или „42“. Последна автобуска станица да биде на трасата на линијата „41“ , Драчево, на улицата „Првомајска“ кај Пинтија. Потоа преку булеварите Србија, Војводина , да оди кон Општина Гази Баба, односно „Алкалоид“, „Пивара“, Шумарски факултет с` до средното училиште „Панче Арсовски“ и обратно.
Од ЈСП велат дека според анализата што ја направиле за тоа колку километри ќе треба да се поминат и колку патници се очекуваат на оваа линија, нејзиното отворање би требало да се почека до наредната година.
- Пресметавме дека на годишно ниво за оваа линија ќе бидат потребни дополнителни 1,5 милион денари, субвенции од Градот. Останува Советот на Град Скопје да одлучи, но моето мислење е дека треба да се почека до 2012 година, бидејќи буџетот на Градот за годинава е затворен, а и цената на нафтата е висока - изјави Мишо Николов, директор на ЈСП. (А.П.)
Извор:
Дневник