ЈСП - случки, прашања, дискусии

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Имате и приватна вие со 22ка, имате избор. Камо да имаше приватна 5ка, а плус кога заглавува на железничка - градска - рекорд исто ко на 20 минути да доаѓа. Така и плус ЈСП знаат дека на таа рута нема приватен и дури и смешно забележливо е како пополека возат, знаат дека патниците никој не им ги дира. :)
не реков дека нема приватна 22ка ама и петката е рдовна !!! а тоа дека заглавувала на рекорд или на железничка... незнам ја си одам со 57ца дома и она ко шо знам заглавува на рекорд и на градска а за на битпазар не зборам.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.915
Поени од реакции
73.248
Денеска колку имаше пензионери што мислеа дека веќе бил донесен законот :pos:
Влагаат во автобус и прашуваат и денес е слободно така???:pos:
И овој вика демек изгласан е законот али ќе стапел во важност за некоја недела, и овие ќе го потепаа. И одма почнаа како за нив требало секој ден да е бесплатно :icon_mrgr

--- надополнето ---

Озбилно?
Ми се повраќа од овој гол популизам. Ми се повраќа!
ОЗбилно, али ќе биде во важност од следна или некоја наредна недела :)
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Треба да пуштат приватна 57. Има на секој 10 минути али ептен е долга линијата и многу гужва има у автобусите. Плус често каснат.
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Пензионерите и во вторник бесплатно во автобус

Пензионерите од Скопје ќе добијат уште еден термин за бесплатно возење со скопските автобуси.

Освен петок, пензионерите сега ќе можат да се возат бесплатно во автобусите на ЈСП „Скопје“ и во вторник.

Со оваа реализација Градот Скопје ќе даде субвенции на ЈСП во износ од 11 милиони денари. За овој проект се заложи градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, а Советот на Град Скопје едногласно го усвои предлогот.

ЈСП „Скопје“ од ден на ден се повеќе ги подобрува условите во возниот парк со купување на нови автобуси.



Извор
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
А таман некој ќе помисли дека ќе биде мерак возењево во новиве авотбуси......Искрено жал ми е за сите тие кои секој ден треба да патуваат со автобус за на работа/школо.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Избори се ближат, избори се ближат...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
А таман некој ќе помисли дека ќе биде мерак возењево во новиве авотбуси......Искрено жал ми е за сите тие кои секој ден треба да патуваат со автобус за на работа/школо.
од каде па ти имаш поголемо право да користиш автобуси- отколку пензионерите ??? Та уште и со мерак да се возиш ?-
Мераци само со сопствен автомобил-
штом си се решил за градски превоз- знај дека секој има подеднакво право на негово користење .
Зошто Србија не се бунтува како овде- таму секој ден им е бесплатен за пензионерите ??
плус со вторников- ќе се растеретите повеќе- бар ќе можат двапати неделно по желба и избор да се провозат - наместо еден ден во неделата .
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Немаат смисол за бизнис ,по една украинка со патец под грло као хостеса ,150 денари карта во правец без никој да зуцне ке им пројде....
Догодина оооооп автобуси на 3 спрата ......
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
од каде па ти имаш поголемо право да користиш автобуси- отколку пензионерите ??? Та уште и со мерак да се возиш ?-
Мераци само со сопствен автомобил-
штом си се решил за градски превоз- знај дека секој има подеднакво право на негово користење .
Зошто Србија не се бунтува како овде- таму секој ден им е бесплатен за пензионерите ??
плус со вторников- ќе се растеретите повеќе- бар ќе можат двапати неделно по желба и избор да се провозат - наместо еден ден во неделата .
Дечко не станува збор за тоа колку кој има право да се вози у автобус. Незнам дали се возиш често по автобусиве,али ја ќе ти кажам дека у петок морам порано да излезам од дома едно добри 15 за 20 минути за да стигнам на време у школо. Ситуацијата у автобус нејќеш да ти ја опишам значи.... Дека ќе има растеретување ќе се прашаме тоа.... Сигурен сум дека истите фаци ќе ги глеам и у вторник и у петок.....
И од кај знаеш србите дали се бунат или не ?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Почнаа изборните глупости...

Што потреби имаат пензионериве, и тоа секој петок полн автобус, мислиш ко животот да им зависи од тој ден и тој градски автобус. Чуден народ сме, се „докажавме“ и на ручекот на камени, ама и ова пензионериве и популистичкава власт немаат осет. Дедо ми што отиде како пензионер од ЈСП и има доживотна слободна од ЈСП па на пазар со точак иде а има 80 години, овие другиве со 12.000 пензија чекаат петок да џаболебарат, чунки многу работа имаат, и тоа сите тој ден.

Него, треба да дадат слободни на пензионерите со да речем 6-7000 денари пензија, другите ќе си плаќаат карта, што се семејствата што живеат со социјална помош помалку важна категорија граѓани од пензионери со 12-14-20 000 пензија? Лош систем, сите знаеме зашто, заради заокружувачките можности на пензионерите.


Ај, нека им дадат на сите пензионери, али нека даде ЈСП без донација од град Скопје т.е. нас. Нашите пари има каде да се дадат, од пополнување на дупките(барем тоа), до тротоарите(секој ден поминувам спроти сок банка и се чудам како може да е толку уништен тој тротоар во центарот од градот), кантите, осветлувањето итн...
 
Ф

ФорцаМилан

Гостин
Ве жалам вас што одите со други автобуси(посебно СЕДМИЦА! СМРТ),23ка мислам дека е најтоп автобус ретко кога сум начекал гужва!
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
од каде па ти имаш поголемо право да користиш автобуси- отколку пензионерите ??? Та уште и со мерак да се возиш ?-
Мераци само со сопствен автомобил-
штом си се решил за градски превоз- знај дека секој има подеднакво право на негово користење .
Зошто Србија не се бунтува како овде- таму секој ден им е бесплатен за пензионерите ??
плус со вторников- ќе се растеретите повеќе- бар ќе можат двапати неделно по желба и избор да се провозат - наместо еден ден во неделата .
дечко сите имаат подеднакво право на автобусите ама ај објасни ми ја логиката зашто едни да плаќаат други да не плаќаат? шо сме ние по малку битни од пензионерите? попрви би рекол дека студенти и ученици не треба да плаќаат околку пензионери. тоа е прво.
друго. гужва у автобус нормоално е да има а ма у петок глетката е НЕНОРМАЛНА !!! едвај чекаат петок да дојде да се повозат да купат од битпазар пипер патлижан и слично зашо е поевтино(уствари им ги креваат цените у петок ама кој да види). така да наместо сите да чекаат петок или втореник за да се возат гага подобро б било секој ден да им се напраи - така ке се растерети гужвата !

--- надополнето ---

Треба да пуштат приватна 57. Има на секој 10 минути али ептен е долга линијата и многу гужва има у автобусите. Плус често каснат.
нема теоретски шанси да се пушти приватна 57ца од една причина. 57ца е мислам моментално со најдолга релација и на најпрометно место така да јсп од оваа линија има голема заработка. - и да би дале лиценца за приватен автобус којзнае колку пари ке треба да чини истата.
 
С

Спенсер

Гостин
Еден предлог... од стариве автобуси, 20тина нека се одвојат,нека се префарбаат ЦРНИ!!! И во нив само пензионери да се качуваат... и крај :)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Еден предлог... од стариве автобуси, 20тина нека се одвојат,нека се префарбаат ЦРНИ!!! И во нив само пензионери да се качуваат... и крај :)
хах добар предлог. ама едно не ми е јасно.. зашо баш ЦРНИ ? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom