Почнаа изборните глупости...
Што потреби имаат пензионериве, и тоа секој петок полн автобус, мислиш ко животот да им зависи од тој ден и тој градски автобус. Чуден народ сме, се „докажавме“ и на ручекот на камени, ама и ова пензионериве и популистичкава власт немаат осет. Дедо ми што отиде како пензионер од ЈСП и има доживотна слободна од ЈСП па на пазар со точак иде а има 80 години, овие другиве со 12.000 пензија чекаат петок да џаболебарат, чунки многу работа имаат, и тоа сите тој ден.
Него, треба да дадат слободни на пензионерите со да речем 6-7000 денари пензија, другите ќе си плаќаат карта, што се семејствата што живеат со социјална помош помалку важна категорија граѓани од пензионери со 12-14-20 000 пензија? Лош систем, сите знаеме зашто, заради заокружувачките можности на пензионерите.
Ај, нека им дадат на сите пензионери, али нека даде ЈСП без донација од град Скопје т.е. нас. Нашите пари има каде да се дадат, од пополнување на дупките(барем тоа), до тротоарите(секој ден поминувам спроти сок банка и се чудам како може да е толку уништен тој тротоар во центарот од градот), кантите, осветлувањето итн...