Ѓорѓе Балашевиќ

Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Не знам дали сте знаеле, или можда го има на минатите страни, али сепак. Ова е од албумот Dnevnik starog momka, посветено до жена му. :D


"Otilia" - 4:43
"Ljerka" - 4:20
"Ankica" - 4:35
"Jaroslava" - 5:04
"Eleonora" - 4:51
"Nevena" - 5:23
"Anita" - 4:08
"Julija" - 5:29
"Branislava" - 7:02
"Ognjena" - 5:01
"Ljudmila" - 4:32
"Anđela" - 3:39
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
Poslusaj zato savet sto ce ti cica dati
Kad imas mladog petla, ne daj mu da se pati
Pusti ga neka leti, neka ga koke vide
Posle ce biti kasno, i petlu vreme ide
:cuc::cuc:
if you know what i mean e pesnava :D
 

Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Eден од најдобрите концерти... Нема слика, само аудио е, ама е одличен!
 
R

Randy

Гостин
Може се веќе постирани наназад и сите ги знаете ама не штети уште еднаш да се постираат. Верзиите од концертот во Пула се подобри од верзиите на цеде или од други концерти.
Ne lomite mi bagrenje - Pula
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Авалон објавија на Фејсбук пред неколку минути дека на 19 април Џоле доаѓа во Скопје! Ајде пак ќе си плачам и вриштам на Некои нови клинци! Тоа се чека!
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Авалон објавија на Фејсбук пред неколку минути дека на 19 април Џоле доаѓа во Скопје! Ајде пак ќе си плачам и вриштам на Некои нови клинци! Тоа се чека!
19 април ми е најлош ден во изминатите 12 години ама време беше да се прекине традицијата. Фала ти на радоста иако е рано! :)

Еве ја и веста.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.964
Поени од реакции
12.382
Сајтот на Авалон Продукција им е тапа, но успеав да најдам линк до веста.

На ова ќе мора да се оди, Џоле во Скопје е реткост во која последен пат уживав на 12 февруари 2011.

http://www.avalon.com.mk/NOV/vest_iframe.php?newsid=141

14/01 2013





Почитувани,

со огромно задоволство Ве информираме, Вашите
барања се исполнети !

Време е за нешто убаво !

Во склоп на својата нова турнеја Осмех се вратио у град”, Ѓорѓе Балашевиќ (човекот за кого не се потребни било какви епитети), доаѓа во Скопје на 19 ти Април !

Место на настанот – акустично совршената арена Борис Трајковски !

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати во петок !

Исклучителна задоволна и среќна

Ваша

Авалон Продукција
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Отворив тема во Ноќен Живот да си се договарате за дешафкава.

Јас за среќа ќе пловам од Козумел, Мексико кон Галвестон, Тексас. (органски не го варам)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.964
Поени од реакции
12.382
Отворив тема во Ноќен Живот да си се договарате за дешафкава.

Јас за среќа ќе пловам од Козумел, Мексико кон Галвестон, Тексас. (органски не го варам)
Можеби ти не го вариш органски, но очигледно тој тебе те сварил, бидејќи успеал да ти го привлече вниманието до тој степен што си отворил посебна тема во која му правиш бесплатен маркетинг, па дури успеал и да те убеди да оставиш коментар за него на оваа тема. :tapp:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Вака, чисто информативно. Подфорумот Музика е за музиката која ја прават музичарите. Кога изведувачите доаѓаат на концерт во Македонија, се отвора тема во Ноќен живот. Simple as that :)

p.s. фала за пријавата, сеа ќе кликнам игнор на истата :p
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.964
Поени од реакции
12.382
Вака, чисто информативно. Подфорумот Музика е за музиката која ја прават музичарите. Кога изведувачите доаѓаат на концерт во Македонија, се отвора тема во Ноќен живот. Simple as that :)

p.s. фала за пријавата, сеа ќе кликнам игнор на истата :p
Повели пак. :P

Не само што не можеш органски да го свариш, туку очигледно и на жуљ ти згазнал, ти пловиш низ Латинска Америка и Карибите, а коментираш за него, па уште и игнорираш пријави за непотребни теми. :pos:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Повели пак. :P

Не само што не можеш органски да го свариш, туку очигледно и на жуљ ти згазнал, ти пловиш низ Латинска Америка и Карибите, а коментираш за него, па уште и игнорираш пријави за непотребни теми. :pos:
Јас и татко ми сме тотално спротивни карактери, и тој е фан на Ѓорѓе. Замисли татко ти да е фан на Соулфлај и цело врме да ти вришти Макс Кавалера низ куќи, ќе се осеќаш исто како што и јас се осеќам кога Ѓорѓе рецитира поезија со музичка придружба у позадина.

Патем сеа сум на одмор, 2 месеца во Македонија. Кога сум на море ептен ретко отворам форум и тогаш пазам само на темата за работа на брод.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Дека не бев на концерат:( , у ниедно време со ракивче и Џогани, морам да чекам туЏи импресии за концертот. Ете фб статусов (нечиј) ќе го споделам.

"Се сеќаваш ли драга на онаа вечер
кога во Џез ин во Охрид
случајно го пуштија Џорџе Балашевиќ
по грешка
и сите удавени од лошиот џез на
некој Африканец што маваше по
плехови
шишиња
и фрижидери
нагло се размрдаа на Девојка со чардак ногама
и сите охридски чардаци
во околина
заиграа ко чардаши на
виолините од Војводина
Тоа исто лето
спремав испит по кривично право
кај Џорџе Марјановиќ
и некој есеј кај Џорџе Иванов
И баш кај Џорџе Марјановиќ
таа сесија
ми падна
тоа кривично прашање опеано
во онаа песна на Џорџе кога му кршат
багреми заради општ и јавен интерес
а пак тој се повикува на уставно загарантираната
категорија на сопственост
со посебен акцент на начелото на правичност
Но, кога
веќе нема да се разбере со
органите на прогонот
не со извршителите бидејќи тогаш
таа законска категорија
не постоеше
ќе го процесуираат пред суд
по претходно мислење на
јавно обвинителство и истражен судија
како доминиум во иницијално креирање
на пријавата и енумеративната
консолидација на докази
Кафканијански ќе го судат јадниот иако
од денешен аспект сфаќаш дека имал
среќа што багреми, а не нозе му кршеле
а пак тој упорно се повикува
на начело на правичност
иако и тогаш како и денес постапките на
ова јуристичко/балканско тло/сем Бугарија
не се либерални базирани на спортска теорија
туку формалистички и крути како след
на австроунгарскиот систем
и континенталната школа
со примеси на француски либерални сегменти
што ете
прави и такви неправди како кон Џорџе
ама подобро таков отколку Шеријатски систем
пошто Џорџе пред Турци ако се бунел
за багреми
ќе завршел набиен на колец од багрем ко Карпош
денес е друго време
може Џорџе од тоа време пред
Европски суд за човекови права да тужи слободно
освен ако не го збичат и него во Хаг ради
багрејански мрч
Елем
не ќе ти велев тоа,
ќе ти велев дека
твојата убавина ја добив
заради моите зборови ко на Џорџе
и сега кога
ќе се здебелам
оќелавам
и остарам ко Џорџе
ќе те шармирам
пак со исти
доскочици
и стихови
ко Џорџе
македонска публика
со години
наназад"

1.jpg
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
214
Поени од реакции
51
некој да сподели торент за као рани мраз
 

Kajgana Shop

На врв Bottom