Serie A 2026/27

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?

  • Интер

  • Наполи

  • Рома

  • Комо

  • Милан

  • Јувентус

  • Аталанта

  • Лацио

  • Фиорентина

  • некој друг

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Фенербахче ќе јаде најмалку 5 во двомеч со Аталанта. Вчера беа очајни со Генчлербирлиги.
Уште па пишале - тим што може да освои ЛШ, а они имаат 30% шанси да влезат во групна фаза. Плус, не им е таа формација, ги ставиле намерно 433 за да ги вметнат сите подобри играчи во формација. Они играат 4231 а замена на Лукаку ќе му биде Муриќи.
Гледав и пред некој ден сликата од претходната страна со Басакшехир и ми е ептен смешна споредбата. Тие од Интер Турку испаднаа во Европа а ги прават како некое тимчиште таму.
Глеј го нападов - Шомуродов, Фајзулајев, Брниќ и Сков Олсен. Лудогорец левел.

1000038186.jpg

Не е лоша турската лига ама не сте арни ако мислите дека е нешто близу Серија А.
 
На хартија имат боље тим од 18 итаљански екипи, освен Интер и Наполи.
И за Наполи е дисутабилно.
Колку и што ќе достават на крај на сезона е главното прашање.
Прегледај го приврзокот 485128
Убаво напиша, на хартија. Збир на has beens по дифолт не значи успех споредено со природно граден и подобрува состав од сезона во сезона.
 
Sekako ambiciite niv im se pak da izborat plasman vo Evropa, lani otidoa na mnogu lud nacin otkako milan i juve vlegoa vo totalno ludilo i blam vo poslednite nekolku natprevari, vklucuvajki go i poslednoto kolo koe bese totalno fijasko za dvete ekipi. Komo veke proslavija LE otkako oficijalno bese deka tamu 100% ke igraat, za da na kraj od nigde nikade oni ispadnat patnici vo LS, zaedno so Roma.
Znaeme bro, imame tv i internet i nie, ali fala za informacijata sepak dobro e da se potsetime.
 
Убаво напиша, на хартија. Збир на has beens по дифолт не значи успех споредено со природно граден и подобрува состав од сезона во сезона.
Тоа ми е поентата што не ја сфаќаат инаетчииве дека турците имаат на хартија најмалце рамноправни играчи со нашиве итаљанци. Барем истанбулското топ трио.
Овде викаат дека тапа им биле играчите за да у другана тема да почнат да тврдат дека намерно местат први 5 кола да изгубат. Па уште и тажни биле.
Контрадикторност до немајкаде.

Нападов на Башакшехир бил на ниво на Лудогорец , ама затоа кај нас Батистута игра у Фиорентина, Шевченко игра у Милан, Креспо игра у Лацио, истиот Креспо игра и у Парма, Ето игра у Интер, Трезеге игра у Јувентус ...

Иначе истите тие Фенербахче што имале само 30% шанси за ЛШ играат против убер јакиот Лион кој што после 5-6 год пак има шанса да игра ЛШ.
 
Овде викаат дека тапа им биле играчите за да у другана тема да почнат да тврдат дека намерно местат први 5 кола да изгубат. Па уште и тажни биле.
Контрадикторност до немајкаде.

Боже сачувај. Тоа што навиваме за исти тим не значи дека имаме исти мислења.
Ако ја кажам нешто за играчите дека не се толку јаки а Syn каже за тимовите дека местеле и правеле финансиски дубари, како е тоа контрадикторност?
 
Ниту на хартија, ниту на папирус овие имаат подобар тим од сите освен Интер. Може единствено на фифа 2021 да имаат подобар тим. Колку пати ќе ја гледаме истава приказна со турските екипи, пензионирани и отпишани фудбалери одамна откажани од спортскиот живот. Ќе си поминат како и секогаш, некоја славија Прага или бенфика ќе ги истури и дома и гости и ќе заврши приказната. Нема везе друга е причата, не се бројат титулите на интер пошто лигата е послаба од турската. Се разбираме.
 
Дали и Астон Вила ќе им гп позајми сега Сузуки на "големиот клуб" од Торино и дали ќе биде трансфер на летото? :icon_lol:
 
Работата е дека не се слаби а очигледно е дека местат.
Истите тие играчи држат цена според квалитетот на нивната игра што значи дека кај играчите на исти позиции со иста вредност разликата е само во нијанси.
Или пак лиум направија трансфери во турција, магично заборавија да играат фудбал ?
Автоматски споено мислење:

Ниту на хартија, ниту на папирус овие имаат подобар тим од сите освен Интер. Може единствено на фифа 2021 да имаат подобар тим. Колку пати ќе ја гледаме истава приказна со турските екипи, пензионирани и отпишани фудбалери одамна откажани од спортскиот живот. Ќе си поминат како и секогаш, некоја славија Прага или бенфика ќе ги истури и дома и гости и ќе заврши приказната. Нема везе друга е причата, не се бројат титулите на интер пошто лигата е послаба од турската. Се разбираме.
Страшно ја преценувате лигава затоа што живеете во 20 годишна носталгија, а поготово лига што кај што финансиски е дно па нема ни просечни младински школи и тоа од прва до дваеста екипа некако многу големи очекувања ви дава.
Лани а еве веќе апла очигледно е оваа година дека веќе оваа лига со своите клубови не може ни да се продаде како бренд, па талентите од послабите лиги и пензионерите од појаките лиги ја избегаваат.
Кога ќе биде пак тресната некоја наша екипа од турциве, ривалските фанови ќе го испукаат сеирот но ќе остане фактот дека лигава општо тоне.
А ако хаосот во федерацијата не е прв показател за тоа тогаш ок.
 
Последно уредено:
Дали и Астон Вила ќе им гп позајми сега Сузуки на "големиот клуб" од Торино и дали ќе биде трансфер на летото? :icon_lol:
Еве го примерот одма : Не му се смеј на комшијата (смеј му се кој ги ебе) да не заигра мечката и кај нас.
Ако иде идолот на кумашинчето ќе бараме позајмици на Шевалие.
 
Имињата не играат фудбал. Во Турција одат да кешираат пред пензија, со намалена или никаква мотивација. Најдобрите денови се зад нив. Убаво изгледа на хартија, во пракса имаат маде од овца.
 
Страшно ја преценувате лигава затоа што живеете во 20 годишна носталгија, а поготово лига што кај што финансиски е дно па нема ни просечни младински школи и тоа од прва до дваеста екипа некако многу големи очекувања ви дава.
Лани а еве веќе апла очигледно е оваа година дека веќе оваа лига со своите клубови не може ни да се продаде како бренд, па талентите од послабите лиги и пензионерите од појаките лиги ја избегаваат.
Кога ќе биде пак тресната некоја наша екипа од турциве, ривалските фанови ќе го испукаат сеирот но ќе остане фактот дека лигава општо тоне.
А ако хаосот во федерацијата не е прв показател за тоа тогаш ок.
Друже, што не сфаќаш од делот дека пропаднатите играчи кои не успеале во јаките лиги во Европа одат во Турција? Или оние што се во завршна фаза од кариерата за да кешираат како Салах, Лукаку, Гундоган... Влаховиќ не ти е добар пример? Икарди? Сане? Лирој Сане избркан од Сити и од Баерн, глеј го во Галата не може со топка да се состави, а некојси Ска Манијак ќе дојде и ќе го воспева демек Галата го имаат Сане, а Милан Салемакерс. Па моментално Салемакерс е прајм Робен за Сане.

Умрена лига е тоа нека не те лажат трансферите.
 
Па Влахович и не ми е добар пример, ниту е пропаднат играч, ниту пак не успеал во јаките лиги ... Гринвуд и Осимен какви примери се, па и Тросард и Аке?
Да се разбереме и јас не мислам дека турската лига е појака од италијанската, али факт е дека во Турција не одат само играчи кои се скроз завршени или избркани или пак не успеале во појаките лиги. И друг факт е дека турците со моќноста финансиска за давање на богати договори им крадат на големите италијански клубови играчи кои би можеле да им се најдат, кои комотно би играле во јуве,милан рома итн.. Јуве сакаше да го задржи Влахович, му понудија солидна плата од 6-7мил и некој милион за потпис, но овој си отиде за повеќе пари, а не дека завршил со профеионално играње фудбал и сака да си го лади у Турција.. Рома на Гринвуд му понуди 4.5-5мил нето плата по сезона и ќе го сметавме како главно засилување ова лето, исто и Атлетико Мадрид имаа понуда, овој отиде у Фенер за плата од 7-8мил и најверојатно и ќе игра ЛШ следната сезона, а и оштета платиа за него 40мил евра.. и незнам што тука во овие примери се поклопува со тоа што го збориш? Еве и Тросард да се земе за пример, пропаднат ли е? Играч од новиот шампион на Англија и финалист на ЛШ, со дабл дабл учинок во последната сезона, то не ми личи на пропаднат играч, ем 31 година е, не е ептен стар. Тоа што у Рома и Јуве(на пример) не отишол за да игра за 5мил евра по сезона, не значи дека во Бешикташ ќе се влече по терен за 10мил или дека не му се игра.. Аке исто дојде после сезона со од над 30 настапи во Ман.Сити, играч кој и ден денес би играл пред Кели од Јуве а мош и пред Хермосо од Рома или скоро било кој дефанзивец на Милан.. еве Галата сега брка лево крило, Малик Фофана, млад играч со вредност од 40мил талент на Лион, Мартинели, готов производ и многу сериозен играч, а и до пред некој ден Мора од Порто го сакаа, играчи до 40-50мил...

Пак ќе кажам, не е лигата појака од италијанската, ама од година на година одат таму се подобри играчи, а не само испеани песни, а во италија пак има пад голем во финансиската моќ на сите клубови ..

и нормално како фан на калчото, се надевам ќе им упаднат на турците овие од уефа или незнам кое меѓународно тело за да прочалкаат финансиските книги на овие клубови и да ги испоказнат сите или во најмала рака да им се заканат со трансфер банови или неиграње во европски натпреварувања, ако увидат нерегуларности...
 
Во турската лига до пред неколку години одеа само пропаднати играчи пред пензија.

Сега одат и квалитетни фудбалери. Колку играат и имаат мотивација тоа е едно, ама како што кажа Шака Лака не може Осимен, Влаховиќ, Тросард или Аке да ги сметате за пропаднати фудбалери на крај на кариера.

Си стои фактот дека Галатасарај го отвори Јувентус како пупка, со 5 гола во мрежата.
Точно тоа дека не беше реалната слика, особено што на реваншот со играч повеќе дозволија Јувентус да им го надокнади водството и да оди во продолжение, ама сепак.
 
Back
На врв Bottom