Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дали ќе има цел читањето откако ќе го прочитам Улис од Џојс?
Матица:
![]()
Club Matica
Патуваме СО КНИГА НА ПЛАЖА до 20 август ☀️ Најдолгата летна акција во Клуб Матица започнува сега! Ние внимателно направивме селекција од наслови кои ќе ви приредат прекрасно уживање под сонцето, а...www.facebook.com
Магор:
Издавачка куќа Магор
ГОЛЕМ ПОПУСТ во јули на 35 наши изданија (Нарачки во инбокс, се доплаќа за каргото.) Список на книги на попуст: Срцето е осамен ловец -Карсон МекКалерс-250 Свила- Алесандро Барико -200 Убиство на...www.facebook.com
Три:
Или-Или
Имаат добри книги на добри попусти некои и до 60% па и повеќе проценти попуст кои секако е препорачливо да се почне од нив. Попустите се до 19.07, т.е. задутре.
Но сепак најдобрата акција во моментот ја има Полица. Тука може 3 од понудени 20 книги за 250 денари. За помалку од 100 по книга ќе се изначитате.
![]()
Полица
Летото е тука и можеме максимално да го искористиме за читање. За таа цел, ви нудиме максимално поволна понуда на квалитетна книжевност. Направете го вашиот избор на три, шест, девет... одлични дела...www.facebook.com
И најбитното за крај!!!!
Почнувајќи од денес до крај на јули исто во Полица на попуст е капиталното дело на Џејмс Џојс-Улис:
Прегледај го приврзокот 384695
Не можам доволно да потенцирам колку е од најважно значење да се има оваа книга дома. Најголемиот сноб, перфекционист и немилосрден критичар во литературата Владимир Набоков ќе ја прогласи за најголемо ремек дело на 20ти век и најверојатно е во право. Воопшто не е претерување да се каже дека е еден од најголемите врвови на литературата со Војна и Мир, Клетници, Браќата Карамазови... Самиот Џојс ќе каже дека книгата ќе ги зачудува читателите и ќе биде предмет на дискусија и интерпретација со години и години во иднината. Преводот е на Марија Гировска која доби награда за истиот и со оглед на исклучително тешкиот начин на која е напишана гледајќи од точка на еден просечен читател заслужува секаква почит, кариерен врв е вакво нешто за секој преведувач.
Книгата е скоро 900 страни и од кога е излезена во печат никогаш не била поевтина. Нема никакво оправдување да не се купи по цена од 2-3 кафиња/пива па макар и фаќала прашина. Една од најбитните книги што треба да се прочитаат во животот, можеби најкомплексната меѓу оние книги што носат литературна тежина и од аспект на читател е она што е К2 за планинари, етиописки маратон за еден тркач или стекнување троцифрен број на интелигенција за еден шиптaр.
Јуриј на тема Улис со право ќе го постави прашањето:
Дополнителни иструкции пред да ја читате:
![]()
A Guide to Reading “Ulysses” by James Joyce
Six easy steps for reading James Joyce’s literary masterpiece “Ulysses.” Inspired by a comment by viewer Karl Striepe!*I promise I'll start uploading non-sho...www.youtube.com
Нешто на македонски за Улис и преводот:
Повеќе за тоа која епохална мака е да се преведе, а исто и многу добар текст и осврт од други македонски книжевници:
https://okno.mk/node/64787
Самата преведувачка има напишано книга на тема Џојс:
Во самиот опис покоен Драги Михајловски кој е без конкуренција најдобриот македонски експерт на англискиот јазик и преведувач од истиот ќе каже дека Џојс е за најупорните.
Интервју за како Џојс има влијаено на преведувачката:
https://www.cooltura.mk/stav/marija...a-go-chitam-i-nego-i-koj-bilo-drug-pisatel-2/
Најсериозно купете ја ебаната книга!
И после, како и на видео игрите кога ќе поминете и многу други стази и други главни, пробајте да го поминете и последниот главен и свртете ја игрицата.
Прв пат слушам за книгава така да ќе те држам за збор. Покрај неа ми ја дадоа и Китот на попуст иако заврши пред десетина дена.
Oд овие 3 за 500-ки, ја препорачувам и Абадон, уништувачот од Ернесто Сабато.Антолог со топ акција 10 книги за 1000 денари.
Три со некои попусти од кои најдобрите им се на крајот на каталогот 3 книги за 500 и 5 книги за 500. Кој не ја купил 2666 од Болањо топла препорака.
![]()
Или-Или
![]()
Во Полица Моби Дик е на пола цена до 15-ти.
И во 2024 ја продолжуваме акцијата со книги на половина цена во времетраење од половина месец. Во првата половина од јануари можете по најдобра цена...www.facebook.com
Oд овие 3 за 500-ки, ја препорачувам и Абадон, уништувачот од Ернесто Сабато.
Едно време заглавив со ликов, поприлично моќен автор.
Не се поврзани како трилогија во смисла, каде завршува Тунел продолжуваат со истите ликови останатите. Туку повеќе мислам како трилогија ги врзал Сабато во смисла со тематиката околу која се вртат, проблемите со љубовта, лудилото, мрчната страна на човековата психа. Мислам дека во Абадон можеби имаше по сеќавање некој лик од Херои и гробови, ама пак не како продолжение на приказната каде застанува туку онака (избледено ми е искрено).I kako stand alone se cita?
Zena mi ja procita Tunel po moja preporaka, i se dopadna, i premina na Heroi i Grobovi no na angliski edna po druga i malce i skrsi film razlicniot jazik. Izgleda ja podlaznav malku deka e svoevidna trilogija. Ja imam Abadon no ne uspeav da ja najdam Heroi i Grobovi i zatoa i mene me ceka Abadon.
@wotНе се поврзани како трилогија во смисла, каде завршува Тунел продолжуваат со истите ликови останатите. Туку повеќе мислам како трилогија ги врзал Сабато во смисла со тематиката околу која се вртат, проблемите со љубовта, лудилото, мрчната страна на човековата психа. Мислам дека во Абадон можеби имаше по сеќавање некој лик од Херои и гробови, ама пак не како продолжение на приказната каде застанува туку онака (избледено ми е искрено).
Херои и гробови знам ја најдов на фејсбук страниве за продажба на книги што се, конкретно на Продажба и размена на книги/ Books exchange and book sale (вака гласи, нз колку е легитимно да ја постирам тука). Пишав дека ја барам и едно бабе во години ми врати дека ја има и тоа мислам две изданијa различни беа на македонски. Гледам дека од Табернакул одвреме навреме ја објавува, ваљда не и' е продадена.