Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Веќе четврти ден со ред, тропа нешто на трети спрат и тоа строго навечер, после 22 часот. Нешто како да удира со бокс по ѕидовите, по олуците и тоа онака во одреден интервал, пресметано, како во такт, а не хаотично ко некое животинче кое не разбира ништо од музичко образование во кое вежбавме тактување. А кучево лае ли лае, иако е во принцип премирно, таква му е расата, ама нешто го пизди во целава прикаска и уста не затвора.
Женава уплашено ми вели: Да не е духот на дедо ми? (Почина стариот пред извесен период од корона, лесна нека му е земјата, во неделата му пееја 40 дена).
Како да и кажам дека можеби е духот на некој човек кој на времето можеби тука се обесил од некоја мака, додека така обесен го јаделе стаорци?

Планирам да ја смирам топката, да и го пуштам вечер Интерстелар. И таму при крај кога ќе дојди сцената, ќе и речам гледај можеби е ова...

 
Една од работите кои ги мразам кај овој мојов домашен миленик е тоа што само некои заврзлами прави. Сабајлево доаѓа мачоров цел во крвишта, мислиш како во битка на Косово да има одено. Пак се тепал со некој друг курназ за некоја пуфла. Цело сабајле му ги чистев раните, да го оправам да не иде курбан. Веќе трет пат му се случува ова, веќе еднаш беше со нога во гроб. Ако продолжи вака црно му се пишува. Иначе не му чуе да се гали, дури има предупредувања од негова страна со крената шепа да не пробувам воопшто да го погалам оти ќе ме изгребе. Ама затоа знае да дојде целиот во крвишта и да мјаука и да ми се жали оти јадел ќотек. И чудно ми е не сака да се гали, ама затоа кога му ги чистам раните седи мирен како бајче. И после велат животните не разбирале.
 
цел живот би носел тренерки кајгич.

"А сите глават у своите глави
ќе пробам да зборам за правите ствари
по парите попарени сите пред нив мали
стварно е мерило кој боље се фали
и кој поише комплекси кој поише ќе флекса
кој у бегство ја со текст поише ко лек за тоа"

 
Последно уредено:
Драга,

Ти зборува цело време колку е интелегентен, колку е снаодлив, колку брзо ги разбира работите, колку е комуникативен, какви идеи и се вртат во глава, какви планови има а цел живот работи за 300 евра. Ваквите луѓе стварно не можам да ги разберам
 
Какви прекраснотии сабајле у 7 саат на радио у кола, БиЉбилов и неговата профи нумера Бели Ружи,денот цутеше хехех ...поздрав Роки поштуем батиЦе.

 
Последно уредено:
Пуштив две песни да чујам што е тој хајп околу 2бона. 15 милиончичи прегледи, а мене ме заболе глава после 30 секунди од таканаречениве пејачи и песни.

Не знам само дали сум јас толку без вкус или тие што им набилдале 15 милиони. Боље да слушаш Цеца или Шабан, бар ќе разбереш што пеат, а не пуштам песна и чулам уши ко клошар да разберам што пеат и едино нешто што слушнав во тоа Коломбијаната е первол. :cautious:
 
Една од најсмешните тепачки кои сум ги видел беше кога како дечурлана двајца во маалото се степаа, па кога ги разделија ги прашаа во што е работата. Па едниот вика: „Па ме пцуе копилето бе. А јас него никогаш не сум го пцуел, да му ибам се по список. Кога бе јас сум пцуел, племето да му го...“. И така продолжи братот едно десет минути без да сфати што збори уствари и зошто сите околу него се газат од смеење.

Епа вчера начекав слична ситуација. За еден мој „елоквентен“ сограѓанин се збори дека бил дел од овие од „Јавна соба“. Го имаше тоа на некој од порталите па некои земаа да споделуваат на ФБ. И гледам дотичниов земал да се брани во коментари. И читам пишал кај едната објава нешто како: „Нема врска, ќе те тужам за ова, само муабети ми вадите, не сум јас член на никаква група, јас си имам жена и деца...“ До тука се ќе беше нормално ако после тоа не продолжел према оној што ја споделил веста „А ти ли бе најде да збориш. Па ти...“ И зел да го навредува за лични работи кои немаат врска со муабетот, да се исмева со семејна ситуација која никако не смее да го интересира него. Со други зборови „Може не сум манијак, ама сум сељак и дно од човек“.
 
Добро утро драги гледачи.

Да не се моите омилени фудбалски тимови да ме израдуваат, начисто ќе полудам. Со нетрпение го чекам финалето на Копа дел Реј и осминафиналето од ЛШ.

Некако ми мириса дека и ова лето музичките фестивали ќе се откажат, не е на арно. Никако да ја видам Чешка, веќе две години ја сањам. Се надевам дека есента конечно ќе продолжат концертите. Концертот на Мејхем у Скопје колку што знам се уште не е откажан, се надевам нема ни да се случи тоа.

Речиси единствената светла точка ми се моментите кога ќе ја видам црвенокосата девојка од Mozzart. Дури и без да ми се насмевне, секогаш ми го разубавува денот. Ако случајно го чита ова, нека знае дека јас сум и најголемиот обожавател.

Сречен ден and have fun, boys and girls.
 
Што значи да се има сенс за добар бизнис?

Денес во 14:30 кога ќе почне протестот против јавна соба (на кој 95% ќе бидат жени), на бул. Кочо Рацин кај што ќе поминува толпата, свечено се отвара бутик за женска облека...


LightheartedImperfectIslandcanary-size_restricted.gif
 
Последно уредено:
Драга,

Јас спаѓам во оние што не знаат како да реагираат на комплименти, дури и на оние за кои вреди да те пофали човек, кога си вложил труд и си завршил ок работа.
Често добивам комплименти за очите, и на тоа стварно не знам како да реагирам, зашто уопште не сум заслужна за нив, не знам ни дали се и моите, никој нема ни боја ни форма ко мене во фамилија, јебеш и генетика.
И се ок, ама скоро секогаш тука иде и компарацијата. Тука веќе почнува да ме фаќа нервоза малце, зашто скоро секогаш биле споредувани со оние на факинг мачка. Не знам дали сум спомнала Кајги досега, али јас лично МРАЗАМ мачки. Не сакам да чувам никогаш, не сакам да ги гледам, не сакам да сум во нивно присуство. Имам поминато саати во дворови на луѓе кои чувале мачка, пиејќи си го кафето, сокот, чајот, ватевр, учествувајќи минимално во разговорот, со фул анксиозност барајќи ја мачката кај е и кај се шета, чисто да не ми дојде во моја близина. Е дотолку е работата.
Она што сакаат да го кажат луѓето, е уствари, мислиме дека си мааалце лошичка.
Не дека не е така, али сепак, не ми го усерувај комплиментот чим го даваш. :coffee:
 
Не бре К, каква трема!!!! Зошто ми се кака, ми се тресат рацете и ќе ми излезе срцето??? Од кај да знам па јас ОСТАЈ МЕ СЕА!!!!

71B79A77-B8E7-47C1-9A77-90F45037F01B.jpeg
 
Богами тешко. Јас првиот пат влегов неспремен со првото македонско издание од 77-ма. Сега планирам да го послушам баткава:


Набавени се сите 5 и после нив одиме на втор обид. Најверојатно ќе го чувам за после 40-тата. Оти е како Кабалата. Традиционалните еврејски норми забрануваат изучување на Кабала пред 40-тата година. Во литературата Улис е Кабалата.

Набоков, колку и да е неподносливо арогантен и до одредена мера и преценет како писател, во улогата на книжевен критичар е ситничар, маанџија и перфекционист каков што немало ни пред ни после. Достоевски бил срање, Балзак бил срање, Хемингвеј бил срање, Толстој едвај пролазна, Пастернак, Фокнер, Томас Ман, Брехт, Конрад, Албер Ками, Томас Стерн Елиот, Хенри Џејмс, се тоа срање, а 80% од сите останати тежок медиокритет. Штом за него Улис е најдобрата книга на 20-тиот век, чим ќе рече дека се работи за "divine work of art", тогаш излишни се понатамошни коментари. Зошто па баш мислењето на Набоков да го земеме за (нај)релевантно? Мрднатиов им вадел на студентите на факултетот во САД кај што предавал мапа од Даблин за кога ќе ја раскажуваат книгата паралелно да покажуваат на мапата точно каде се наоѓал Леополд во тој момент и врз база на тоа и ги оценувал. Еј, барал од студентите на памет да ги научат улиците на Даблин и патот на движењето на дејството. Ова е еден од многуте примери за чисто да доловам колку опсесивно-компулсивно дури и манијакално имал навлезено во книгата, до која танчина бил перфекционист во проценката на литературните дела кога ги читал, кое ниво на детализам го применувал кога ги разработувал книгите и како на резултат на тоа од каде потекнува таа негова дрскост и земање за право да дискредитира писатели кои акламативно биле сметани за првокласни.

Верувам дека во сите оние списоци од типот на "100 книги што треба да ги прочитате пред да умрете" што ги објавуваат разни Њујорк Тајмси, BBC-иња, Алемане Цајтунгиња и Гардијаниња без исклучок ќе биде и Улис. Јас само би додал дека таа треба да биде редоследно 100-тата пред да умрете. Баш заради тоа што потоа читањето ќе нема цел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom