Или ја надрљав или ќе победам.
Моите кратки фитли пак ме ставија во ситуација да нема средина.
Имаме некои настани и се формира сеа кај нас посебен комитет за организација. Јас се пријавив нормално оти екстра раб. време си бара што се одразува на плата, а ко шо сум наплашена од муабети за економија во 2024 секоја шанса плус е добредојдена. Бараа од нас пример детален план на настан да направиме (за првиот во 2024) и демек најдобрите ќе бидат членови. Една од овие шо не ме мирисаат како да "препишуваше", документот малтене ист, ама миленичка на директорката, прво нејзиното име го објавија, за еден човек објавуваат во ден. И уште провоцира, јас со саати на компјутер седев за тие глупости, сеа она ми вика, ,, Грл, ете тоа е тоа. Види колку сум брза. Ама убаво е стокмено нели? "
Ја 27 саати без кафе, крај на работно време. Подзнак сум вага, ама малку од крајче првата куќа ми ја сече и шкорпија. Значи, добра сум, фина, културна, еднаш у век ќе удри жута минута и што на ум то на друм. Ѝ викам : ,, Даа, ептен убаво, исто како ја да сум го напишала. "
Awkward giggle. Моментот кога требаше да заќутам, додадов, ,, Додуша, насловите на две поглавја ме зачудија, не би ги напишала така, друго комплет." После вака се гледаме едно 10 минути. Уствари не ни кажав ништо конкретно но мувата на капата сврби шо да правам.
И така. Ако се заборави ова, никому ништо, ако се растегави работата, ќе одам до крај, до увид барање до све. Нека не ме чачка, не сум у фините периодов после совест ќе ме изеде, досега со никого не сум се замерила отворено булис included, нејќам да си кварам просек за небитна.
Edit Само што ми донесоа кафе. Очиве ќе ми се наполнија за малку. Она ми се пие кафе ми се плаче најблиску до буквалното го искусив.
Душа ми плаче за кафе, чоколадо, сон и 10 дена одмор на море.