FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.705
Поени од реакции
35.430
The Mission (1986)

1696841358195.png

Приказна која ќе ве однесе на едно импресивно „патување“ низ прашумите на Парагвај, заедно со језуитскиот свештеник Габриел(Џереми Ајронс) и ловецот на робови Мендоза (Роберт де Ниро). Во време кога двете големи колонијални сили Шпанија и Португалија се натпреваруваат за превласт над домородното население.
Друштво ќе ви прави музиката на Маестро Мориконе (саундтракот е ремек дело сам по себе) и сценариото на Роберт Болт (Доктор Живаго, Лоренс од Арабија).
Добитник на Оскар за најдобра форографија, 2 Златни глобуси (за сценарио и музика), 3 награди на БАФТА, Златна палма на Канскиот филмски фестивал.

Се надевам дека ќе ви се допадне.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.474
Поени од реакции
3.631
Central Station (1998) - 9/10

Бидејќи е мој предлог, чекав малку пред да напишам два збора. Иако и јас како некои членови не сакам драми, едноставно филмот те вози и не беше досаден во ниеден миг. Интересно е што освен примарната приказна, како и инзвонредната глума, режија и се останато, има и друга „димензија“. Низ фимлот има и христијанска симболика, за која баш ме интересираше дали ќе ја забележите. Но изгледа само јас заприметувам такви работи. Детево е во потрага по својот татко Исус, кој не случајно е столар/дрводелец. На некој начин како да сака да каже дека целото дејство е потрага по Исус. Додека детето го идолизира, огорчените луѓе околу него зборуваат се најлошо и сметаат дека не треба да го бара, бидејќи животот не бил фер спрема нив и навикнати се на патење и човечка злоба. Имаше и евангелистички пораки на камионот и целиот карневал подоцна, што исто така укажува дека во филмот има и друга порака или приказна освен очигледната. Баш заради тоа што ме бунеше малку што сака да каже со овие работи, како на пример ветувањето во писмото дека ќе се врати (инаку второ Христово доаѓање е централно верување на некои протестантски цркви), не му дадов 10ка. Да не претерувам со анализи, ќе прекинам тука, бидејќи помина времето и има друг предлог. Ќе беше интересно да продискутиравме и за овие аспекти на филмот и што сака да каже со нив.

ПС: Имав неколку филмови кои сакав да ги предложам и едвај се одлучив, да знаев дека нема да го најдете лесно, ќе одберев друг.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Ау! Стварно! Го чекаа Исус да се врати, хехе, ама дека во Бразил тоа име постои, и е често, па не ззбележав симболика.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Низ фимлот има и христијанска симболика, за која баш ме интересираше дали ќе ја забележите. Но изгледа само јас заприметувам такви работи. Детево е во потрага по својот татко Исус, кој не случајно е столар/дрводелец. На некој начин како да сака да каже дека целото дејство е потрага по Исус.
Реално не можевме а да не ја промашиме. Tаткото се викаше Исус, синовите Мојсеј и Исаија.
Камионџијата беше некаков верски активист што Дора го натера на грев, а режисерот не испушти шанса да ги покаже налепниците со религиски пораки на камионот. И ако сето не беше доволно, „просветлението“ на Дора се случи на некоја церемонија или празник во верски објект. Имаше и некои други религиски алузии, но јас искрено не забележав некоја конзистентна врска помеѓу сите нив или скриено значење, уште помалку некоја метафора.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.006
Поени од реакции
37.335

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.764
Поени од реакции
5.052

Уште не ми е јасно како не сум го гледал филмов досега.Прекрасен филм , трогателна авантура која е толку добро снимена што на моменти мислев гледам некој документарец. Кинематографијата е уживање и самите слики и кадри на моменти те оставаат да се восхитуваш на акцијата без никаков дијалог.Сценариото не е пренатрупано и доволно беше глумата и самиот сетинг да го доловат она "action speaks louder than words" сето тоа пропратено со преубавата музика која ја долувава атмосферата.
Ми се допаднаа улогите , Џереми Ајронс како свештеникот Габриел кој остана на своите верувања за ненасилство и љубов до самиот крај , покајанието и пресвртот на Роберт де Ниро како Мендоза иако на крајот се врати на вкоренетите верувања дека треба да се бори(но овојпат за доброто во неговото сфаќање) , индијанците прочитав биле одбрани рандом кастинг и им рекле да говорат шо ќе им текне на нивни јазик а тоа фукционира во овој филм исто како во Апокалипто.
Ферски прикажана приказна за лошите и добрите страни од игрите на Шпанија и Португалија во време кога една група луѓе имале добри намери а други гледале профит и бизнис преку црквата како постулат.

Од мене 9/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Central Station

Не бе нема полошо од таа мртва сепија, ебате жолтиот филм. :D
Горе доле се согласувам со сите, интересно мислењево и забелешката на Императорот, мада ја не сум некој религиозен тип па тешко приметувам такви ствари, али океј е да се види и таа страна на приказнава.
Освен сепијата, немам некоја друга замерка, филм со добар тек, можда на моменти малце досаден али генерално убаво движеше, немам ни некои посебни пофалби, океј глума, океј приказна, да бидам искрен не ме погоди нешто многу емотивно али се на се добар филм.

7.5 оценка.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Јас го симнав the Mission, најголемо во бајти беше понудено (2 гига) и кога го пуштив уши ме заболеа од напнување да чујам нешто ... сè на најгласно ставено и едвај се разбира зборувањето.

Предлог каде да го симнам / гледам со понормален звук?
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.639
Поени од реакции
787
Јас го симнав the Mission, најголемо во бајти беше понудено (2 гига) и кога го пуштив уши ме заболеа од напнување да чујам нешто ... сè на најгласно ставено и едвај се разбира зборувањето.

Предлог каде да го симнам / гледам со понормален звук?
Го имаш на замунда ,незнам од каде си го симнал но има неколку можности за симнување
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Јас го симнав the Mission, најголемо во бајти беше понудено (2 гига) и кога го пуштив уши ме заболеа од напнување да чујам нешто ... сè на најгласно ставено и едвај се разбира зборувањето.

Предлог каде да го симнам / гледам со понормален звук?
Од yts бе Вики, 819 пати ти имам кажано. :D
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562

Kajgana Shop

На врв Bottom