FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.749
Поени од реакции
2.564
Lock, Stock and Two Smoking Barrels (1998)

Двете исчадени двоцевки е нискобуџетно првенче со кое се прослави Гај Ричи, а и некои актери покрај него. Се работи за крими комедија со претерано комплицирано прикажан заплет во кој се појавуваат голем број ликови, потпомогнат со тарантинско-спотовски стил, заради што лесно се губи нишката на приказната. Затоа уфрлиле и спикер на почетокот, да ги претстави ликовите и односите меѓу нив, иако не многу од тоа претставување имаше некоја улога за понатаму. Некаде накај средината се губат и спикерот и сите стилизирани сцени и преминува во класичен гангстерски филм со типизирани смотани ликови.

За музика користи актуелни песни од тоа време или веќе препознатливи нумери во склад со моменталното дејство. Целиот филм е во некоја зрнеста сепија, одраз на ограничениот буџет и техника, што се гледа и во акционите сцени, каде што акцијата се одвива во оф.

Сепак се работи за интересна и забавна приказна, како и начин на раскажување што Ричи и ќе го негува и развива во понатамошните негови филмови.

7/10
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.770
Поени од реакции
5.071

За мене најдобриот и најзабавниот филм на Гај ричи , боље и од Снеч. Филм што можам да го пуштам било кога, во било кое време , на средина при крај и да до доглеам.Сите ликови ми се забавни и оригинални,од Џејсон Статхам до Вини Џонс до дилерите на ганџа и лоповите на дилери на ганџа.
Филмов со тој буџет може да се каже дека е ремек дело, класика британски андерграунд криминален хумор филм кои е повеќе реален него што се мисли,оти доста од ликовите се копија на вистински гангстери и криминалци од 90тите во Англија.

Кинематографијата,темпото па и заплетот ми се супер едитирани.Глумата повеќе од задоволителна од сите познати и непознати ликови.

Од мене 8.5/10 , заслужено е Top rated movie #164 на имдб.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.681
Поени од реакции
34.165
Mislam deka pravilo treba da bide osven ako ne vi e filmot gledan pred mesec dva tri da mora da se reprizira oti nema poenta da zboram ako sum go gledal u 2005ta.

Mnogu filmovi imaat rewatch value, interesno e da se vidi kako gi jade vremeto a cesto obrabotuvaat opsti, socioloski temi koi razgoruvaat diskusija. Grande juve na primer izgledal 4000 filmovi, ako ne da go izbacime oti samo ke kaze kako gi ocenil… nekogas. Ne napagam nikoj, samo kazuvam jas kako go sfakam klubot i kako jas pravam. :)

Lock stock go gledav samo oti go ima na Netflix. :D Filmot koga i go gledav porano bese instant klasika za mene. Da, ima raboti koi se klise, postojat samo kako plot device i se sto ke napisete ili ste napisale NO e odlicna krimi komedija na krajot na denot so vrven britanski humor i muzika koja uste pobrzo go dvizi i go pravi (iako veke) interesen za sledenje. Ritchie pravi zabavni filmovi, ovoj, snatch, rocknrollaa, revolver se filmovi koi koga rastev gi preporacuvav koga mi baraa predlozi. Mislam lani izvadi nov no posledno od nego mi e man from uncle i sega se mislam da go proceslam reziserot celosno so sve izmegu.

Nostalgicno mi legna no mislam i sosema opravdano. Od mene 5/5 oti gledam loso mu odi za sega u klubov.

Mercy od ponazad uste ne sum go gledal no vristi BLM pogotovo so Michael B Jordan i ovaa Brie Larson… mislam, ne mi smetaat i takvi filmovi, sum gledal eden kup a i akterite mi se ok no mislam bara specijalno raspolozenie i zelba. Ponatamu, sorry.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.564
Lock, Stock and Two Smoking Barrels

Конечно успеав! Ми се смеевте кога кажав дека го немам гледано, но не кажав дека не сум се обидел. 3-4 пати го имав пуштено и не можев да се внесам во филмот после толку ликови од кои никого не разликував од претходните. И денес заспав на пола филм, ама откако оддремав, го пуштив пак од почеток и го изгледав.

Прво, без исклучок, ги мразам британските нискобуџетни филмови од овој тип! Имавме уште 2-3 во Клубов и сите си добија слаби оценки од мене. Еден со тој Стјуард (Том Харди), другиот тој 24h Party People... имаше и други мислам. Значи едноставно не се за мене ваквите ствари со британски реднеци.

Второ - премногу ликови, и ниту еден битен од нив - преку овој дел не успеав да поминам. Немаше еден за кој би се фатил и би навивал, би се грижел, би ми било гајле. Е кога сфатив дека Стинг е Стинг, почнав за Стинг да навивам, ама ем беше спореден лик, ем веќе касно беше за навивање, пола од останатите секако испозагинаа. :D Филм за 4-5 небитни дружини / банди со небитни пропалици кои вртат во круг една вреќа со пари и две двоцевки и за кои се испотепаа меѓу себе. Глупавиот и поглупавиот во мафијашки стил.

Едноставно not my cup of tea - и само 6/10, иако првично сакав 5/10, ама ај, имаше некои смешни сцени, како на пример таа женската што се разбуди од каучот на кој никој не ја примети и маме им еба на сите :pos:
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Lock, Stock and Two Smoking Barrels (1998)

Еден од најдобрите филмови од Гај Ричи. Забава од почеток до крај. Ги обожавам ваквиве британски црни комедии, имаат еден специфичен шмек.
Многу добро напишано сценарио и приказна која држи внимание од почеток до крај само штета што во вистинскиот живот вака не се одвиваат работите и на крај се случајно да испадне во ред.
Јако ми е што сите глумци зборуваат со cockney акцент, таа автентичност што не може да ја долови ниеден американски филм.
Беше уживање да се прегледа по не знам кој пат.
8/10 а може и повеќе.
До ден денес стилот на Ричи и неговите филмови ми се guilty pleasure.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Lock, Stock and Two Smoking Barrels

Мене ми е репризиран пред една година без 7 дена, ќе се шлепам на рецензијата на Манга, комплетно се согласувам со сѐ освен дека можам во било кое време пак да го гледам зашо очигледно не можам, не се натерав, го сметам за доволно тазе, а време малку плус многу други ниту еднаш гледани филмови.
Ама убаво го памтам, максимална забава и дефинитивно ми е меѓу најдобрите крими комедии воопшто.

8/10


И се слагам со вот дека гледан филм од дамна треба пак да се гледа за клубот
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.543
Поени од реакции
29.114
Lock, Stock and Two Smoking Barrels

Веројатно мојот прв филм од Гај Ричи. Од тука и целиот хајп да му гледам се што има. Еден од подобрите (подобар од Snatch и RocknRolla за мене). Ќе се надоврзам на Злате за нисобуџетните британски филмови, и би рекол дека ова ми е единствениот од тој калибар што од почеток до крај ми беше интересен и гледлив, поготово споредбено со она што го имавме во клубот.

8/10
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.717
Поени од реакции
35.487
Lock, Stock and Two Smoking Barrels

Генерално не сум љубител на британскиот црн хумор, not my cup of tea, амааааааа за чудо филмов ми се допадна.
Многу добра фузија на сјајно изрежирана акциона, крими, црна комедија, со одличен заплет, со темпо кое цело време држи внимание. Динамика до плафон, без никаков застој.
Врвна музичка подлога, што дури ги доловува и размислувањата на актерите. Посебно ме купи воведот со


8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.564
Just Mercy го гледаа 10 души и му дадоа средна 6,6 оценка. Го испуштија:

- @Violetova , @wot , @Imperatorot и @Manga - на сите прв неизгледан
- @Варвара - втор неизгледан (жолт картон)

Lock, Stock... го гледаа 13 души и му дадоа средна 7,7. Го испуштија:

- @Miss.Independent , @frizider - на двајцата прв неизгледан
- @Варвара - трет неизгледан (црвен картон, до следно видување)

Следен за предложување требаше да биде @Gazpapir , но со оглед на тоа што не се врати после црвениот картон, и не исполнува ни еден од двата услови за предложување, го ставаме на дното од листата предложувачи и одиме со следниот. А следен е @Imperatorot . Има саат и пол до 20:00 да ви го претстави својот филм, а ако не, ќе ви кажам јас кој е.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.480
Поени од реакции
3.668
Следен филм што ќе го гледаме е Central Station, филм кој иако има освоено еден куп награди, останува прилично непознат. Номиниран за 2 оскари, од кои едниот за најдобар странски филм, а губи од култниот „Животот е убав“. Да бил друга година, веројатно ќе победел. Би сакал да не ја читате темата пред да го гледате, зашто ме интересира што ќе кажете и како ќе го разберете. Се надевам дека ќе ви се допадне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom