FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Ова е сигурно првиот бразилски филм во клубот, а можеби грешам, но мислам дека е можеби првиот и од Јужна Америка. Едно неверојатно патување е филмот, гледан одамна, чиста ко солза 10/10 од мене, но ќе го репризирам, дефинитивно!

182. Central do Brasil / Central Station (1998)
25.09-08.10.2023, предложувач: @Imperatorot

1695665268250.png
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.764
Поени од реакции
5.052

Central station е премиера за мене , Злате вели неверојатно патување , но да бидам искрен за мене ова беше патување на кое имав motion sickness (не од камерата) туку депресивно патување кое не ми остави некои посебни спомени и крајната дестинација како крајот на филмот не ми се допадна.

И покрај сето тоа ова е добро изрежиран филм , со солидна глума, кадри и не оди според сигурната формула на хепи енд.Поради тоа добива респект од мене за да му дадам 7/10.

Пример за друг филм од Бразил на кој некад сум му дал 9/10 е City of God , оти и двата се бразилски филмови со голем број награди ако правам некоја споредба би рекол дека препорачаниот филм ме извозе на пат кој го заборавив за неколку дена за разлика од бруталноста на вториот филм која ја паметам неколку години до ден денешен.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Central Station

Препрепрекрасен филм! Го репризирав и пак ми ја пренесе истата порака на истиот начин како и минатиот пат. Филм за љубовта, за семејството, за едно патување кон пронаоѓање на себеси... Глумата на двајцата главни ликови - маестрална. За малиот Винисиус де Оливеира (Јошуе) самиот факт дека бил дете кое чистело кондури за да заработи пари, а победил 1500 млади актери на аудицијата за филмов, доволно зборува. Фернанда Монтенегро беше номинирана за Оскар за главна женска улога. Инаку филмов, и покрај тоа што го изгуби Оскарот за странски филм од уште еден маестрален филм кој исто така го имавме во Клубов - La Vita e Bella, успеа да победи и на Берлинскиот филмски фестивал, и да освои Златен глобус, Бафта и уште многу други награди. За одличната кинематографија, кинематограферот Валтер Карваљо освои Златна Камера 300 на филмскиот фестивал Браќа Манаки во Битола. Еден од најубавите филмови некогаш направени! 10/10
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400
Ме снема се пијанчев добив внук!

Ај назад во игра.

За Lock, Stock and Two Smoking Barrels од мене 6/10

И добро само јас ли не можам да го најдам Central Station, кај го гледате?
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.473
Поени од реакции
3.630
Ме снема се пијанчев добив внук!

Ај назад во игра.

За Lock, Stock and Two Smoking Barrels од мене 6/10

И добро само јас ли не можам да го најдам Central Station, кај го гледате?
На YTS :D Ќе ти пратам линк во порака.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.764
Поени од реакции
5.052
Со години гледам филмови на стриминг страни .. пример fmoviesz ја користам 2-3 години за се шо треба , па таму и овој филм го глеав
 
Последно уредено од модератор:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Железничка станица (1998)

Приказната за Дора, учителка во пензија која додатно заработува како пишувачка на писма за неписмените и малиот Жосе во потрага по својот татко, кој ќе ја загуби својата мајка во сообраќајна несреќа токму пред очите на Дора. Немајќи никој друг во огромниот Рио, иако од почеток премногу горд да признае, Жосе единствениот спас го гледа токму во Дора која го напиша и писмото упатено кон неговиот татко. Напишано, но неиспратено, бидејќи Дора со својата пријателка ги читаат сите писма и одлучуваат кој заслужува да му биде испратено писмото.
Токму затоа Дора не е лик што плени со топлина, туку една цинична и себична жена, која сепак по сплет на околности ќе биде принудена да му помогне на малиот Жосе. И во таа потрага по неговиот татко, таа всушност се пронаоѓа себе си, го пронаоѓа значењето на љубовта и емоциите.
Одлична изведба на двајцата главни актери, прекрасно раскажана приказна и фотографски доловена. Сепак, имаше некои ситуации каде настаните движеа во корист на приказната за гледачите, а не на ликовите. Никогаш не прашаа за децата на човекот што го бараа, односно за браќата на Жосе, ниту па некако реагираа кога ја видоа сликата од родителите на ѕидот. Нешто што е сосема логично да се направи, но би го намалило интензитетот на приказната.

7/10
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.705
Поени од реакции
35.430
Central Station

Да не го повторувам @moongoses, тоа е тоа.

Приказна за тоа колку е животот евтин. Малиот Винисиус де Оливеира одличен :love:

Музиката перверзијаааааааа. Лудница. Секоја емоција доловена маестрално. Одлично завршена работа на Мореленбаум и Антонио Пинто:love:. Да бев глува, веројатно ќе ми беше прераздолжен и монотон филм, арно амааааааааааа. Ваква музика да ја залепат на порно филм, ќе го гледам со насолзени очи ко романтичен и емотивен филм :icon_mrgr:

Не разбрав зошто Дора чува дел од писмата? Зошто не ги испраќа?

9/10
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.211
Поени од реакции
8.312
Central Station

Да не го повторувам @moongoses, тоа е тоа.

Приказна за тоа колку е животот евтин. Малиот Винисиус де Оливеира одличен :love:

Музиката перверзијаааааааа. Лудница. Секоја емоција доловена маестрално. Одлично завршена работа на Мореленбаум и Антонио Пинто:love:. Да бев глува, веројатно ќе ми беше прераздолжен и монотон филм, арно амааааааааааа. Ваква музика да ја залепат на порно филм, ќе го гледам со насолзени очи ко романтичен и емотивен филм :icon_mrgr:

Не разбрав зошто Дора чува дел од писмата? Зошто не ги испраќа?

9/10

за да не троши пари за праќање,иако она добиваше за тоа кеш
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Central Station (1998)

Што се однесува до мене, можеше да заврши и како хепи енд со возачот на камионот (кој им избега, всушност).

Дора не беше моралната личност во филмов, ама не беше ни толку лоша, цинична и себична. Сепак, никој не ја принуди да му помага на детето, да патува со него во потрага по таткото, и неколку пати гледаме дека се обиде да го остави, ама не ѝ успеваше.

Не ја бранам, ама мислам дека во Дора е прикажан - човек, со човечките слабости и доблести. Пола од нас полошо би реагирале ако налетаме на дете што е само во голем град (со почината мајка и пијаница татко кој живее таму некаде): ќе го однесеме во првата институција на кој ќе ни текне (полиција веројатно) и тука ќе заврши нашето помагање на вакво дете.

7/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Central Station

Емотивна приказна која допира, помогната од квалитетна глума, кинематографија и музика.
Иако некако е јасно од почеток какво (емотивно) патување нѐ чека, не смета кога е добро изведено.
Има два меѓусебно поврзани процеси, првиот е како Дора успева да се "препороди" во човечки контекст, на почетокот ја гледаме со многу фалинки, преку нејзиното тешко минато сфаќаме и зошто можеби е таква, за на крај да стане нов човек, моментот кога губи свест на верскиот собир и се буди во скутот на Жосе.
Вториот процес е односот меѓу Дора и Жосе, од некој принуден однос во кој се наоѓаат по сплет на околности, до искрен пријателски и длабок однос кој ќе го паметат засекогаш.

8/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Central Station (1998)

Секогаш ми е тешко да пишувам рецензии за драми. Да знаев да пренесувам емоции во текст, ќе бев писател.
Многу ми е депресивен Бразил со несреќниве приказни, сиромаштија, криминал, вистинско чудо е оваа држава како функционира до ден денес. Покрај тоа, приказната ми беше сосема во ред, иако имав чувство цел филм дека ова ќе заврши катастрофално и трагично за протагонистите, сепак ми беше во ред како заврши.
Глумците си беа повеќе од одлични. Добивме многу убави кадри и сцени од периферен Бразил, малку поразлично од стандардниот Рио што исто така беше во ред, само би сакал да не биде државата како од третиот свет за живеење.
Ми се допадна, само не знам дали би го предложил на некого, сепак ретко предложувам драми.
Од мене добива 7/10 како прв впечаток, во иднина може и нагоре или надолу да оди.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom