Manga
Golem alat
- Член од
- 21 април 2006
- Мислења
- 7.764
- Поени од реакции
- 5.052
Последниов пат повеќе се задржав на споредните улоги и нивните манири,однесувања..Од друга страна го имаме Робер Дувал во улога на полицаец на последниот работен ден пред пензионирање. Одлична противтежа како смирен и разумен лик кој се соочува со хаотичното секојдневие. Лик кој својата кариера па и животот ги потчинил на својата сопруга којашто не ја пребродила големата животна траума што ја заедно ја претрпеле. Исто и тој незабележливо се менува до крајот на филмот.
Баш супер шо се осврна на ликот на Дувал , полицаецот Прендергаст и неговото субтилно преобразување е во сенка на улогата на Даглас -Д фенс , а интересно е да се набљудува како човек кој е мирен и немо ги трпи ударите од жена му па до колегите - на крај да рече доста е и он исто така со примеса на насилство и ризик(коа му удри бокс на колегата шо го зезаше за жена му, на нејзе и се раздра конечно..и крајот) станува позитивниот лик.
На имдб сум му дал 9/10 ... сега тука е негде 8..9 ми се ок оцени за филмов.