FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Mission

Исто, многу досаден филм за кој апсолутно немав никаква заинтересираност. Нит сум запознаен со домородците у Парагвај пред 300 години, нит па знам што е тоа Јесуизам, нит па бев нешто особено радознал. Саат време не знаев што се дешава и чекав да почне филмот кога он веќе увелико терал :D
Роберт Де Ниро коа плачеше таму коа го фатија домородците хахахаха абе поаматерско глумење у живот немав видено, жими се, никад полоша изведба не сум видел од него, у остатокот од филмот си беше на ниво, сепак станува збор за глумачка величина. Иако не ми се свиѓаше генерално гледано, не сум навикнат на вакви негови улоги.
Си треба Боби у оделце, со арогантно понашање, со цинични прашања, со повторување на зборови, со фаци, со цигара, каков што си е цела кариера. Нема врска сеа да не го тупам.
Музиката иако на Мориконе, сепак не ми остави некој посебен впечаток.
Филмот ми беше тапа и огромно разочарување со оглед на тоа што го знам многу години и никогаш не го изгледав од тотално нејасни причини со оглед на тоа што ги има Де Ниро и Мориконе плус коректна оценка на имдб а тоа е се што ми треба за да еден филм биде сместа симнат и изгледан. Али јеби га.

Едвај 5/10 оценка.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Од yts бе Вики, 819 пати ти имам кажано. :D
Од yts го симнав, и слаба верзија ми даде ...
Автоматски споено мислење:

The Mission (1986)
Филмот цел саат нема акција ...
Па почнува, си велам сега ќе бидне нешто, ќе се развие приказна.
Па пак нема...
Па заврши...

5/10 - заради Роберт Де Ниро
 
Последно уредено:
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
The Mission (1986)

Мислев дека многу повеќе ќе ми се допадне филмот кога го гледав за прв пат, но тоа не значи дека не ми се допадна. Истиот впечаток го имав и за претходниот филм на режисерот The Killing Fields, добри филмови се, држат внимание, само моите очекувања беа дека ќе бидат многу подобри.
Приказната е во ред, политички превирања во Парагвај во 18 век каде што Шпанија и Португалија се борат за превласт немајќи обѕир за домородното население (нешто како денес) и Језуитите кои најбитно на свет им е да ги направат сите христијани (зошто). Мислам дека можеше да биде подобро сработено цело сценарио. Вклучувањето на ликот на Дениро исто беше добредојдено, само очекував да биде на крај по badass.
Музиката и сценографијата се незаборавни, и мислам дека голем дел имаа тие во моето позитивно мислење за филмот overall.
Од мене добива 7/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
The Mission (1986)

Кога @Darklady се мислеше кој филм да го одбере, освен овој, беше во игра уште еден, кој го имав гледано. Затоа и предложив да го предложи овој филм. Но дури отпосле сфатив дека и овој ми е гледан (ете, толкав впечаток ми оставил при првото гледање, што дури не се ни сеќавав на него), веројатно тогаш кога ги гледав сите номинирани за Оскар за најдобар филм низ годините наназад. Сега кога го пуштив почнав да се сеќавам и на сцените и на се, ама пак го имаше истиот впечаток кај мене - доооосаден е. На моменти е толку спор што делува ко да гледаш документарец за домородно население во Јужна Америка. И билд-ап-от на крај - пола саат за ништо. Јас разбирам дека е според вистински настан снимен, ама можеле да изгрдат некој лик за кој би се врзале и за кого би ни паднало тешко ако го убиијат на крај, или за кого би навивале да победи. Вака... Де Ниро и Ајронс беа на висина на задачата, не е до нив, до ссценариото е - создале недоволно допадливи ликови, или ликови за кого не ни е гајле. Најсветла точка во филмов е ФЕНОМЕНАЛНАТА музика на Мориконе, од почеток до крај. Оваа музика ја користеа и во Македонските народни приказни, ако не сум грешка, ама е врв врхова!

Останува истата оценка по првото гледање - 6/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
The Mission (1986)

Филмов има тројца протагонисти и помалку или повеќе ги следиме нивните приказни околу спроведувањето на договорот меѓу шпанците и португалците. Ниту еден лик не доминираше, Иако можеби Габриел имаше најголема минутажа, сепак беше недоволна дури и него поблиску да го запознаеме. Покрај тоа, немаше впечаток за поминување на времето помеѓу поединечните настани, иако низ дијалогот се нафрлаа информации дека минуваат повеќе години.

Послаб во карактеризацијата, но плени баш во она филмското. Кинематографија пар екселанс, особено што е снимано на автентични локации. Истражувањето на џунглата и водопадите, искупувањето на Мендоза, подготовките за одбраната беа многу филмично изведени. Секако прекрасната музика помагаше во сето тоа. Иако за неа имам замерка дека пречесто се повторуваше темата на Габриел.

Одличен филм, но мислам дека подобро би функционирало како мини-серија. Има и материјал и приказна за сето ова подолго да трае.

8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Не можам да пишам вечер, затоа морам сега: седуммина го гледаа The Mission и му дадоа средна оценка 6,0. Се уште ги нема:

@grande-juve , @Miss.Independent , @Imperatorot , @Darklady - на сите прв неизгледан
@Комита Ултрас , @123456 , @wot , @Shutmanga - втор неизгледан (жолт картон)

Ако @Shutmanga во рок од овие 2 недели не го изгледа овој и барем уште еден филм од последните 10, и ако некој од @Dumbledore , @Gazpapir , @devilko , @Setsuko , @Corvus , @zmija1 , @__Vita____ , @Erich Zann не се врати назад, следниот предложувач, @Manga ќе ви каже денес после 22:00 или утре најдоцна до 20:00 кој ќе биде последниот филм во овој круг, и по 2 недели почнуваме нов, трет круг предлози. ;)
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
The Mission

Летово го гледав, не можев пак... Дефинитивно вредеше поради атмосферата, главно предизвикана од камерата/природата и музиката. Другите сегменти ни лоши ни нешто посебно добри. 7,5/10
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.764
Поени од реакции
5.052
Последниот филм за овој круг е ...

Falling Down (1993)

FallingDown1993.jpg



Филмов повеќе би го опишал ко GTA мисија или еден ден ти пука филм ... се ти е дојдено преку глава и успат се ќе дигнеш на клоци.

Верувам секој до нас од време на време знае да се најде во таа улога , но во филмов го гледаме Мајкл Даглас за според мене најдобрата негова улога
како D-Fens .. каде еден нормален ден додека е напнат од сообраќајните гужви - му се спојуваат жичките и гневен на општеството тргнува во поход каде не ебе жива сила.

Сетоа тоа претставено како психолошки крими драма трилер .. и еден од поуникатните филмови направени.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Falling Down (1993)

Прво директно да кажам, очекував многу подобар да биде т.е. да ми остави поголем впечаток кога го гледав прв пат, бидејќи имаше голем hype.
Интересна тема обработува, но сепак некако не се поврзав со главниот лик.
Мајкл Даглас си беше супер. Други замерки немам освен што некако не ми беше гајле за ликов или па генерално за филмот.
Првиот пат сум му ставил 7/10, сега се мислам дури и да ја намалам, ама нека остане таа. Неогаш во иднина може ќе го ценам повеќе.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Falling Down (1993)

Филмов веќе направи 30 години, подеднакво е свеж како кога излезе, а можам да кажам сега е дури и поактуелен.

Маестрална е воведната сцена каде што се запознаваме со главниот лик кој на многу мирен начин го манифестира својот слом и одлучува да преземе нешто. Воден од една многу благородна цел, да стигне навреме на роденденот на својата ќерка до која не смее да се приближи, тргнува пешки низ големиот град.

Мајкл Даглас во една од своите најдобри улоги игра обичен чесен човек, кој се фрустира и разочарува од општеството, препреките, неправдите и притисоците кои ги трпи, а се секојдневие во денешното општество и кои го тераат да тргне по патот на судирот па и на насилството. Комплексна улога во којашто штитејќи го своето достоинство и барајќи мир и праведност, незабележливо преоѓа во негативец.

Од друга страна го имаме Робер Дувал во улога на полицаец на последниот работен ден пред пензионирање. Одлична противтежа како смирен и разумен лик кој се соочува со хаотичното секојдневие. Лик кој својата кариера па и животот ги потчинил на својата сопруга којашто не ја пребродила големата животна траума што ја заедно ја претрпеле. Исто и тој незабележливо се менува до крајот на филмот.

Сложени ликови кои ги запознаваме слој по слој, исто како што по слоеви се открива и суровоста на градот и неговиот распад.

Може уште многу да се анализира и да се пишува за овој филм, затоа што тера на размислување и поставува многу прашања што немаат еднозначен одговор, доколку воопшто и го има.

8/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom