НБА сезона 2022/2023

Статус
Затворена за нови мислења.

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.427
Поени од реакции
39.023
Црно му се пишува на Милвоки без гркот. Во плејоф каде што одбраната добива утакмици они земаа да се надфрлат против шутерски расположен Мајами. Овој Мидлтон ала Дончич, ќе даде кош и додека се врати назад Батлер веќе ги пенетрира у рекет.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.159
Поени од реакции
11.863
Лејкерси 20:4 водство + еден куп турновери и по некоја промашена, топката од рака им паѓа и пак им ебаа матер. Како се наапани нема да ме чуди Леброн да им има речено: Ако не ја добиете под туш ќе ве ебам сите. :D

Баш сакам да го акни од земја неколку пати она говедото Дилон Брукс, чисто само да му каже кој е кој.

EDIT: После 1/4 Мемфис вкупно има ТРИ кошеви од игра со 11.5% реализација. Која превара од екипа.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.455
Поени од реакции
35.163
Добри се Мемфис, им фали само искуство и играч-два да заокружат потреби во ростер. Џа лета со паметот и сака да забива врз сите, ЏЏ ако играат врз него (центри) прави лични грешки како манијак, итн сите се поправливи грешки. И еднодимензионална игра имаат како тим. Го форсираат оној Дилон Брукс, а човекот е корисен само ако им влезе во глава на противнички играчи, надвор од такви ситуации им е чист зијан. Итн.

Но Лејкерс... Господе боже, кое ДНО од тренер е оној компироглавиот v2, не знае кога да земе тајм аут да го смири/одмори играчите, не знае банални адаптации да направи - како на пример да го извади Вандо кога Џа му ја вади душата и нема сила повеќе, не се ни обидува барем малку да смени нешто, резервните високи не ни помирисаа минути додека на АД му ја вади душата а знаеме колку е свилен (да удрам во дрво), итн, итн. Џа Морант им даде куп кошеви од под кош или полудистанца, една адаптација не направи - ЕДНА! Страшна страшна работа, секој малку подобар тренер ќе прави смешки од овој компироглавиов. Не знам што мислеле кога го земале, имаше достапни барем неколку многу подобри тренери од него.

Што се тиче Лејкерс, во моментов најголема слабост им е што немаат доволно варијанти од уиграни акции и напади за полудистанца и за под кош. И без АД се тиња тињосана и во напад и во одбрана, штом овој седне на клупа автоматски куп поени губат и нападот се умртвува. Леброн сега официјално можеме да кажеме дека остарел, не може ни еден против еден ефикасно да силува (да се наметнува физички). А тек после оваа серија идат подобри противници (ако поминат во следна рунда).
Автоматски споено мислење:

И као нешто горди треба да сме сите што Илз е глуп и губи огромни суми на пари на кладење? Свесен си колку е глуп и бесмислен муабетов? Мислам, секој сам си одговара за своите пари, ама според мене не е баш за гордеење некој да губи пари на коцка, дрога или некој порок, сеедно. У најлош случај не е за фалење или па сеа дека треба да го трпиме во НБА темата со истите досадни оф топик муабети со типови и тоа колку евра стегнал на брадата. Илз ако знае колку играчи има во еден кошаркарски тим ја главата ќе си ја исечам јавно.
Не сакав да коментирам, ама навистина едно е понекад да кажат кој на што се кладел а друго е што се ОТРУ темава за кладење - што во основа е коцкање и голем проблем, куп луѓе имаат настрадано од коцкање, куп човечки судбини има уништени. Допамин од коцкање прави зависност поголема и од опојни дроги. Луѓе си го имаат уништено и својот живот и животот на најблиските (прво ќе изгубат се што имаат, после и фамилијата ќе ја уништуваат финансиски додека не ги оболат најблиските).

Реално едно е ставање пар стотки тук тамо за утакмицата да биде поинтересна (иако така се почнува), а друго е ставање на големи пари на поединачни утакмици. Буквално е коцкање. Иако сите знаат дека куќата (скоро) секогаш добива, сите мислат дека тие се тие неколкумина кои ќе добијат ама ако играат доволно долго и најдобрите идат во тежок зијан - додека не престанат, или додека не се упропастат.



Реално ја труеш темата брат. Од ко почна да пишиш една асолна дискусија за нба се нема напишано. Не се решава проблемот со игнор, едноставно со ниво на муабет на дванајсе годишен коцкар ги избрка сите шо колку толку разбират кошарка.
^^ Ова.
Автоматски споено мислење:

Дилон факинг Брукс... Колку е глуп, не ми се верува.
Од друга страна гледано контактот беше со топки, само погрешните. :unsure:

 
Последно уредено:

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.926
Поени од реакции
17.920
Автоматски споено мислење:

Дилон факинг Брукс... Колку е глуп, не ми се верува.
Од друга страна гледано контактот беше со топки, само погрешните. :unsure:

Oвој во буквална смисла му се фати за курот. Извинете за оф топикот.
Автоматски споено мислење:

Инаку вечер голден стејт ја рамни серијата, им се враќа онаа свињоглава црнчуга, освен ако пак не добие лудило во главата па направи некој глуп потег.

Исто очекувам и Кавс да стигнат до втората победа. :D
 

No9

Член од
18 ноември 2013
Мислења
632
Поени од реакции
973
Oвој во буквална смисла му се фати за курот. Извинете за оф топикот.
Автоматски споено мислење:

Инаку вечер голден стејт ја рамни серијата, им се враќа онаа свињоглава црнчуга, освен ако пак не добие лудило во главата па направи некој глуп потег.

Исто очекувам и Кавс да стигнат до втората победа. :D
Само ти очекувај. Лагано 3-1



Sent from my LYA-L09 using Tapatalk
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.159
Поени од реакции
11.863
Исто очекувам и Кавс да стигнат до втората победа. :D
AMA БЕЗ мн очекување, ОДИМЕ на 2 победа пред домашна публика оти во Кливленд ќе ни го исплескаат газето 2 пати хахахаха.

Ќе ја решат тренерите вечерва или воопшто серијата, тешки дрва за офанзива се и двајцата.

И еднодимензионална игра имаат како тим. Го форсираат оној Дилон Брукс, а човекот е корисен само ако им влезе во глава на противнички играчи, надвор од такви ситуации им е чист зијан. Итн.
Со онаква игра во ПО тешко. Вчера од средина на 2/4 лејкерси кренаа рачна (најверојатно единствената добра одлука на тренерот, ако идеше од него) и не трчаа како лудаци по теренот. Статистика мака ми е да гледам ама ако во прво полувреме шутот им беше околу 50% во 2 полувреме сигурно беа под тој процент, така да Мемфис стигна што стигна затоа што овие не трчаа како наапани по цел терен.

ИНАКУ ДА, тешки дрва се тренери во НБА, веза да се немало, неколку пати му сече и акции и динамика на игра, МЕМФИС не вика тајмоут пошто овие трчаат како навиени и имаат серија, ЛЕЈКЕРС вика и сами себе си ја сечат гранката кај што седат во такви моменти. Се знае, кога е збесната публиката, кога течат акциите само толчи, нема тајмаути.
Ник Нурс е слободен, можат да го ловат пошто е солиден тренер и треба да донеси позитивни промени.

Лебронтије деф остаре, треба да се чува ако сака да игра пак во финале или некакви шанси да има (ако друг се повреди од противничка) за титула. Башка ненормалниот пред натпревар оди со брукс збора - да беше Коби или Џордан немаше муабет да му прават ќе го одереа жив на терен, такви дрелиња ги множеа со нула, буквално.
Од друга страна АД - шта речи, а не заплакати. Зеде се заака во камермани покрај линија, станва крвој од муцките. Сигурно телето си го има јазикот прегризено, поголема принцеза од играч немам видено последните 20 години. Буквално ко од стакло да е.

Ќе биде интересно пошто ќе вкрстат со победникот од ГСВ-Сакраменто, допрва следува колење бесење, ќе има што да гледаме.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.636
Поени од реакции
10.380
Леброн сега официјално можеме да кажеме дека остарел, не може ни еден против еден ефикасно да силува (да се наметнува физички). А тек после оваа серија идат подобри противници (ако поминат во следна рунда).
Богами ти требаше 20 сезони, плефој серија против најмладиот и најексплозивниот тим и удар во јајца да дојдиш до ваков заклучок.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.159
Поени од реакции
11.863
Ова Тибодо како дефанзивен стручњак, уште во Чикаго заменик кога беше, некако мн срање екипа води. Од двоцифрена предност пред полувреме успева да им дозволи да ја спуштат на 9 разлика, за во второ полувреме да го гледа Гарланд како му се шета по терен и му дава 3 напади со ред поени наместо фаул, наместо да го смени Брансон и некој друг да пушти да го чува... тренериште пар екселанс, баскетот во малиот прст го има. БРАВО. :zver:
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.386
Поени од реакции
1.940
Ова е кошарка што треба да се игра на мал број поени со многу јака одбрана. Многу олд скул утакмица...
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.159
Поени од реакции
11.863
Кливленд се изгубени целосно.Секоја чест за Њујорк поштено ги изгазија
Хартештајн откако влезе во 2 живна екипата, 7 скока под кош имаше тој период, Робинсон одмори за да може да го заврши натпреварот. Тие двајца многу значат серијава, издоминираа поштено.
Брансон и Харт стандардно добри во напад, вториот и особено во одбрана, она Берет се врати од мртвите за чудо.
ОДИМЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ во втора рундаааааааааааааааааааааааа :cool::cool::cool::cool::cool::cool::cool::cool::cool::cool::cool::cool::cool::cool::cool::cool::cool::cool::cool:

Kakva steta sto Grin ne igrase vo vremeto na Rasid Valas
Sent from my SM-A325F using Tapatalk
Ќе му ги израмнеа роговите, тоа сигурно.

Сабонис исто така штета што не игра во тоа време, копилето (колку сака Грин нека е кабает што го изгази) го држеше за нога тој натпревар, денес пак му стегна лакто на Клеј. Треба да си го крка салам од Луни неколку пати по муцки чисто колку да му наместат некој заб.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom