Не е возможно да има помалер екипа од Клиперс. Па не е можно секоја ебана година најјаките играчи да се (некогаш и истовремено) повредени за плејоф утакмиците...
Треба да си го решат проблемот со лоад менаџмент пошто во сезона и двата суперстара им немаат континуитет на натпревари, ТЕК после да ја мислат КАКО во ПО да ги очуваат здрави кога интензитетот ќе се подига.
Овие играат (кога не се повредени) по тамина, им текнало вечер ќе игра, па 2 натпревари не игра, па 3 игра... не можи така здрав да остани пошто прашање е колку и со кој интензитет тренира кога не се појавува ни на натпревари (важи и за двајцата). Следствено, доаѓаат повреди.
Штета за сезонава, пропуштаат одличен тренер, го пропуштија одличен Рас во ПО се препороди човекот... мислев дека имаа реални шанси на запад, за жал ништо.
Инаку, на тој запад сите спиеме на уши и никој не го коментира Денвер... баш да видиме дали тие би направиле изненадување сезонава. Мареј е здрав, екипата е добро одморена, Портер и Гордон константни... Јокич бадијала да не збораме баскетот му е во малиот прст. Пошто не сум присталица на ставот дека Феникс ќе освои веднаш титула, ништо чудно овие со огромна доза на среќа да им пресудат, па да стигнат до финале на запад.