Беше пенал, ама реалноста е дека Наполи не заслужи да оди понатаму. Милан ги прочита целосно и во двата дуела.
Кварадона дечкото се уби од трчање и обиди да креира нешто, едноставно немаше простор каде. Во тие ретки прилики каде што беше еден чекор понапред од Калабрија, одма го пречекуваше друг да им ја избие до центар или во аут топката.
Наполи беа посериозни првите 30 минути додека беше Политано, ја ровареше таа страна и имаше 3 чисти удари на гол што ги промаши. Имаа поголем простор за маневар и да ги вртат Милан од двете страни и можеби повеќе и побрзо да ги исцедат или полесно да креираат шанса да отворат резултат.
Кога се повреди он, остана само на Кварадона и на Мистер Спалети не му текна да му рече на детето оди од другата страна пробај, или влези во центар па отвори се на некоја страна. Го остави цела вечер да го силуваат Калабрија и Крунич. Оној Лозано беше смешка, и послаби леви бекови од Тео ќе го доминираа.
Може и не може да игра на друга позиција Кварадона, може не им е извежбано како да се снајдат, може е само лузерскиот менталитет на Спалети. Како и да е, тука Милан ја покажа силата и искуството. Направија перфектна анализа на тоа што треба и како да играат во овој дуел за да испаднат победници и се прилагодија на условите. Знаеја дека Наполи ќе доминира, океј нека доминира до 16ник, после тоа не смее повеќе, знаеја дека Кварадона прави продори во страна, океј удвои го, знаеја дека Осимен е добар со глава и во гужва, океј, 3ца на петерец цело време шлапајте го да не се примети дека е на терен.
Буквално им дадоа на Наполи да прават што сакаат на 80 посто од теренот и си го оставија Леао на центар за контри да прави.
Да не заборавиме, Милан играа една формација до средина на јануари кога ги декласираше Интер во суперкупот, смени формација, издржа 3 месеца и сега пак ротира на старата полека. Наполи беше поголем фаворит да помине натаму и влезе во дуелот како сигурен првак на Италија, ослободен од друг товар. Милан до крај на сезона ќе се бори за 4 место во ЛШ, а табелата во Италија не им е во прилог ич во моментов, 5 екипи се борат за 2-3-4 место.
Така што за мене Наполи не смее уста да отвори и да се жали нешто, се им беше дадено на тацна, требаше да му го најдат лекот на милан вчера, се деси обратното, нека им е на здравје.
И претходно кога пишав го спомнав Крунич, дечкото вчера и првата утакмица во Милано ептен ми го промени мислењето за него.
Налетав на ова на твитер, видете само типот колкав терен покривал и колку дупки затвори вчера. Неверојатно.