UEFA Champions League - Season 2022/23

Кој ќе биде шампион во ЛШ?


  • Вкупно гласачи
    113
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Атлетико во ЛШ ако нема понудено атрактивни натпревари со пресврти и чуда не знам кој има.
Автоматски споено мислење:


Како бе да не цепидлачат ?
Па баш дека има ВАР и камери од сто агли не смеат вакви грешки да се прават.
При отворен резулатат и каде еден гол ќе го вратеа Наполи од почеток во двомечот ти викаш големо чудо ако го манал прво со ногата.
Не знаеме како ќе се одвиваше натпреварот ако заводеа Наполи, можи притисокот ќе беше врз Милан поголем.
Вакви судиски грешки титула можи да те коштаат.
Али то е то, Милан е во полуфиналето Наполи сега до другиот Велигден ако сакаат нека постираат видеа.

И за Милан требаше 2 пати на првиот меч судијата да гледа ВАР за ситуации кои исто така можеше лагано да ги досуди ко пенал ама не гледаше така да апсолутно нема што да се гледа на Наполи ко оштетена страна во овој двомеч и тоа е тоа.


Цела недела се исцепи од плачење Спалети, триста притисоци правеа на сите страни ама на крајот од денот, со ништо не докажаа дека заслужуваат да бидат полуфиналисти.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.029
Поени од реакции
116.868
Цела недела се исцепи од плачење Спалети
Уште па вчера изјавил дека судењето решило доста работи и дека биле подобар противник во двомечот. Би го запалил најискрено, онака го поливам со канта бензин и му фрлам Зипо со сета сила у него, ем да го запали ем да го боли.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Уште па вчера изјавил дека судењето решило доста работи и дека биле подобар противник во двомечот. Би го запалил најискрено, онака го поливам со канта бензин и му фрлам Зипо со сета сила у него, ем да го запали ем да го боли.
Докажува дека не знае да прифати поштен пораз, а кога го сомеле Алегри 5-1 или колку и да беше, трчаше по него со раката и осмех на лице за да се поздрави.


Очигледно е дека оние 4-0 го пржат и му растурија концепт пред двомечов, гроцкај си сега и се надевам дека ќе спремат уште една тужба од 150м евра за УЕФА ко пред некој ден пошто биле оштетени :icon_lol:
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.551
Поени од реакции
7.107
Беше пенал, ама реалноста е дека Наполи не заслужи да оди понатаму. Милан ги прочита целосно и во двата дуела.

Кварадона дечкото се уби од трчање и обиди да креира нешто, едноставно немаше простор каде. Во тие ретки прилики каде што беше еден чекор понапред од Калабрија, одма го пречекуваше друг да им ја избие до центар или во аут топката.

Наполи беа посериозни првите 30 минути додека беше Политано, ја ровареше таа страна и имаше 3 чисти удари на гол што ги промаши. Имаа поголем простор за маневар и да ги вртат Милан од двете страни и можеби повеќе и побрзо да ги исцедат или полесно да креираат шанса да отворат резултат.
Кога се повреди он, остана само на Кварадона и на Мистер Спалети не му текна да му рече на детето оди од другата страна пробај, или влези во центар па отвори се на некоја страна. Го остави цела вечер да го силуваат Калабрија и Крунич. Оној Лозано беше смешка, и послаби леви бекови од Тео ќе го доминираа.

Може и не може да игра на друга позиција Кварадона, може не им е извежбано како да се снајдат, може е само лузерскиот менталитет на Спалети. Како и да е, тука Милан ја покажа силата и искуството. Направија перфектна анализа на тоа што треба и како да играат во овој дуел за да испаднат победници и се прилагодија на условите. Знаеја дека Наполи ќе доминира, океј нека доминира до 16ник, после тоа не смее повеќе, знаеја дека Кварадона прави продори во страна, океј удвои го, знаеја дека Осимен е добар со глава и во гужва, океј, 3ца на петерец цело време шлапајте го да не се примети дека е на терен.
Буквално им дадоа на Наполи да прават што сакаат на 80 посто од теренот и си го оставија Леао на центар за контри да прави.

Да не заборавиме, Милан играа една формација до средина на јануари кога ги декласираше Интер во суперкупот, смени формација, издржа 3 месеца и сега пак ротира на старата полека. Наполи беше поголем фаворит да помине натаму и влезе во дуелот како сигурен првак на Италија, ослободен од друг товар. Милан до крај на сезона ќе се бори за 4 место во ЛШ, а табелата во Италија не им е во прилог ич во моментов, 5 екипи се борат за 2-3-4 место.
Така што за мене Наполи не смее уста да отвори и да се жали нешто, се им беше дадено на тацна, требаше да му го најдат лекот на милан вчера, се деси обратното, нека им е на здравје.

И претходно кога пишав го спомнав Крунич, дечкото вчера и првата утакмица во Милано ептен ми го промени мислењето за него.
Налетав на ова на твитер, видете само типот колкав терен покривал и колку дупки затвори вчера. Неверојатно.

 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Како бе да не цепидлачат ?
Па баш дека има ВАР и камери од сто агли не смеат вакви грешки да се прават.
При отворен резулатат и каде еден гол ќе го вратеа Наполи од почеток во двомечот ти викаш големо чудо ако го манал прво со ногата.
Не знаеме како ќе се одвиваше натпреварот ако заводеа Наполи, можи притисокот ќе беше врз Милан поголем.
Вакви судиски грешки титула можи да те коштаат.
Али то е то, Милан е во полуфиналето Наполи сега до другиот Велигден ако сакаат нека постираат видеа.
Па така цепидлачење у стилот на зумирање и успорување на снимки каде ќе се покаже дека стапалото на Лозано е скршено на милион делови а реалноста е дека не го ни осети контактот и све се деси за пола секунда.
Затоа ми смета ВАР во одредени моменти кога зумира и успорува и се добива впачеток на кујзне каков контакт а уствари не се ни осеќаат тие допири.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.441
Поени од реакции
19.917
Па така цепидлачење у стилот на зумирање и успорување на снимки каде ќе се покаже дека стапалото на Лозано е скршено на милион делови а реалноста е дека не го ни осети контактот и све се деси за пола секунда.
Затоа ми смета ВАР во одредени моменти кога зумира и успорува и се добива впачеток на кујзне каков контакт а уствари не се ни осеќаат тие допири.
Па добро, очигледно некој не видел контакт и затоа му зумираат како на ќор :D
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.892
Поени од реакции
2.804
Ау глупиот Упамекано еј. Прошлата ги прееба Баерн и сеа. Браво IQ -50
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Турпан си влече накај Сити и комплетно им ги толерира тие ситни прекршоци, карактеристични за нив.

Ама братот Халанд што го исекна носот 43 пати, мислиш на сред село во Форино, пред да влезе во чајџилница да одигра партија оксан. Ропак.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.441
Поени од реакции
19.917
Арно шо има мрежа, ќе отепаше некој :ROFLMAO:
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.602
Поени од реакции
2.492
Ги местеше рачињата 3 секунди позади грб за да откако шутна Гундоган заврти грб, зажмури и замавне со рачето. Се уплаши како Роберто Карлос да шутира во него. Каква петарда.
 
O

ob1

Гостин
Мораше да искористи Баерн една шанса во првово полувреме ако сакаше нешто повеќе од натпреваров.
Против Сити тие се шансите, нема да можеш да искреираш 100 шанси па да си дозволуваш вакви луксузи и промашувања, поготово кога бркаш 3 гола разлика.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.752
Поени од реакции
11.655
Ама братот Халанд што го исекна носот 43 пати, мислиш на сред село во Форино, пред да влезе во чајџилница да одигра партија оксан. Ропак.
Се гледа дека не си имал јака физичка активност на ладно време, да видиш како тече нос. А и како ќе имаш, цело време си на форумов :ROFLMAO:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Има физичка активност, генерално во тек на прелазниот рок кога ги убедува играчите да потпишат во Челзи.
Во текот на прелазниот рок, мојата физичка активност:

20230419_221710.jpg



:coffee:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom